Саем на книгата: Ново издание на „Бајки од Македонија за цела година“


Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс ламина“ го промовираа новото издание „Бајки од Македонија за цела година“. „Горди сме што и годинава нашата мисија – поддршка на креативноста во чест на големиот креативец Иво Лауренчиќ, но и човек кој неизмерно ги поддржуваше младите е исполнета со ново […]

Рекордно ниво на јаглерод диоксид во земјината атмосфера


САД – Концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата на Земјата достигна рекордно ниво, соопшти Институтот за океанографија „Скрипс“, врз основа на податоците измерени од Опсерваторијата „Мауна Лоа“ на Хаваите. Како што јави ДПА, Институтот, чие седиште е во американскиот град Сан Диего, информира дека концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата во текот на викендов достигнала 415,26 […]

Нови рочишта за „Монструм“ и „Траекторија“


Во Кривичениот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Монструм“ односно петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година. На претходно рочиште на 6 мај се сослушуваа сведоци. Случајот го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка. За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, […]

Прво полуфинале на Евросонг


Денес е првото полуфинале на Евросонг во Тел Авив, со настап на 17 земји, кои заедно со Франција, Израел и Шпанија ќе можат да гласаат во ова полуфинале. Вечер настапуваат Кипар, Црна Гора, Финска, Полска, Словенија,Чешка, Унгарија, Белорусија, Србија, Белгија, Грузија, Австралија, Исланд, Естонија, Португалија, Грција и Сан Марино. Во второто полуфинале, задутре, кога настапуваме […]

Брисел подготвен за мерки против Романија поради нарушено владеење на правото


Белгија– Европската Комисија потврди дека испратила писмо до романските власти минатата недела во која предупредува дека без измени во контроверзните мерки кои го нарушуваат владеењето на правото, таа е подготвена да отвори процедура против оваа земја. Фокусот е пред сѐ на амандманите на кривичниот законик со кои ќе се амнестира корупцијата, мерка која е неприфатлива […]

Законите за новите гранични премини меѓу Северна Македонија и Грција во грчкиот Парламент


Грција – Комисијата за национална безбедност и надворешни прашања во грчкиот Парламент во 10 часот по локално време ќе одржи седница на која ќе ги разгледа нацрт законите доставени од Министерството за надворешни работи на Грција за отворање на новите гранични премини кај Мајден и  Маркова нога, како и за подигнувањето на Канцеларијата за врски […]

Трговците од денеска сами ги определуваат цените на горивата


Трговците од денеска сами можат да ги определат малопродажните цени на нафтата и нафтените деривата кои ги продаваат на нивните бензински пумпи, поради правниот вакуум предизвикан со не потпишувањето на измените на Законот за енергетика од поранешниот претседател Ѓорге Иванов заради што не можеше навреме да биде донесена новата методологија по која Регулаторната комисија за […]

Нестабилно време со дожд, ветер и грмежи


Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, а локално процесите ќе бидат и во форма на невреме, со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 12 до 19 степени. Во Скопје, […]

Невреме во Загреб: Повеќе од 700 интервенции, петмина повредени


Хрватска- Градските служби во Загреб вчера имале повеќе од 700 интервенции, а пет лица се повредени поради силниот ветер кој дува од неделата. Ветрот на подрачјето на Загреб речиси целиот ден уривал стебла, реклами, чадори за сонце, покриви и делови од фасади. Улиците на главниот град на Хрватска се полни со искршени гранки, а имало […]

Османи на универзитетот „Мајка Тереза“ ќе го брани датумот за почеток на преговорите со ЕУ


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска пред студентите на Универзитетот „Мајка Тереза“, ќе ги брани образложенијата зошто на Република Северна Македонија треба да ѝ биде доделен датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Предвидено е настанот да биде комплетна симулација на состанокот на Европскиот совет која, заедно со Вицепремиерот, ќе ја изведат […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ништо не може да го промени вашето весело расположение: додека едните пеат една песна, а другите танцуваат во друг ритам, не плашете се да им се спротивставите и да инсистирате на својата слобода. Решителни и своеволни, обидете се да ги протуркате своите идеи до крај: со поголема упорност ќе постигнете реален и конкретен успех. […]

