Есенски моден изглед: Аделина знае најдобро


Пејачката Аделина Тахири е новото заштитно лице на македонската групација со луксузни италијански брендови која ги замени поп-ѕвездата Каролина Гочева и манекенката Катарина Ивановска во новата фотосесија за претстојната есен-зима.

Тахири, позната по својот гламурозен и експлозивен стил на сцената, сега  го поднови гардероберот со нови спортско елегантни комбинации во нежни бои.

Светлосината која доминира како боја е одлична за да го долови вистинското есенско расположение кое надоаѓа по променливото лето.

Урбан и во исто време женствен изглед кој може да се искомбинира и со патики и со сандали и чевли на високи потпетици. (Л.С.)