Почина бившата девојка на Пи Диди со која има три деца


САД – Манекенката и актерка Ким Портер (47), инаку поранешна девојка на раперот Пи Диди и мајка на три негови деца, била пронајдена мртва во својот стан во Лос Анџелес.

Портпаролката на Пи Диди ја потврдила трагичната вест и замолила да се почитува приватноста на семејството во овие тешки мигови.

Извор за „ТМЗ“ тврдел дека Ким неколку дена била болна од симптоми слични на настинка, а се шпекулира и дека причината за смртта била или грип или воспаление на белите дробови. Но, официјална потврда за причината за смртта сè уште нема.

Раперот и Ким беа во врска од 1993 до 2007 година. Заедно ги одгледуваа синот на Ким од нејзината претходна врска, Квинси и трите заеднички деца, синот Кристијан и близначките Далила и Џеси.