„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивката, инвестициите и 80 нови вработувања годинава


 „Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – јуни 2019 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех. Како што соопштија од компанијата, според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – јуни, продажбите достигнуваат 4.138.296.380 денари, што е за 13 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата […]

Панајотопулос: Договорот од Преспа создава сплет на правни обврски


Грција– Од моментот кога договорот е потпишан и ратификуван во Парламентот, создава сплет на правни обврски од кои е особено тешко некој да се ослободи, вели министерот за одбрана на Грција, Никос Панајотопулос во интервјуто за весникот „Параполитика“, одговарајќи на прашањето посветено на Договорот од Преспа. Грчкиот министер, кој воедно е и адвокат, објаснува дека […]

Во Скопје изминатиот викенд 28 сообраќајки, четворица потешко повредени


На подрачјето на Град Скопје изминатиот викенд се случиле 28 сообраќајни незгоди, од кои во 14 има повредени лица, а во 14 е причинета материјална штета. Според билтенот на СВР Скопје, повредени се вкупно 19 лица, од кои четири потешко и 15 полесно. Сообраќајната полиција санкционирала 156 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената […]

Репортажа: Царската убавина на Санкт Петербург


Русија– Јули е период кога може најмногу да се доживее царската убавина на Санкт Петербург, Русија. Иако е град во кој од многуте палати, цркви, музеи и споменици не останува време за други уживања, тој нуди и возбудливо секојдневје. Ако не се качите на брод и уживате во распространетите канали низ реката Нева, која за […]

Мразот на Гренланд годинава може да се топи побрзо, предупредуваат климатолозите


Данска- Топлиот бран со кој се соочува Европа се заканува да го забрза топењето на мразот на Гренланд, што оваа година почна порано од вообичаено, предупредија климатолозите. Светската метеоролошка организација соопшти дека топлиот бран ја зафати и Скандинавија и се движи кон Гренланд. – Имајќи предвид дека бранот се движи преку Арктикот, тој потенцијално ќе […]

Поп-ѕвездата Леона Луис се омажи во Тоскана


Италија– Поп-ѕвездата Леона Луис (34) и нејзиниот долгогодишен дечко, кореографот Денис Јауч (30) се венчаа во Италија, а избраа имот опкружен со лозја во Тоскана. Пејачката за време на свадбата сменила три тоалети: Венчаница, долга тоалета и комбинезон украсен со кристали. На свадбата присуствувале над 200 гости.

Патарините во Србија поскапуваат 12 отсто


Србија– Патарините на српските автопати од утре ќе поскапат за 12 отсто, објави јавното претпријатие „Патишта на Србија“. Почнувајќи од утре во 7 часот на сила стапува новиот ценовник, според кој на автопатот Белград-Ниш, во зависност од категоријата на возилата, ќе се наплаќа патарина од 450 до 5.410 динари или од 3,8 евра до 45,8 […]

„Златна потковица“ на „Астерфест“ за „Кружно патување на монахот“


Македонскиот краток анимиран филм „Кружно патување на монахот“ на авторот Жарко Иванов ја освои „Златната потковица“ на 14 издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ што се одржува во Струмица. Одлуката ја донесе официјалното стручно фестивалско жири составено од Данчо Чеврески, Гинка Андреева, Андреј Кошак и Ед Годсел. -На фестивалот имаше сериозни филмови и искрено не […]

Швајцарија – најиновативна држава во светот


Англија– Швајцарија е најиновативната земја во светот, според Индексот на глобални иновации. Овогодинешниот иновациски индекс, што ја мери состојбата на иновации во светот од година во година, опфаќа 129 земји. На врвот по Швајцарија следуваат Шведска и САД. За позиционирање, авторите оценуваат   институции, човечки капитал и истражувањата, инфраструктурата, пазарот, бизнисот, знаењето/технологијата и креативниот ефект на […]

Само едно застанување на граничниот премин „Табановце“


Од први август ќе почне да се спроведува заедничкото царинење меѓу Северна Македонија и Србија. Договорот е потпишан меѓу двете земји, а ќе го олесни  поминувањето на патниците, но и на транспортерите. За патниците и транспортерите што од Србија ќе се движат кон Северна Македонија српската гранична служба ќе спроведе излезна контрола на територијата на […]

