Со балканските ѕвезди одблиску: Северина мириса опојно, Бадриќ шири позитивна енергија


Медиумите за нив постојано пишуваат, фановите се поистоветуваат, мажите и жените сонуваат. Нивните песни најмногу се слушаат, нивните концерти се најпосетени, нивните емисии најмногу се гледаат, тие во своите фели најмногу заработуваат. Ве привлекуваат со својот изглед, харизма, имиџ и професионализам. Кога ја здогледав прв пат во живо хрватската ѕвезда Северина (46) во хотелот „Александар …

Со балканските ѕвезди одблиску: Северина мириса опојно, Бадриќ шири позитивна енергија Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Имате толку работи зад себе, а сакате да напредувате повеќе од што е можно – ги имате саканите услови и поволни шанси, но ќе треба да се посоветувате со некоја етаблирана личност, која ќе ви даде понатамошни инструкции – сфатете ги зрело. Оваа средба ќе ви даде идеја како да успеете. БИК: Едвај го дочекавте викендот …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов Read More »

Груевски жежок костен во рацете на Орбан


Ерол Ризаов За искусните познавачи на судските процедури и процеси имаше јасни сигнали дека се работи за подготовка за бегство на Никола Груевски на повеќе нивоа и со повеќе луѓе. Од пласирање на аргументи пред домашната и светската јавност за нефер судење, до транспорт и барање на азил како жртва на политичка пресметка на хунтата …

Груевски жежок костен во рацете на Орбан Read More »

Бегство според Устав и закон


Ѓорѓи Спасов Откако помина викендот, кога доставувачите на покани за издржување казна на осудените лица не работат, многубројни телевизиски екипи и полицијата ја започнаа акцијата „Спроведување на осудениот Груевски во затвор“. Многубројната публика седната пред екраните гледаше како го бараат во неговиот дом од кој „излегол“, па по автомобилите кои влегуваа и излегуваа од седиштето …

Бегство според Устав и закон Read More »

Почина бившата девојка на Пи Диди со која има три деца


САД – Манекенката и актерка Ким Портер (47), инаку поранешна девојка на раперот Пи Диди и мајка на три негови деца, била пронајдена мртва во својот стан во Лос Анџелес. Портпаролката на Пи Диди ја потврдила трагичната вест и замолила да се почитува приватноста на семејството во овие тешки мигови. Извор за „ТМЗ“ тврдел дека …

Почина бившата девојка на Пи Диди со која има три деца Read More »

Српски и црногорски медиуми: Груевски во Унгарија влегол преку Србија


Србија-Српските и црногорските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори информираат дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија влегол преку Србија. Давајќи ја информацијата дека македонските државјани можат непречено да влезат во Албанија, Црна Гора и Србија со лична карта и дека до 13 ноември за Груевски не била распишана меѓународна потерница, според пишувањето на …

Српски и црногорски медиуми: Груевски во Унгарија влегол преку Србија Read More »

Хрватска на Мис на свет: Знамето како национален костим


Кина– На островот Санија, во тек се подготовките за изборот за Мис на светот кој ќе се одржи на 8 декември. Деведесет убавици од целиот свет ќе се натпреваруваат за титулата, сопственост на семејството Морли од Англија. Втор по престижност е изборот мис Универзум. Xрватската мис Ивана Мудниќ-Дујмина ќе се претстави со национален костим –кринолина …

Хрватска на Мис на свет: Знамето како национален костим Read More »

Џафери во Канада на 64. годишна сесија на Парламентарното собрание на НАТО


Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, заедно со потпретседателот Весел Мемеди и пратениците Илија Димоски и Катерина Кузманоска, од денеска до 19 ноември ќе учествува на 64. годишна сесија на Парламентарното собрание на НАТО, што ќе се одржи во Халифакс, Канада. На Сесијата Џафери ќе има обраќање, а можни се и средби нa …

Џафери во Канада на 64. годишна сесија на Парламентарното собрание на НАТО Read More »

Продолжува судењето за 27 април


Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. Случајот се наоѓа во доказна постапка, а на минатото рочиште беа читани смс и вибер пораки од вештачењето на мобилниот телефон на пратеникот Крсто Мукоски. На претходните рочишта беше читано вештачењето од мобилниот телефон на …

Продолжува судењето за 27 април Read More »

Брејк и Драгана Клопчевска чекаат втора принова: Ќерка е!


