„Луј Витон“ промовира чанти со вграден флексибилен екран


Франција- Флексибилните екрани привлекуваат се повеќе внимание, а многу компании ги користат за своите производи. На тие компании им се приклучи луксузниот моден бренд „Луј Витон“, кој произведе чанта со вграден флексибилен екран.

Луксузниот бренд  за своите чанти искористи AMOLED екран со резолуција од 1.920x.1.440 пиксели, кој може да се витка. Станува збор за прототип на чанти, кои беа претставени во текот на модната ревија во Њујорк неделава. Една од чантите имаше еден, а другата два екрани на кои беа прикажувани снимки од некои градови.

Не е познато дали овие чанти некогаш ќе почне да се продаваат на пазарот.