Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Работите се менуваат – како мастило пролеано врз парче хартија, сè ќе излезе на површина. Месечината во Риби има деликатно влијание и ако треба да донесете решение, внимавајте какви зборови користите. Немојте да сте остри и брзоплети, туку кротете ја енергијата користејќи ја зголемената интуиција.

БИК: Ситуацијата се чини дека се менува и тоа сосема нагло – она што до вчера било приоритет, денес веќе не е и сега ќе треба да се адаптирате најдобро што можете! Застанете зад своите убедувања и покажете го најдоброто од себе, влечејќи од своите внатрешни ресурси. До вечер ќе бидете во среќна романса.

БЛИЗНАЦИ: Времето за ноншалантно однесување е завршено и сега ќе треба да се соочите со повисоки авторитети, кои ќе ве посоветуваат сериозно околу тешките законски прашања. Не е сè изгубено, само треба да знаете што е добро да оставите зад вас, а што да понесете како животно искуство. Шанси ќе има.

РАК: Нежни и сентиментални, ќе треба да избирате меѓу две опции и двете еднакво привлечни – имате поддршка од своите пријатели за понудите на некоја помлада личност, а сè што ќе треба да направите е да соберете храброст и да ги искористите овие потенцијали – вие веќе ги имате потребните алатки за тоа!

ЛАВ: Веќе ви е тешко да се носите со оваа ситуација и барате како до дојдете до мудро решение. Сега е добро да се потпрете на советите на некоја искусна и интуитивна женска личност, која ќе ве насочи каде да појдете. Можеби самата ќе ви даде младешки совети, а кои вие не очекувавте да ги чуете? Верувајте!

ДЕВИЦА: Поради својата педантна и организирана природа, денес би можеле да избувнете ако се соочите со хаос! Потпрете се на советите на некоја сочувствителна личност, чујте ги нежните зборови и понудени решенија. Ако успеете во тоа, до вечер ќе уживате во убава дружба и романса. Силни емоции.

ВАГА: Денес не е добро да избрзувате, особено не во оние работи каде што има заеднички интереси! Видете ја еднаквата инволвираност на двете страни и која е вашата улога во сето тоа. Ако сакате напред, ќе мора да преземете нешто, а тоа треба да има креативен потенцијал. Соработувајте со луѓе кои се визионери.

СКОРПИЈА: Вие сте првите на кои им текнува дека денес е Петок и дека е време за забава! Што и да правите, вие само мислите на тоа – едно те исто, како да дојдете до страсна прегратка во нечии соби. Замислувате варијанти, правите планови и шеми, но само ако го зауздите својот брз темперамент ќе дојдете до саканото!

СТРЕЛЕЦ: Јупитер и Меркур во вашиот знак ви носат прекрасни шанси за учење и напредување, но вие како да сте фокусирани само на минатите неуспеси, што е чудно за вас! Тоа воопшто не е оној дух по кој што го познаваме овој убав знак, затоа почнете да ги броите благословите во својот живот и продолжете напред.

ЈАРЕЦ: Ова беше бурна недела, со многу случувања и сега сте спремни да ги уживате плодовите на својот труд. Можеби ќе појдете некаде да ги презентирате своите идеи, а зад вас се кријат моќни поединци, затоа искористете го овој прекрасен период за исполнување на најискрените желби. Ќе уживате во признанија!

ВОДОЛИЈА: Без оглед на кажаното, ќе одлучите да продолжите напред, можеби дури и на буквален пат. Размислувате како да се покажете во најдобро светло и правите акробатски обиди пред очите на многу сведоци, кои се чини дека се критички настроени кон вас. Она што е важно е добрата волја, затоа продолжете така!

РИБИ: Не, вие не можете никако да се соочите со овој безмилосен и лажлив свет – сите светкави ветувања ви предизвикуваат конфузија, затоа ќе треба да се потпрете на советите на некоја креативна личност. Откако ќе го направите тоа, ќе успеете да ја зауздите својата енергија и ќе донесете решенија со длабока интуиција.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]