Го симна Бил Гејтс: Бернар Арно е вториот најбогат човек во светот


САД- Коосновачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс за прв пат по седум години не е на вицешампионската позиција на листата на најбогати луѓе во светот. Титулата му ја одзеде извршниот директор на луксузната групација ЛВМХ, францускиот милијардер Бернар Арно, пишува „Си-Ен-Ен“.

Арно има нето вредност околу 108 милијарди долари, од коишто 39 милијарди ги заработи минатата година.

Францускиот магнат ја издигна ЛВМХ во глобална луксузна империја под која што спаѓаат некои од најпознатите брендови како Луј Витон, Диор, Живанши…

Првата позиција, со нето богатство од 124 милијарди долари, цврсто ја држи основачот на Амазон, Џеф Безос.