(Фото) Сезона на капути и бунди: Холивуд знае најдобро


САД – Ако некој знае што е добар капут, тоа се дамите од стариот Холивуд: Ѕвезди како Мерилин Монро, Естер Вилијамс и Елизабет Тејлор се мајстори да изберат винтиџ-капути.

Од волна, кашмир, од вистинско или лажно крзно, монохроматски или шарени, класични или модерни, тие најдобро ги носеа и влијаеја на модните трендови и тогаш и сега.

Луксузните модни куќи како „Барбери“, „Гучи“ и „Живанши“ од своите колекции ги исфрлија вистинските крзна, заради заштита на животинскиот свет. Опција се лажните бунди кои исто така се трендовски и убаво греат.