Кралеви за победа: Стинг и Влатко ја славеа шампионската титула на „Вардар“


Наш, гитарски виртуоз, Влатко Стефановски и светски, кој не се симнува од музичкиот врв, Стинг , синоќа, со цела Македонија на Градскиот стадион ја славеа шампионската титула на РК „Вардар“ . Во амбиент на еуфорија на улиците на Скопје, засиленото полициско обезбедување и немањето паркинг за жива глава, скопската фаца од Дебар маало беше одлично, […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за празников


ОВЕН: Решителни и храбри, сега ќе ги искористите сите шанси за романтично исполнување: небото повторно мириса на ванила и ќе најдете со кој да го споделите своето животно патување. Работните задачи ви се чинат лесни и тоа ви дава сила да ги надминете доскорешните ограничувања: организирани и агилни, им гледате на мистериите во очи! БИК: […]

Совет


ЛЕЈЛА САБИТ Во Македонија секој знае сè, секој знае повеќе од вас, никој не трпи критики, сите чекаат аплаузи отколку свирежи, сите сакаат гага отколку да платат, да фаќаат сеир отколку сериозен муабет, сите сакаат да делат совети отколку да примаат, сите сакаат да се ин отколку аут, да слушаат лажни отколку лоши вести. Советите […]

ТВ-ѕвездата Елеонора Миљковиќ стана невеста: Време ми е да се мажам


Скопјанката Елеонора Миљковиќ (24), македонската претставничка во реалното шоу „Задруга 2“, во пауза од снимањето на шоуто, заедно со манекенката Андријана Илиоска, позираше како невеста во новите венчаници на дизајнерот Златко Јовановски (23), промовирани во февруари на Модната ноќ на невести во „Мериот“. -Скоро со „Веста продукција“ направивме нова фотосесија за потребите на новата колекција. […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Ова е период кога ќе имате повеќе време да се посветите на емотивниот живот и да ги цените работите на друг начин: барате практични методи да си го олесните животот и да уживате со љубените. Сакате да постигнете материјална рамнотежа и ќе ги отстраните сите неефективни начини на работа: носите здраворазумски и вистински решенија. […]

Груевистите токмат алиби за Европа


ЕРОЛ РИЗАОВ Македонија го трча десеттиот круг за влез во Европа. Деветте маратони со свидетелства и преодни оценки на европските комисии, дека тркачот стигнал до целта и дека е подготвен за отпочнување на преговорите со ЕУ, не ги импресионираа многу тие што вистински одлучуваа за достигнувањата на 14-годишниот вечен кандидат од Балканот. Стара Европа е […]

Утре во сите средни училишта ќе се полага странски јазик


Државна матура годинава се пријавиле да полагаат 15.553 ученици во државата. Пред шест години, односно во 2013 година, оваа бројка била 19.289, што покажува дека за овој период, бројот на ученици кои го полагаат овој испит, што е услов за упис на факултет, се намалил за 3.736 матуранти. Во 2015 имало 17.600 пријавени ученици, а […]

„Театар комедија“ со поевтини билети за лица до 29 години


Лицата од 15 до 29 години ќе имаат поволности при купувањето билети за претставите во НУ „Театар комедија“, односно ќе може да ги купат со попуст од 50 проценти. Ова е договорено со меморандумот за соработка меѓу Агенцијата за млади и спорт и НУ „Театар комедија“. НУ „Театар комедија“ е првата институција од областа на […]

Во Кинотека изложба на филмски плакати: „Филмовите што ги сакавме (1947 – 1980)“


Државниот архив на Република Северна Македонија и Историскиот архив на Пожаревац в понеделник во Скопје ќе потпишат меморандум за соработка, а истиот ден во Скопје ќе биде отворена изложбата на филмски плакати и рекламен филмски материјал, со наслов „Филмовите што ги сакавме (1947 – 1980)“, изработена од Историскиот архив на Пожаревац. Отварањето е во 12 […]

Егзекутиран висок севернокорејски дипломат, тврди јужнокорејски весник


Северна Кореја– Специјалниот претставник на Државниот совет на Северна Кореја за политика кон САД Ким Хјок Чол бил егзекутиран во март по средбата која заврши без резултат меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Ова денеска го објави конзервативниот јужнокорејски весник „Чосун Илбо“ (The Chosun Ilbo) повикувајќи се на свои извори […]

