Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Постигнувате зрелост во своите интимни врски, инсистирајќи на праведни и долготрајни солуции: нема да си дозволите да ги повторувате истите прашања, без да дојдете до одговор и ако треба ќе се осамите за да откриете што е најдоброто за сега. Креативни и имагинативни, успешно ќе доберете по кој пат да тргнете: иницијативите се реализираат.

БИК: Еден циклус завршува и започнува нов: вашето внимание е фокусирано кон домот и потребите на саканите, како на реализација на вашите таленти. Можеби ќе ви биде попријатно да останете во сопственото друштво и да проучувате како да напредувате во овој момент од својот живот. Отворете го златниот кафез и пуштете ја душата да истражува.

БЛИЗНАЦИ: Слободни и мобилни , ова е ден кој што ќе го минете во движење: не сакате ништо да ве задржува и ќе го пратите сопственотот темпо. Сега ја гледате пошироката слика на работите и многу веројатно ќе се договарате со најблиските за важни живтони поглавја: бидете подготвени да отстапите и да се адаптирате кон постоечката реалност.

РАК: Чувствителни и имагинативни, денес сте олицетворение на смиреност и сензуалност: средба со личност од минатото, која што ќе ве потсети дека работите не се така црни. Сѐуште има за што да се борите, особено ако не се фокусирате на неуспесите и дилемите: насмејте се повремено и ќе успеете да шармирате некоја страсна и важна личност.

ЛАВ: Се појавуваат неколку опции, од кои што треба да ја изберете најповолната: тоа ќе го направите ако ја надминете склоноста кон песимизам. Ова може да е знак дека премалку знаете нешто за некоја важна работа и потребно е да бидете истрајни и силни за да ги постигнете своите желби. Се работи за решенија со долготраен карактер, затоа бирајте мудро.

ДЕВИЦА: Денес треба да ги погледнете работите од туѓа перспектива: ќе се ослободите од немирните мисли, ако му дозволите на она што не функционира да се смени, а тоа ќе го направите само ако сте доволно флексибилни. Размислувајте и креирајте нов пат кон бесконечноста: болката ќе сопре и ќе се почуствувате препородени. Се јавува нова надеж!

ВАГА: Ова е исклучително плоден период, во кој што има многу шанси за напредување: отворете се кон мистериите на светот и започнете нов проект, користејќи ги сопствените раскошни таленти. Не сите прашања имаат логичен одговор, затоа потрудете се повеќе ако се соочите со застој: на крајот од денот ќе почувстувате леснотија. Успех.

СКОРПИЈА: Прекрасен период во кој што уживате во постигнувањата на саканите и семејството: доаѓате до реализација со колкава сила располагате и сакате да започнете нешто сосема ново. Средба со важна личност, која што ќе ве инспирира и даде прекрасни идеи: со самодисциплина и симпатија, ќе успеете во своите напори. Балансирани емоции.

СТРЕЛЕЦ: Ако сакате да постигнете респект кај саканите, ќе треба да внимавате како се однесувате: најважно од сѐ е да не сте себични. Поработете врз својата личност и премолчете некој збор, давајќи им предност на другите: покажете ја својата културна и воспитана страна. Така ќе ги надминете недоразбирањата и потешкотиите, дури и на работен план.

ЈАРЕЦ: Се радувате на успешните и принципиелни договори и може да си честитате поради тоа: вашата личност нјадобро се изразува преку работата која што ја сакате. Набрзо ќе дојдете до саканата слобода и дел од одговорностите ќе остане во минатото: солуции поврзани со членови од семејството и мирни разговори. Слушајте го своето срце!

ВОДОЛИЈА: Поставувате нови темели кои што ќе ја покажат својата трајност во непосредната иднина: денешните планови се куќата во која што ќе живеете утре! Поседувате прекрасна моќ за трансформација и сѐ што е стагнантно, ќе остане во минатото. Фокусирани на личните партнерства, доаѓате до заслужени награди. Поседувате ретки вештини.

РИБИ: Ова е момент да се повлечете во своите интимни одаи и да го пратите гласот на интуицијата: не верувате во работите на прв поглед и тоа има своја позадина. Нема да си дозволите уште едно фијаско, а најважно од сѐ е тоа што ќе престанете да се лажете самите себе. Што и да се случи, бидете достоинствени и продолжете чесно напред. Успех!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]