Облачно, со обилни врнежи од дожд


Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со обилни врнежи од дожд.

Врнежите на некои места во земјава ќе достигнат и до 50 литри на метар квадратен. Утринските температури на воздухот ќе се движат од 6 до 14 степени, додека дневните температури на воздухот ќе се движат во интервал од 10 до 22 степени.

И во текот на наредните денови се најавува невреме. Така ќе биде сѐ до сабота кога се очекува стабилизирање на времето и пораст на температурите.