„Луј Витон“ промовира чанти со вграден флексибилен екран


Франција- Флексибилните екрани привлекуваат се повеќе внимание, а многу компании ги користат за своите производи. На тие компании им се приклучи луксузниот моден бренд „Луј Витон“, кој произведе чанта со вграден флексибилен екран. Луксузниот бренд  за своите чанти искористи AMOLED екран со резолуција од 1.920x.1.440 пиксели, кој може да се витка. Станува збор за прототип […]

Агенцијата за филм на Канскиот филмски фестивал 2019


Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и оваа година ќе присуствува на Кански филмски фестивал, чие 72 издание свечено ќе започне утре, 14 мај, и ќе трае до 25 мај. На свеченото отварање ќе биде прикажан филмот „Смртта не умира“ – „The Dead Don’t Die“ на американскиот автор Џим Џармуш. Агенцијата за филм ќе […]

Специјален сообраќаен режим: Здравко Чолиќ се радува на концертот во Скопје


Специјален сообраќаен режим ќе биде организиран на 15 јуни, пред почетокот на концертот на балканската поп-ѕвезда Здравко Чолиќ (67) во 21 часот на Градски стадион. Вратите ќе бидат отворени од 17 часот, а се очекува 60-илјадна публика од земјата и регионот. Како редовен гостин во Скопје, Здравко се радува на концертот на отворено, се надева […]

Орбан ќе се сретне со Трамп


САД – Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска во Белата куќа ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп за да разговараат за трговски и енергетски прашања, вклучувајќи и продажба на оружје. Американски официјални претставници изразија загриженост поради антисемитизмот во цела Европа, вклучително и во Унгарија, и поради ставот на Орбан против мигрантите, јави ДПА. Тие изјавиле […]

Иванов во „Џеваир холдинг“: Голем сомнеж за доживотниот кабинет со птичја перспектива


Официјалниот крај на шефувањето со државата отвори ново контроверзно поглавје во кариерата на Ѓорге Иванов. Неговото барање до Владата, кабинетот кој законски му следува по завршувањето на функцијата да биде во кулите на турски „Џеваир холдинг“ во скопски Аеродром, кое до последен момент љубоморно го држеше во тајност, предизвика низа сомнежи во јавноста. Клучното прашање […]

Инаугурацијата во сенка на отсутните


ЕРОЛ РИЗАОВ Јавноста во Македонија треба да ја знае вистината зошто премиерот Зоран Заев, лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски и кандидатот за претседател на државата Гордана Силјановска-Давкова не беа присутни на инаугурацијата на првиот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Владата соопшти дека Заев зел четири слободни дена. Дали Мицкоски и Силјановска не добиле навистина покани да бидат присутни на […]

Облачно, со обилни врнежи од дожд


Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со обилни врнежи од дожд. Врнежите на некои места во земјава ќе достигнат и до 50 литри на метар квадратен. Утринските температури на воздухот ќе се движат од 6 до 14 степени, додека дневните температури на воздухот ќе се движат во интервал од 10 до 22 степени. И […]

Литванскиот премиер ќе поднесе оставка поради поразот на претседателските избори


Литванија – Премиерот на Литванија Саулиус Сквернелис, кој на на вчерашните претседателски избори доживеа пораз, објави дека ќе поднесе оставка во јули. Според првичните резултати, најмногу гласови освои економистот и дебитант во политиката Гитанас Науседа, кој во вториот круг од претседателските избори на 26 мај ќе се соочи со поранешната министерка за финансии, конзервативката Ингрида Симоните. -Тоа […]

Истражување: Јапонците сакаат жена да биде император


Јапонија– Повеќе од три четвртини од Јапонците ја поддржуваат идејата жена да стане император на Јапонија, покажуваат резултатите од социолошкото истражување спроведено од весникот „Никеј бизнис дејли“. Императорот Нарухито застана на Тронот на хризантемата на 1 мај, еден ден по абдицирањето на неговиот татко Акихито. Ниту неговата сопруга Масако, ниту нивното единствено дете, 17-годишната принцеза […]