Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ако сакате да постигнете совршена љубов, но и независност во односите, ќе треба да им дадете слобода на саканите: можеби не ви се верува, но тоа е лесно бидејќи така луѓето стануваат потрпеливи и меки. Кога веќе ќе одлучите како да се однесувате, не противречите си, туку бидете убедливи и ќе го добиете она што го сака вашата душа.

БИК: Денес откривате нови аспекти од себе и успевате да дојдете до слобода. Сето ова се однесува како на љубовта, така и на работен план, каде што најдобро ги изразувате своите таленти. Не срамете се и покажете што имате: оние кои што се храбри доаѓаат до своите награди, додека пак колебливите остануваат да се колебаат. Бидете уникатни!

БЛИЗНАЦИ: Од ва се бара да се ускладите со другите и да го покажете сиот раскош на вашата личност: љубопитни, флексибилни и духовити, ќе знаете кога треба да дејствувате, а кога да се повлечете. Бидете прецизни и ќе бидете почитувани: поддржете ги дури и оние кои што се против вас и ќе добиете помош. Крајно време е да си верувате повеќе!

РАК: Одвреме-навреме ќе треба да премолчите некој збор и така ќе владеете со тешкотиите: ако се соочите со непредвидливи ситуации, бидете флексибилни и ќе откриете нови решенија. Ако сакате да се поправите, ќе треба да си признаете дека грешите, па колку и да ви е тешко тоа: како давате, така ќе ви се даде и вам. Тоа е закон на кармата.

ЛАВ: Силни влијанија, кои ве тераат да им се наметнувате на останатите: саканите ќе ве напуштат и нема да дозволат да бидат манипулирани. Малиот човек се открива во малите работи, додека пак големиот го красат неговите дела, затоа бидете тактични и ќе успеете да ја освоите нивната љубов. На работен план одговорностите растат.

ДЕВИЦА: Иако не знаете што ве очекува, не обидувајте се да дојдете до сознание: разумот секогаш сака да ги знае одговорите пред време и прави разни калкулации, кои што ретко се остваруваат. Денес е идеален ден за набљудување и навистина нема потреба да брзате, да се докажувате и да контролирате. Опуштете се.

ВАГА: Бројте ги своите благослови и така ќе дојдете до нови: средствата треба да ги инвестирате, а не да станете роб на материјалното и да му служите вечно. Она што ќе го вложите, секако дека ќе се исплати, сè што треба е да откриете е како да го ставите во функција она што веќе го имате. Размислете подобро за овие предизвици и ќе победите!

СКОРПИЈА: Период на изобилство и блескате со убава енергија и задоволство: го вложувате и последниот здив во она што го правите и живеете како да не постои утре! Останатите ѝ се радуваат на вашата среќа, бидејќи покажувате со пример како треба да се живее. Ако работите, правете го тоа со љубов и со одговорност: наградите ќе си дојдат самите од себе.

СТРЕЛЕЦ: Чудата се случуваат кога ќе ја вперите целата своја енергија за да ги остварите: кој може да каже дека е поинаку? Убави изненадувања на интимен план, со што ќе си ја вратите самодовербата и виталноста. Ако сте сами, денес е одличен ден да излезете и да запознаете некој, со кој што ќе размените убави искуства и време. Нови методи на работен план.

ЈАРЕЦ: Можеби се подготвувате да појдете на пат или одмор, но нешто ве спречува и сега сте конфузни: зарем треба да страдате за туѓите грешки? Сè што правите е со сериозен тон и не оставате простор за дилеми, затоа опуштете се и не губете храброст. Она што е ваше, ќе си дојде во сопствено време и тоа ќе ве мотивира одново: животот не е казна!

ВОДОЛИЈА: Доколку се соочувате со тешкотии на својот пат, треба да се запрашате каде е грешката: зошто другите ви го вртат својот грб и како се доведовте до оваа позиција? Ако се борите со луѓето и тие ќе ви возвратат, затоа најдобро ќе биде да ја вратите одговорноста за својот живот и ќе се случат чуда! Направете нов мозаик од своите желби.

РИБИ: Ако дозволувате да размислувате за она што не ви се допаѓа, токму тоа и ќе ви се случува: каква вода и да пиете, немојте да ја заматувате! Оставете простор работите да се решат самите од себе и откријте ја својата дипломатска дарба: бидете пасивни учесници и вратете ја контролата врз емоциите. Додека чекате, решението ќе дојде самото од себе.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]