Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Треба добро да ги разберете пораките што доаѓаат во ваш правец: иако работите се одвиваат според планираното, тоа не значи дека треба да се опуштите и да чекате да се завршат самите од себе. Оценете ја добро ситуацијата и немојте да сте импулсивни и наивни: ќе постигнете смиреност имајќи доза на хумор. Учете да правите пауза.

БИК: Пред вас се судбински промени: она што сакате да го постигнете, успешно ќе го остварите само ако внимавате на секој направен чекор. Тоа значи да бидете постојани и мирни, триумфирајќи над потенцијалните тешкотии: направете здрави граници, особено во финансискиот сектор. Добро избирајте што е приоритет, а што може да почека. Успех!

БЛИЗНАЦИ: Овој викенд ќе треба да ја покажете својата способност да се вклопите и да научите како да бидете едноставни: како да сте невидливи пред аргументите на авторитетите. Интелигентни и адаптибилни, ќе успеете да дојдете до саканиот плен, наоѓајќи ги слабостите на другите. Нашалете се малку и вратете со хумор, ако некој се обиде да ве надитри.

РАК: Добро се борите со физичката реалност, покажувајќи ја својата сила и разбирање за тековните трендови: ако треба, ќе го смените пристапот кон некои актуелни прашања и ќе проучувате како да постапите во непосредната иднина. Нови можности за напредување, кои што треба да бидат разгледани внимателно: откријте што ви е најважно!

ЛАВ: Не ветувајте повеќе, отколку што сте во можност да исполните: завршете ги одложените работи и внимавајте да не предизвикате љубомора кај некои кругови на луѓе. Ова е динамичен период и ако не се согласите со сите, сепак најдете време да се одморите: потоа ќе успеете да се справите со предизвиците. Нови и стимулативни договори.

ДЕВИЦА: Добри резултати поврзани со домот и сето она што ви е драго на срцето: семејството, љубовта или апартманот. Имате силни механизам за самозаштита и нема да дозволите да бидете излажани од нечии слатки ветувања: подготвени да ги браните сопствените уверувања, успешно поврзувате различни сектори во важни животни области.

ВАГА: Ако се соочите со некој опонент кој упорно го застапува својот став и мислење, ќе успеете храбро да се изборите со него: така ќе научите многу нови работи за себе си, откривајќи како да си помогнете и да ги поддржите саканите. Имате право да живеете удобен и софистициран живот, затоа не дозволувајте совети под вашите стандарди.

СКОРПИЈА: Интуитивни и страсни, нема да имате разбирање за стагнантната енергија околу себе: сакате да направите радикални промени и да ја надминете безнадежноста. Ја славите убавината на животот и успевате да побегнете од луѓето со низок морал: разбирајќи ги своите, но и туѓите недостатоци, ќе изнајдете функционален план. Почетоци.

СТРЕЛЕЦ: Неодамнешната сериозност се губи како роса на првите сончеви зраци: имагинативни и полни со креативна енергија, барате начини како да ја менаџирате силната динамика. Сега е потребно да бидете поотворени и флексибилни, за да може да дојдете до компромис, особено во интимните прашања. Неочекувано патување.

ЈАРЕЦ: Прекрасен период да ја откриете својата мека и нежна страна: интуицијата е нагласена, како и дипломатијата и грижливоста. Најстрашно во светот е немањето на сочувство и ќе минете многу часови размислувајќи за ова: внимавајте на нечии љубоморни испади, средби со луѓе со ограничен ум и посесивност. Изучувајте повеќе.

ВОДОЛИЈА: Сега не е време да продолжите во животот носејќи во себе некоја тага или незавршена состојба: времето е поволно да напредувате, особено ако имате разбирање и убави лични односи. Прашајте се што им е потребно на саканите и најдете сила да простите и продолжите напред. Верувајте во поволни исходи и тие ќе се случат! Исцелување.

РИБИ: Шанси за конкретни задоволства и напредување на финансиски план: нов бизнис или имот, кој ќе донесе позитивни резултати. Заштитени од страна на некоја влијателна фигура, работите чесно и исполнети сте со оптимизам: целосно се инвестирате во целите со долготраен карактер и постигнувате стабилност. Луѓето ви се воодушевуваат.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]