Леброн се искачи на петтото место на вечната листа НБА поентери


САД – Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА лигата, Леброн Џејмс изби на петтото место на вечната листа поентери, откако рано утрово во победата на ЛА Лејкерс над Портланд (126:117) постигна 44 поени.

На Џејмс му недостасуваше само една асистенција да запише трипл-дабл. Тој средбата ја заврши со 10 скока и девет асистенции.

Ѕвездата на Лејкерси со 44-те поени против Портланд, стигна до вкупно 31.425 поени во неговата кариера.

На вечната листа поентери пред Леброн се:

1. Карим Абдул Џабар 38.387
2. Карл Мелоун 36.928
3. Коби Брајант 33.643
4. Мајкл Џордан 32.292.