Бред Пит


ЛЕЈЛА САБИТ

Моќта, парите, шармот, убавината и амбицијата му се најголем сојузник.

За жената е магнет и со манири и без манири, и нежен и груб, и експониран и мистериозен, и млад и во години, со кратка или со подолга коса, со брада или избричен.

За јавноста е магнет и како разведен и како ерген.

За папараците е магнет и во Холивуд и во Кан, и со Џоли и без Џоли.

За филмаџиите е магнет и со „Оскар“ и без „Оскар“.

Сите зборуваат, го озборуваат, мислат, нагаѓаат, сонуваат, се обложуваат и очекуваат.

Каде во Скопје да најдеш фраер како Пит?

Господин, а мангуп – богат, а без досие.

Слободен или разведен, а привлечен.

Со деца, а плаќа алиментација.

Дотеран, а вас ве праќа во шопинг.

Самозатаен, а експониран.

Сериозен, а со смисла за хумор.

Шармантен, а стабилен.

Галантен, а не циција.

Внимателен, а не здодевен.

Ѓавол, со изглед на ангел.

Опкружен со жени, а не е п… во душа.

Страстен, а не е љубоморен.

Да заведува, а да не навредува.

Да пие, а никогаш да не е пијан.

Да е виток, а нонстоп да ве носи на ручеци и вечери.

Да менува автомобили, а да нема казни за сообраќаен прекршок.

Патриот, а партиски неопределен.

Со дозвола за самоодбрана, а отпорен на куршуми.

Да не се лажеме, маж како Бред Пит постои само на филм.

Уживајте во „Беше еднаш во Холивуд“ од 15 август во Скопје!