Радев: Ја поддржуваме Северна Македонија, но не безусловно


Бугарија – Наша должност е да ја поддржуваме Северна Македонија, но не безусловно и безрезервно, истакнал бугарскиот претседател Румен Радев на средба со амбасадорите и постојаните претставници на Бугарија во странство во Софија. Раdев, како што пренесуваат бугарските медиуми,  кажал дека билатералните односи се развиваат добро и оти се надминуваат замрзнатите конфликти и конфронтациите од […]

Скопско лето: Концерт на Гал Фаганел на виолончело и Маја Божиновска на пијано


Во рамки на Скопско лето, вечер во 20:30 часот во Националната галерија  – Даут пашин амам, концерт ќе одржат виолончелистот од Словенија, кој живее и работи во САД, Гал Фаганел  и нашата пијанистка Маја Божиновска. Гал Фаганел е реномиран изведувач, наставник, ментор и артист. Медиумите го имаат возвишено за неговата „извонредно чувствителна интерпретација“, неговиот „моќен […]

Исчистете го плевелот и прекопајте го лозјето


ЕРОЛ РИЗАОВ Ако политичарите се договорат да ги одбранат граѓаните и државните интереси со тоа што ќе им овозможат на судството и на надлежните институции непречена работа во борбата против криминалот, како што тоа го прават успешно криминалците кога се договараат да ги ограбуваат и државата и граѓаните, тогаш Македонија ќе цвета. Ако, пак, моќни […]

Северна Македонија и Србија ќе соработуваат во областа на дигитализацијата


Меморандум за соработка во областа на дигитализацијата денеска во Скопје ќе потпишат Министерството за информатичко општество и администрација и Канцеларијата за информациски технологии и електронска управа во Владата на Република Србија. Како што информираат од владината прес-служба, параф на документот за соработка ќе стават  министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и директорот на […]

Есенски моден изглед: Аделина знае најдобро


Пејачката Аделина Тахири е новото заштитно лице на македонската групација со луксузни италијански брендови која ги замени поп-ѕвездата Каролина Гочева и манекенката Катарина Ивановска во новата фотосесија за претстојната есен-зима. Тахири, позната по својот гламурозен и експлозивен стил на сцената, сега  го поднови гардероберот со нови спортско елегантни комбинации во нежни бои. Светлосината која доминира […]

Брегзит без договор ќе ја чини Велика Британија 60 милијарди фунти


Англија- Јавното задолжување во Велика Британија би можело да се удвои доколку излезе од ЕУ без договор, тврди британската Канцеларија за буџетска одговорност (ОБР). Во случај на Брегзит без договор, јавниот долг може да се зголеми на 60 милијарди фунти, а ако земјата излезе од ЕУ со договор, оваа бројка би изнесувала 29,3 милијарди фунти. […]

ЗНМ со осуда за пратеникот Стевананџија за ширење дезинформации за новинарите Јованоски и Христов


Здружението на новинарите на Македонија го осудува пратеникот Димитар Стевананџија, кој на својот Твитер профил објави фотографија со коментар дека колегите Борјан Јовановски и Боби Христов наводно се гости на отворање на контроверзен угостителски објект во Охрид. Според колегите Јовановски и Христов станува збор за лажна фотографија од објект во Градскиот Трговски Центар во Скопје […]

Пратеничката Калеска-Ванчева нов координатор на Форумот на жени на СДСМ


Снежана Калеска-Ванчева, пратеничката во Собранието на РСМ е избрана за нов координатор на Форумот на жени на СДСМ, а комплетиран е и раководниот кадар на партиските комисии како стручни тела, на вечерашната седница на Централниот одбор на партијата. – СДСМ покажа дека има капацитет перманентно да се менува во интерес на граѓаните на забрзување на […]

Стил од авион: Како го носеа Грејс Кели, Елизабет Тејлор и Брижит Бардо?


САД – Кога се зборува за стил додека патувате со авион, помислувате на адвокатката за човекови права Амал Клуни. Но во ерата на златното време на Холивуд, актерките или први дами кои станаа модни икони најдобро изгледаа и од авион. Избираа облека која беше удобна, пријатна за носење и истовремено шик. Во 50-тите и во […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ако сакате да постигнете совршена љубов, но и независност во односите, ќе треба да им дадете слобода на саканите: можеби не ви се верува, но тоа е лесно бидејќи така луѓето стануваат потрпеливи и меки. Кога веќе ќе одлучите како да се однесувате, не противречите си, туку бидете убедливи и ќе го добиете она […]

Стилски избор: Маица или чанта, СЈО или Боки ?


