Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Ова е период кога ќе имате повеќе време да се посветите на емотивниот живот и да ги цените работите на друг начин: барате практични методи да си го олесните животот и да уживате со љубените. Сакате да постигнете материјална рамнотежа и ќе ги отстраните сите неефективни начини на работа: носите здраворазумски и вистински решенија.

БИК: Се отвораат нови можности за напредување и шанса за финанскиски фидбек: можеби очекувавте дека ова ќе биде мирен викенд, но фокусирајте се на позитивното, а тоа е изучувањето во научните области и желбата да постигнете просперитет. Тука се и вашите најблиски и роднини, кои што ви помогаат во секој поглед: сега сте среќни! Успех.

БЛИЗНАЦИ: Повеќе фактори го кочат вашиот развој и се чини дека не можете да препливате на другата страна на обалата. Дали станува збор за некој близок од семејството, кој што ве иритира? Откријте дали тоа се вистински проблеми и невољи или само рефлексија на вашето моментално расположение. Не губете надеж и не се обесхрабрувајте: време е за анализа.

РАК: Благослови од финансиска природа: конкретни задоволства во физичкиот свет, кои што ќе ви донесат убавина и просперитет. Се отвораат нови шанси за кои што чекавте минатиот период и сега може да продолжите низ градината на задоволствата. Направете го првиот чекор кон остварување на овие соништа и потпрете се на некоја практична личност.

ЛАВ: Во последен момент се јавува надеж и чувство дека ќе постигнете слобода: пријателите и членовите од семејството се тука да ви помогнат и да го уништат стравот и несигурноста. Слушајте го своето срце повеќе и ќе откриете зошто сте барани и сакани: вие сте резервоар на широкоградост и затоа сѐ е возможно, дури и на професионален план. Успех!

ДЕВИЦА: Верувајќи му на животот повеќе, ќе успеете да ги искористите поволните можности кои што ви се нудат: пријателите си сугерираат како да постапите, а саканите ве поддржуваат во секој поглед. Храбри и трпеливи, погледнете ги ситуациите низ нова перспектива и ќе успеете да направите разлика: нови методи за напредување и анализа.

ВАГА: Откако ќе најдете начин да се одморите по напорната работна недела, ќе постигнете среќа и блаженство во животот: околностите се поволни и вашите желби се остваруваат. Мудри и мирни, истражувате во областа на духовното, сакајќи да научите повеќе за природата на животот: се ослободувате од стравовите и тагата: зрачите со среќа!

СКОРПИЈА: Превземате имагинативни чекори за да го надминете песимизмот: она што е сторено во минатото, ќе донесе последици во иднината. Можеби ќе треба да избирате помеѓу две опции, но ниту една не ви се допаѓа. Најдобро е да ја следите својата силна интуиција и ќе знаете што е најдоброто за сега: реалноста е променлива, навикнете се на тоа.

СТРЕЛЕЦ: Сега инсистирате на својата лична слобода и не сакате да правите никакви отстапки, па ниту со љубените: склони сте да си терате по свое, убедени дека добро ги познавате мистериите. Правете онака како што мислите дека е најдобро за вас, но не ги повредувајте останатите: не губете храброст и надеж, туку опуштете се и одморете се.

ЈАРЕЦ: Задоволни бидејќи го постигнувате саканиот статус и респект кај пријателите, особено во далечните земји, сега би можеле да се опуштите и да одморите. Откријте како да бидете поскромни и да ја намалите лажната суета, внимавајќи на својот вокабулар и култура. Самокритични, ќе успеете да го погодите вистинскиот баланс. Време е за забава.

ВОДОЛИЈА: Обидете се да ја разберете сегашната ситуација низ очите на светот: ако сте зафатени, запрашајте се во која насока се движат вашите напори и мотивација. Можеби се соочувате со некои веќе видени работи, но тие се повторуваат само за да изнајдете нови солуции: не се впуштајте во лов на вештерки и бидете посвесни за туѓите потреби. Без жалби!

РИБИ: Постигнувате финансиска безбедност и уживате во изобилието што ви се нуди: можност за нов бизнис, стекнување на имот или напредување во физичката реалност. Ова е време за преродба и нова кариера: ја враќате својата виталност и здравје, оставајќи го зад себе сето она што ве измачуваше. Заборавете на скорешните раочарувања и сакајте се повеќе.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]