Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов

ОВЕН: Ако погледнете далеку кон хоризонтот, ќе откриете како се отсликуваат вашите желби во морето на пространства: не верувајте во сѐ што мислите, туку запрашајте се што чувствувате – тука лежи вашата вистина и само така ќе дојдете до реализација на своите најитимни желби. Избегнувајте емоции со нагласен интензитет и ќе се одморите добро.

БИК: Ова е период кога што можете да ги искористите метафизичките својства на реалноста: не сѐ може да се објасни на логичен начин, а за да го исполните она што го сакате, ќе треба да останете фокусирани на целта, повторувајќи си ги своите мечти. Живејте ја сѐсрдно својата вистина и работите ќе се развиваат на природен начин. Бидете благодарни.

БЛИЗНАЦИ: Будалата се фали со своите вредности, додека пак мудриот ги чува во себе: доколку сакате да ги откриете слоевите на својот сон, откријте дека животот е игра и насмејте се повеќе. Најдете време да појдете некаде на пикник, каде што ќе ја откриете убавината на природата: таа чува мудри одговори и интересни комбинации. Опуштете се и одморете се.

РАК: Од другата страна на огледалото делуваат волшебни сили, со кои што се креира физичката реалност: сега разбирате дека во зависност од своите мисли, може да исткаете иднина во која што ќе живеете набрзо. Може да креирате реалност достојна за вашиот потенцијал, ако само одлучите дека треба да се менувате и да бидете храбри: не кријте се под тепих.

ЛАВ: Удобно навалени на својот трон, ќе откриете неколку нови идеи: можеби неколку мисли ви се бркаат во главата и онаа која што доминира, го креира вашето располжение. Ако им се препуштите на негатините идеи и самите ќе добиете такви црти, а тоа не ви приличи: откријте каде лута вашето внимание и коригирајте ја реалноста и однесувањето.

ДЕВИЦА: Затворете ги очите и откријте дека сте главна улога, но и споредна во сопственото сценарио: најважен е тајмингот и ако ги испочитувате роковите, ќе уживате во мирен и убав викенд. Скршете ги стереотипите и откријте една нова и похрабра страна во себе: стопете го својот имиџ како златар и креирајте нов, со кој што ќе дојдете до ослободување.

ВАГА: Додека работите, не размислувајте за плодовите на својата работа: не брзајте и фокусирајте се и на деталите. Така ќе откриете една нова реалност, која што ќе ви укаже дека нема потреба да се напрегате премногу, само да бидете фокусирани на својата намера. Завесата ќе се крене и на сцената ќе ги откриете креациите кои што се дела на вашите раце.

СКОРПИЈА: Ако продолжите со тврдокорното однесување, ќе ги избркате и најмилосрдните луѓе: дали сте пречувствителни за теми кои што се сосема неважни? Не бркајте ги парите, туку дозволете им тие да ве бркаат вас: замислете се дека се наоѓате во една смирена средина под водопад на желбите и ќе се освежите. Оставете им ги финансиите на другите.

СТРЕЛЕЦ: Како пеперутка излегувате од својата темна зандана: во вас гори светло кое што треба да го споделите со светот и повеќе нема време за чекање. Работите стануваат итни и ќе успеете да ја пресечете илузијата, конфузијата и дилемите. Не одбивајте ги новите понуди така лесно, бидејќи би можеле да дојдете до лесен профит: бројте си ги благословите!

ЈАРЕЦ: Ако се фатите себе си дека критикувате, се жалите и правите драма од ништо, запрашајте се какви биле иницијалните очекувања: ако сакате да ја вратите својата лична важност, внимавајте како постапувате. Откажете се од намерата да се борите и пловете мирно во својот свет, како летен облак на широкото небо: излезете од лавиринтот разумно.

ВОДОЛИЈА: Планетите покажуваат дека сте учесник во дупла игра: ако сте дозволиле да бидете заведени од илузијата, ќе бидете приморани да го браните своето куферче на тајни. Постои некаков вид на љубомора за која што ќе треба да се изјасните и да ги смирите оние околу себе: направете сѐ што можете, а потоа продолжете константно со својата работа.

РИБИ: Ова е период кога ќе треба подобро да се погледнете во огледалото: дали она што го работите ве исполнува навистина или сето тоа го правите по инерција? Ако откриете дека тоа е празна битка, повлечете се во удобноста на својот дом и направете нов ред: исфрлете ги старите предмети и веднаш ќе почувствувате нова сила во себе. Вратете си го мирот.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com