Кој ќе го издржи жешково модно и политичко лето во Скопје, ќе раскажува. Не за култната поло туку за СЈО маицата. Со ракави, испеглана, неиспеглана, запотена, намирисана, засмрдена, со издепилирана или со влакнеста мишка. По маицата мажот и жената се познаваат. Како ја носат, кај ја носат и со кого ја носат. Лесно се суши […]

„Охридско лето“ со полски гала-гости: Аплаузи за триото „Пендерецки“ со Хајдн, Рахмањинов и Дебиси


Триото „Пендерецки“ синоќа во црквата „Света Софија“ приреди концерт за паметење во рамките на Полската вечер на фестивалот „Охридско лето“. Младите уметници, талентираниот пијанист Конрад Сколарски, виртуозот на виолина Јарослав Наджицки и извонредниот виолончелист Карол Марјановски изведоа пијано-трија од Јозеф Хајдн, Сергеј Рахмањинов и Клод Дебиси,а за одбраниот репертоар и за нивниот врвен артизам беа […]

Влада: Пари за нова Универзална и за спомен обележје на Тоше Проески


Владата на вчерашната седница ја усвои Програмата за реализацијата на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за капитални инвестиции во единиците на локалната самоуправа. Програмата, како што соопшти владината прес-служба, е со буџет од 117,5 милиони денари. Дел од средствата ќе бидат алоцирани во реконструкција на Универзалната сала во Скопје, […]

Офрлено обвинението за сексуален напад против Кевин Спејси


САД- Судскиот процес против холивудскиот глумец Кевин Спејси, за наводен сексуален напад на 18-годишно момче, е прекинат поради „недостапност на оштетениот во својство на сведок”, соопшти Обвинителството во Нантакет, Масачусетс, САД. На сослушувањето минатата седмица, оштетениот одби да одговори на прашањето – дали ги избришал своите СМС пораки што му ги праќал на Спејси. Спејси […]

Го симна Бил Гејтс: Бернар Арно е вториот најбогат човек во светот


САД- Коосновачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс за прв пат по седум години не е на вицешампионската позиција на листата на најбогати луѓе во светот. Титулата му ја одзеде извршниот директор на луксузната групација ЛВМХ, францускиот милијардер Бернар Арно, пишува „Си-Ен-Ен“. Арно има нето вредност околу 108 милијарди долари, од коишто 39 милијарди ги заработи минатата […]

Балет „Либертанго“ со Мијалкова на „Охридско лето“ 


Програмата на „Охридско лето“ вечерва нуди две содржини и тоа модерната балетска поставка „Либертанго“ на сцената „Долни Сарај“ од 22 часот и солистички концерт на уметникот на пијано Оли Мустонен од Финска. Балетската претстава „Либертанго“ на Астор Плацола е приказна што го покажува создавањето и патот на тангото. Уличен танц што го достигнува пиедесталот на […]

Познат составот на меѓупарламентарната делегација ЕУ – Северна Македонија


Франција – Европскиот Парламент го одобри сотавот на 44 меѓупарламентарнит делегации кои ги одржуваат парламентарните односи со други држави, региони и организации, меѓу нив и делегацијата за односи со Република Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Стразбур. Делегацијата брои 13 членови и 13 заменици. Од групата на Европските народни партии членови се: Александер Александров […]

Туристите седат по хотели зашто не сме им понудиле да шетаат


Нов закон за туризам и нова стратегија во туризмот се неопходни за развој на секторот но тоа нема да значи поттик за масовен туку за екотуризам. Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот најавуваат промена на начинот на субвенционирање. „Субвенционирањето треба да продолжи, но на многу видоизменет начин кој ќе кореспондира со стратегијата која […]

Туристичката инспекција во најава


Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот заедно со коморите и со секторот за туризам при Министерството за економија иницира формирање на туристичка инспекција. Според директорот на Агенцијата, Љупчо Јаневски, ние сме единствена земја во регионот што нема туристичка инспекција кој би ги регулирала правата на туристите. Во некои земји функционира и туристичка полиција, што помага туристите […]

Брамерц: Треба да се обработат уште неколку илјади случаи на воени злосторства во поранешна Југославија


САД – Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц изјави пред Советот за безбедност на ОН дека во земјите на поранешна Југославија треба да се обработат уште неколку илјади случаи на воени злосторства. Брамерц рече дека во земјите на поранешна Југославија и натаму е присутна глорификација на воените злосторници. – Порекнувањето на злосторствата нанесува длабоки страдања […]