Шефот на американското разузнавање поднесе оставка


САД – Шефот на американското разузнавање Даниел Коутс поднесе оставка. Според Си-Ен-Ен, Коутс заминува од функцијата на 15 август. Американскиот претседател Доналд Трамп ја потврди информацијата за оставката на Коутс. Поранешниот сенатор од Индијана беше 16 години во Сенатот и амбасадор во Германија (2001-2005). Во 2014 година како дел од одговорот на Кремљ на санкциите на […]

Делегација на Претставничкиот дом на САД на средба со Џафери


Делегација на Претставничкиот дом на САД денеска ќе престојува во посета на Република Северна Македонија. Делегацијата во чиј состав се Шаланда Јанг, директор на Секторот на Комисијата за буџет и Кристи Џ.Антони, раководител на Одделот за буџетско планирање – Буџетска канцеларија во Претставничкиот дом на САД ќе се сретнат со претседателот на Собранието на Република […]

Затворена за сообраќај делницата Куманово-Опае


На Регионалниот пат Р2133, делница Куманово – Опае, ќе се изведуваат асфалтерски работи, поради што сообраќајот ќе биде затворен од денеска до 31 јули (среда) во времетраење од 09:00 до 18:00 часот. Патниот правец А3 Кочани – Делчево кај Истибања – брана Калиманци км. 259+300 е отворен за сообраќај по една коловозна лента. Како што […]

Променливо облачно со повремен дожд, температурата до 35


Времето во првата половина од денот ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 21, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. УВ индексот седум. Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денес ви е потребно време за себе, да се запрашате што навистина сакате и да ги претворите своите недостатоци во предност: коригирајте ги односите со љубените и вратете ја убавината во животот. Можеби се чувствувате како да сте под лупа на јавноста, па сепак продолжете со своите намери, откривајќи дека имате необична моќ: верувате […]

Бред Пит


ЛЕЈЛА САБИТ Моќта, парите, шармот, убавината и амбицијата му се најголем сојузник. За жената е магнет и со манири и без манири, и нежен и груб, и експониран и мистериозен, и млад и во години, со кратка или со подолга коса, со брада или избричен. За јавноста е магнет и како разведен и како ерген. […]

„Беше еднаш во Холивуд“: Ќе се исплати ли влогот на „Сони“ во Квентин Тарантино?


САД – Додека „Кралот лав“ се очекува да остане на првото место во бокс-офисот, по неговата премиера во јули и рекордните 191,5 милиони долари, вниманието на филмската индустрија сепак ќе биде фокусирано на „Беше еднаш во Холивуд“ во продукција на „Сони“, филм со буџет од 90 милиони долари што некои аналитичари го гледаат како обид […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Ако погледнете далеку кон хоризонтот, ќе откриете како се отсликуваат вашите желби во морето на пространства: не верувајте во сѐ што мислите, туку запрашајте се што чувствувате – тука лежи вашата вистина и само така ќе дојдете до реализација на своите најитимни желби. Избегнувајте емоции со нагласен интензитет и ќе се одморите добро. БИК: […]

76. Мостра во знакот на жените: Од Катрин Денев до Мерил Стрип


Италија– Катрин Денев, Роберт Де Ниро, Бред Пит, Кристен Стјуарт, Скарлет Јохансон и многу други филмски ѕвезди се очекуваат на венециска Мостра, на најстариот меѓународен филмски фестивал „Venice Film festival“ кој годинава ќе се одржува од 28 август до 7 септември, а во своето 76. издание во фокусот ќе ги има филмовите кои говорат за […]

Членови на МАНУ: Расправата за историјата на Македонците и на Бугарите треба да се води непристрасно и независно од политиката


Членови на МАНУ денеска преку соопштение ги изнесоа своите ставови во врска со, како што наведуваат, некои проблематични толкувања на македонската културна историја од официјални претставници на државата кои произлегоа од договорите потпишани со соседните земји. – На иницијатива на Одделението за лингвистика и литературна наука при МАНУ, ние, долу потпишаните членови на МАНУ, го […]