„Бушава азбука“ доби дигитална верзија
Генерации деца израснаа со неповторливата „Бушава азбука“. Серијата од 1985 година на режисерот Слободан Унковски и драматургот Горан Стефановски, во продукција на Македонската радио телевизија (МРТ), беше насочена кон детското образование и запознавање со македонската книжевност, култура и традиција преку музика, цртан филм, актерска игра. Серијата беше снимена по истоимената книга за која илустрациите ги …