Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ништо не може да го промени вашето весело расположение: додека едните пеат една песна, а другите танцуваат во друг ритам, не плашете се да им се спротивставите и да инсистирате на својата слобода. Решителни и своеволни, обидете се да ги протуркате своите идеи до крај: со поголема упорност ќе постигнете реален и конкретен успех.

БИК: Кога ќе правите напор да се коригирате, настојувајте да ги следите старите авторитети: бидете флексибилни и научете дека она што е добро за вас, не е нужно добро и за останатите, но и обратно! Понекогаш е добро да се скрши некое правило: потпрете се на своето искуство и заштитете го со време својот имот. Размислувајте практично.

БЛИЗНАЦИ: Ако сте во работен однос со некоја голема организација, потребно е да ги следите строгите правила, како да сте во училиште. Почитувајте ги методите на работата, иако доаѓа до ограничување на вашата слобода, не губете се во преголеми шпекулации. Инсистирате на лична слобода, немајќи доволно јасна визија за тоа. Без сатирични забелешки!

РАК: Весели и безгрижни, наоѓате начин да дојдете да значителна сума на пари: се движите наоколу со ретка самодоверба и имате храброст да се соочите со предизвиците. Свесни сте дека ве очекува макотрпна работа, но тоа не ве заплашува ни најмалку: направете план, креирајќи стабилна основа и бидете мудри и претпазливи. Насмејте се.

ЛАВ: Постигнувате смиреност на емотивен план: благодарение на вашиот талент да ги чуете најблиските што имаат да ви порачаат, ќе успеете да го вратите внатрешниот баланс. Оној што плаче, има нешто да каже, а насмевката е само маска: нема потреба да брзате, сè ќе ви се открие во сопствено време. Добра соработка со тимот. Организирајте се!

ДЕВИЦА: Продолжувате со вчерашната соработка, имајќи самодоверба и поддршка од најблиските: ако сакате вистински да владеете со себе, интересирајте се за внатрешниот свет на својот живот. Мудри и претпазливи, оставате работите да се движат по сопствениот тек: тоа е вистинска уметност, со која доаѓате до кристално јасни пораки.

ВАГА: Нека не ве засегаат туѓите забелешки и груби зборови, туку научете да ги надраснете ваквите ситуации: бидете подготвени за битка и нагли промени. Остроумни и со желба со константна стимулација, внимавајте преголемиот ентузијазам да не се претвори во агресија. Пред вас се прекрасни шанси за опипливи резултати. Нови инвестиции.

СКОРПИЈА: Неверојатно силни и со добра перцепција, добро разбирате каква неправда им се случува на луѓето: бидете потолерантни и ќе откриете волшебни солуции за животните мистерии. Најдете време за медитација и сонувајте поголеми сништа: сега не е време да сте мрзеливи, туку да имате поголема имагинација за неизвесната иднина. Без гнев!

СТРЕЛЕЦ: Се чини дека денес нема одмор за вас пријатели: колку и да сакате да одмарате, ќе бидете вовлечени во вител на ситуации, кои се надвор од вашата контрола. Дел од нив се со среќен исход, а за останатите ќе треба да се потрудите малку повеќе и да го извлечете најдоброто од понуденото. Одличен момент за романтична вечера и краткотраен пат за двајца.

ЈАРЕЦ: Можеби очекувате работите да се движат по некој однапред утврден ред, но денес ќе се уверите во спротивното: некоја забелешка од страна или шега, кои што ќе ви откријат дека не секогаш сте ги совладале своите лекции. Ќе дојдете до нови пораки, кои што ќе го реставрираат емотивниот баланс и среќа. Бидете поразиграни и љубопитни.

ВОДОЛИЈА: Соочување со некаков вид на криза: не си дозволувајте да ве понесат тешките мисли и надминете ја субјективноста. Можеби бавниот развој на работите не ви се допаѓа, но набрзо ќе дојдете до саканата цел. Без лаги и неискреност, бидејќи ќе ги изгубите драгите луѓе околу себе: разберете дека сè што се случува е со привремен карактер.

РИБИ: Дамнешните соништа доаѓаат во фокус: сега постојат поголеми шанси тие да се остварат, затоа слушајте ги своето срце и внатрешна радост. Обрнете им поголемо внимание на сопствените таленти и дајте сè од себе при нивната реализација. Обратете им се на поверливите пријатели и тие ќе ви одговорат со големо искуство. Потребна ви е мудрост.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]