Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денес ви е потребно време за себе, да се запрашате што навистина сакате и да ги претворите своите недостатоци во предност: коригирајте ги односите со љубените и вратете ја убавината во животот. Можеби се чувствувате како да сте под лупа на јавноста, па сепак продолжете со своите намери, откривајќи дека имате необична моќ: верувате во својата уникатност.

БИК: Уживате во прекрасен период, верувајќи дека сте водени од повисоки сили и на тој начин ја менувате својата реалност: средба со пријателска личност, со која ќе ги споделите новостекнатите реализации. Можеби ќе добиете некаков вид подарок или, пак, важна информација која ќе ви потврди дека нешто убаво ќе се случи наскоро. Верувајте повеќе!

БЛИЗНАЦИ: Нежни, љубезни и мирољубиви, успевате да ги истакнете своите добри квалитети, дури и ако се соочите со некаков вид тага или конфузија. Сега е добро да се организирате подобро и да ги отфрлите сите негативни мисли, како да се стар мебел, алишта или предмети: декорирањето на личниот простор ќе успее да ви ја врати насмевката на лицето.

РАК: Натпреварувањето на здрав начин може да ви донесе поголема корист, отколку што се надевате: наместо да сте фокусирани на слабостите на другите, откријте каде можете да се подобрите самите себеси и да ги зголемите своите моќи. Доаѓате до брзи информации, со кои може да се спасите од потенцијалната криза: верувајте му на гласот на интуицијата.

ЛАВ: Ако очекувавте дека работната недела ќе започне мирно, набргу ќе се уверите во спротивното: со три планети во својот знак ќе сакате да постигнете сè! Не трчајте по љубовта, туку дозволете ѝ самата да тропне на вашата врата и мирно да се смести на најудобната софа. Потоа ќе можете да се договарате за важните сектори од животот и идеалите.

ДЕВИЦА: Можеби имате радикални идеи за тоа што значи вистинската љубов, но денес не е најидеален ден да ги објавите: слушнете ги размислувањата на саканите и  ќе откриете нешто ново и интересно. Пуштете го светот да се врти по сопствено сценарио и темпо, следејќи го неговиот развој како мудар професор кој внимава на своите најдобри студенти.

ВАГА: Ако продолжите да се двоумите, нема да стигнете никаде: набргу би можеле да станете уморни или невротични и на тој начин да ги отстраните саканите од себе. Замислете дека веќе сте стигнале на саканото место, почнувајќи да копнеете по својата цел: вложете дел од своето време и средства во таа насока и набргу ќе напредувате. Љубете повеќе!

СКОРПИЈА: Ако ви кажат да бидете невидливи, направете го токму тоа: сменете ја бојата и стопете се со околината како камелеон. На крајот на денот ќе откриете доза хумор во сето ова, разбирајќи колку е важно да умеете да чекате и набљудувате: откривате нови волшебни солуции и неконвенционални одговори. Соочете се со стравовите и откријте нови потенцијали.

СТРЕЛЕЦ: Можеби не верувате, но во вас се крие огромен потенцијал: можеби дојдовте до некакви недоразбирања, кои ви открија дека треба да отфрлите сè што е застарено и неважно од својот живот. Потоа ќе успеете да ја вратите љубовта во интимните односи и да минете повеќе време со саканите и пријателите: денес се доближувате до помирни води.

ЈАРЕЦ: По долги битки, добро е да знаете кога е време да го оставите својот меч на страна и да се искачите на повозвишена позиција: наместо да трчате на сите страни како без глава, сетете се на минатото и ќе успеете да го вратите својот внатрешен мир. Она што ќе го вложите во светот, ќе ви се врати по некој повисок кармички закон: спуштете го знамето.

ВОДОЛИЈА: Склоноста кон негативизам ќе ви става таков мејкап на лицето и ќе гледате единствено такви тонови во своето огледало: обидете се да ги чуете двете страни од приказната и можеби ќе дојдете до сосема нова варијанта или трета перспектива. Сите тие се еднакво важни во овој момент на развој, затоа не отфрлајте ги: бидете разумни и мудри.

РИБИ: Сега завршувате со некои фази од својот живот и веќе не чувствувате потреба да ги носите старите маски: тие самите паѓаат под светлото на вистината. Секако тука станува збор за вашата лична вистина со која ја управувате својата судбина: животот е како река, а вие треба да ја избирате насоката кон која ќе пловите: откријте ги своите планови!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]