Туристичката инспекција во најава


Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот заедно со коморите и со секторот за туризам при Министерството за економија иницира формирање на туристичка инспекција.

Според директорот на Агенцијата, Љупчо Јаневски, ние сме единствена земја во регионот што нема туристичка инспекција кој би ги регулирала правата на туристите. Во некои земји функционира и туристичка полиција, што помага туристите да се чувствуваат побезбедно на одредена дестинација.

„Се надевам дека во брзо време во соработка со Управата за јавни приходи и со пазарната инспекција ќе се формира одделение кое ќе го третира туризмот и тоа до оној момент додека туристичката инспекција дојде во кондиција да си ја презеде работата. Секаде туристичката инспекција е во надлежност на националната туристичка организација“, рече Јаневски.

Фото: Б. Грданоски