По синот Давид, кој наполни пет години, двојката бизнисмени Дарко Гелев- Брејк и Драгана Клопчевска чекаат ќерка. – Ни се оствари желбата. Јас да имам уште едно дете, а Брејк, по два сина, и ќерка. Растена сум со брат и сестра. Секогаш имаш друштво и никогаш не ти е здодевно. Посакував Давид да има брат …

Брејк и Драгана Клопчевска чекаат втора принова: Ќерка е! Read More »

Сончево, попладне дожд


Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност која во текот на денот повремено ќе се зголемува. Доцна попладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег, претежно во јужните и западните делови од земјата. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи …

Сончево, попладне дожд Read More »

(Фото) Сезона на капути и бунди: Холивуд знае најдобро


САД – Ако некој знае што е добар капут, тоа се дамите од стариот Холивуд: Ѕвезди како Мерилин Монро, Естер Вилијамс и Елизабет Тејлор се мајстори да изберат винтиџ-капути. Од волна, кашмир, од вистинско или лажно крзно, монохроматски или шарени, класични или модерни, тие најдобро ги носеа и влијаеја на модните трендови и тогаш и …

(Фото) Сезона на капути и бунди: Холивуд знае најдобро Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Работите се менуваат – како мастило пролеано врз парче хартија, сè ќе излезе на површина. Месечината во Риби има деликатно влијание и ако треба да донесете решение, внимавајте какви зборови користите. Немојте да сте остри и брзоплети, туку кротете ја енергијата користејќи ја зголемената интуиција. БИК: Ситуацијата се чини дека се менува и тоа сосема нагло …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес Read More »

Мода од текстилен отпад се носи и во Скопје


Мода од текстилен отпад се носи во Скопје. Откако на 18. Моден викенд започна проектот #Sustainablestorymk, и приказната за одржлив дизајн, употреба на нулта-отпад и како од текстилен отпад се добиваат уникатни креации, промовирани и во Штип и во Скопје, во хотелот „Мериот“, на ред се фотографиите од финалната фаза- снимени во центарот на  Скопје. …

Мода од текстилен отпад се носи и во Скопје Read More »

Софија: Груевски нема бугарски пасош


Бугарија – Министерството за правда на Бугарија ги демантира информациите објавени во некои медиуми дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски избегал во Унгарија со бугарски пасош. – Никола Груевски не е бугарски државјанин и не поднел документи за бугарско државјанство. На Груевски не му е издаден бугарски пасош од Министерството за внатрешни работи, соопшти бугарското Министерство за правда.

Постудено, до 16 степени


Времето денеска ќе биде умерено облачно и студено со умерен северен ветер долж Повардарието. Температурите се очекува да се движат во интервал од -1 до 16 степени. Во Скопје слично време со температури до 11 степени.

Леброн се искачи на петтото место на вечната листа НБА поентери


САД – Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА лигата, Леброн Џејмс изби на петтото место на вечната листа поентери, откако рано утрово во победата на ЛА Лејкерс над Портланд (126:117) постигна 44 поени. На Џејмс му недостасуваше само една асистенција да запише трипл-дабл. Тој средбата ја заврши со 10 скока и девет асистенции. Ѕвездата на …

Леброн се искачи на петтото место на вечната листа НБА поентери Read More »

Унгарски медими: Контроверзната апликација за азил на Груевски во процедура


Унгарија- Пребегувањето на поранешнот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија и побараниот азил и денеска се една од топ темите во унгарските медиуми. Главните дилеми кои ги поставуваат се како Груевски влегол во Унгарија, дали се испочитувани законските процедури, кој му помага во Будимпешта и какви ќе бидат последиците за Владата на Виктор Орбан, со кого, …

Унгарски медими: Контроверзната апликација за азил на Груевски во процедура Read More »

Македонската елита сака накит: „Ребека“ дојде во Скопје


Отмено, без многу помпа, со шампањско и мирис од Тоскана, пристигна уникатниот италијански накит „Ребека“(Rebecca) во Македонија. Неговата префинетост, нежен на допир а изработен со најнови технологии, во стилот на италијанското благородништво од Фиренца, прво го почувствува на своја кожа поп-ѕвездата Каролона Гочева- Корубин, која на Инстаграм го промовираше, а синоќа, во Скопје го виде …

Македонската елита сака накит: „Ребека“ дојде во Скопје Read More »

Од денеска задолжителна зимска опрема во возилата


Обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, започнува да важи од денеска, а ќе трае сѐ до 15 март следната година. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упати апел до возачите да бидат одговорни и да ја почитуваат законската обврска. – Иако временските услови сѐ уште се стабилни, сепак во наредниот период …

Од денеска задолжителна зимска опрема во возилата Read More »