Стил од авион: Како го носеа Грејс Кели, Елизабет Тејлор и Брижит Бардо?


САД – Кога се зборува за стил додека патувате со авион, помислувате на адвокатката за човекови права Амал Клуни. Но во ерата на златното време на Холивуд, актерките или први дами кои станаа модни икони најдобро изгледаа и од авион. Избираа облека која беше удобна, пријатна за носење и истовремено шик.

Во 50-тите и во 60-тите жените како Грејс Кели, Брижит Бардо, Одри Хепберн, Елизабет Тејлор и Џеки Кенеди изгледаа софистицирано, никако вулгарно, во своите комплети додека се симнуваа од авионите – во миди-здолништа, струкирани сакоа, со големи чанти. Во 70-тите малку поразигран стил избра поп-дивата Дајана Рос.

Со оглед дека стилот е вечен, а трендовите се менуваат, и денешната мода црпи идеи од модните икони од филмското платно.