(Видео) Дизниленд со нов тематски парк : Во галаксијата на „Војна на ѕвездите“


САД– Денес „Дизниленд“ отвара нов тематски парк -„Војна на ѕвездите: на работ на галаксијата“.  Се наоѓа на истото земјиште со Дизниленд, но ги носи посетителите во еден сосема поинаков свет. Вчера, тој официјално им беше претставен на медиумите и на најбрзите фанови кои обезбедија влезници. На промоцијата во Анахајм, Калифорнија, дојдоа и најголемите ѕвезди од […]

Крушево, Маврово и Шара први за активен туризам


Крушево, Маврово и регионот околу Шар Планина се примарните дестинации на кои ќе се развива авантуристички туризам од типот на екотуризам, набљудување на птици, џип-сафари, искачување по карпи, параглајдинг. Веднаш зад нив се Демир Капија, Смоларските Водопади, Пониква, Беласица и Прилеп. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, за развивање на активниот туризам во земјава […]

В недела централата на НАТО се сели во Скопје


„Централата“ на НАТО  в недела и в понеделник ќе се пресели во Скопје. Покрај генералниот секретар Јенс Столтенберг, ќе допатува и целиот Северноатлантски совет (НАК) во кој се амбасадорите на сите земји членки на алијансата во Брисел. Во рамки на посетата ќе има заеднички состанок на НАК со Комитетот за интеграција во НАТО, со кој […]

Затворена за сообраќај левата коловозна лента на патот Скопје – Велес


Левата коловозна лента од на автопатот А1 од Скопје кон Велес, на делот помеѓу Башино село и Штипска клучка од 10:00 до 13:00 часот ќе биде затворена за сообраќај. Како што информира АМСМ, затворањето на лентата е поради изведување градежни активности на овој патен правец. На самото место ќе биде поставена соодветна сигнализација за работа […]

Заев веќе бара други функционерски имиња


Иако новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците треба уште утре да почне со работа, тоа, најверојатно, нема да се случи до средината на јуни, кога првиот министер на овој ресор  би бил избран во пакет со најавената реконструкција или избор на нова влада. Премиерот Зоран Заев најави вчера дека кон средината на […]

Над 50 олтајмери и 30 класични мотоцикли утре на „Skopje Clаssic Day“


Во Скопје утре ќе се одржи „Skopje Classic Day”, меѓународен настан на кој љубителите на олтајмери ќе можат да погледнат 55 автомобили и 30 класични мотоцикли постари од 35 години. Настанот се организира втора година по ред, а изборот на автомобилите и мотоциклите е направен од страна на клубот „Gentleman’s Crew”, кој е организатор на […]

„Аида“ ги затвора 47. Мајски оперски вечери


Мајските оперски вечери традиционално завршуваат на последниот ден од мај со „Аида“, а  оваа година популарната опера на Верди е во продукција на  театарот „Карло Феличе“ од Џенова, Италија. Модерната „Аида“ е спој на визуелната иновација со традицијата, виртуелна сценографија која, како што најави Националната опера и балет, ќе ја одведе публиката во светот на […]

Столтенберг : Влезот во НАТО значи дека 29 земји се залагаат да ве заштитат


Белгија – Посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на Северна Македонија испраќа јасен сигнал – Алијансата е подготвена да и посака добредојде на земјава во евроатлатнското семејство. Ова е пораката, што ја испрати Столтенберг во интервјуто , кое го даде неспоредно пред неговата посета на Скопје, каде ќе се одржи состанокот на амбасадорите на […]

Филмови на Рајко Грлиќ во Кинотека


Со проекција на „Само еднаш се љуби“, вечер од 20 часот во Кинотеката ќе почне ретроспектива на филмови од Рајко Грлиќ. До вторник публиката ќе може да види уште шест играни и еден документарен филм од познатиот хрватски режисер. Утревечер ќе бидат прикажани „Во челуста на животот“ и „Чаруга“, в недела –  документарниот „Секоја добра приказна […]

Унгарската полиција го уапси капетанот на крузерот


Унгарија – Унгарската полиција синоќа соопшти дека го уапсила капетанот на крузерот кој учествуваше во несреќата на Дунав во која загинаа најмалку седум јужнокорејски туристи. Капетанот е 64-годишен украински државјанин идентификуван како Ц.Јури од Одеса, а уапсен е поради немарност во управување во воден сообраќај што довело до масовна загуба на човечки животи, соопшти полицијата. Унгарската […]