„Парче душа“ на „Охридско лето“  – совршен остров за одмор на душата


Познатиот македонски актер Љупчо Тодоровски –Упа синоќа создаде совршен остров за одмор на душата преку проектот „Парче душа“ што го изведе во рамки на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“. Во прекрасниот амбиент во предворјето на црквата „Света Софија“, актерот и носител на проектот Тодоровски-Упа заедно со неговите пријатели и соработници, актерите Гордана Енроска и …

„Парче душа“ на „Охридско лето“  – совршен остров за одмор на душата Read More »

Охрид


ЛЕЈЛА САБИТ За некого бисер, а за некого бижутерија. За некого семејно наследство, а за некого културно наследство. За некого природна убавина, а за некого чиста политика. За некого рај, а за некого пекол. Или го сакаш, или го мразиш. Или бегаш, или му се навраќаш. Лете полн, зиме празен. Полесно ќе слеташ со авион …

Охрид Read More »

Ричард Гир се појави на брод со илегални мигранти во Медитеранот


Италија- Славниот холивудски актер и активист Ричард Гир по прес – конференцијата на италијанскиот остров Лампедуза каде зборуваше за мигрантската криза, се качи на бродот полн со илегални мигранти Open arms (Отворени раце) кој стои заглавен во Медитеранот и ја поддржа илегалната миграција во Европа! “Најбитното нешто за овие луѓе е да дојдат до слободно …

Ричард Гир се појави на брод со илегални мигранти во Медитеранот Read More »

Ларис Гајсер го користи случајот „Рекет“ за напади врз Могерини


Италијанскиот новинар со словенечко потекло Ларис Гајсер, кој за пошироката македонска јавност стана познат со објавувањето на снимените разговори за случајот „Рекет“, денеска на интернет изданието на весникот „Ла Верита“ објави видео колумна во која главна цел на напади се Европската унија и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност во заминување, Федерика …

Ларис Гајсер го користи случајот „Рекет“ за напади врз Могерини Read More »

Турските актери од „Буре барут“ на „Свети Наум“ : Чувствуваме позитивна енергија


Турските актери, кои во петокот вечерта ја изведоа театарската претстава „Буре Барут“ на „Охридско лето“ , уживаа во посетата на манастирскиот комплекс „Свети Наум Охридски“. Со туристичкиот водич на Охридско лето го посетија манастирот и изворите на реката Црн Дрим. Беа воодушевени од богата историја, но и спојот на духовното, природното и културното богатство на …

Турските актери од „Буре барут“ на „Свети Наум“ : Чувствуваме позитивна енергија Read More »

Безос продаде нов пакет акции за 990 милиони долари


САД– Основачот и директор на Амазон Џеф Безос во првите два дена на август продал уште еден пакет од над 530.000 акции на Амазон за 990 милиони долари. По плаќањето на данокот, нето добивката од оваа трансакција на Безос ќе му донесе 750 милиони долари. Само неколку дена претходно, Безос продаде акции вредни 1,8 милијарди …

Безос продаде нов пакет акции за 990 милиони долари Read More »

Граѓаните поседуваат 621 илјада парчиња оружје, само четвртина се регистрирани


Околу 621 илјада парчиња оружје поседуваат граѓаните на Република Северна Македонија, односно 29.79 парчиња по глава од жител. Од нив, само 169.687 се регистрирани, а 451.313 нерегистрирани, покажуваат податоците од истражувањето на организацијата „Small Arms Survey“ (SAS). Со овие бројки нашата држава се наоѓа на осмото место во Европа, а е 13-та во светот по …

Граѓаните поседуваат 621 илјада парчиња оружје, само четвртина се регистрирани Read More »

Честитка на Заев за Курбан Бајрам: Да ги негуваме солидарноста и грижата кон другите  како наш заеднички влог


Премиерот Зоран Заев упати честитка по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам до сите македонски граѓани од исламска вероисповед, до Исламската верска заедница, до поглаварот Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и членовите на Ријасетот со која им посакува среќни и спокојни празнични денови, со срдечни желби празникот да го прослават во добро расположение …

Честитка на Заев за Курбан Бајрам: Да ги негуваме солидарноста и грижата кон другите  како наш заеднички влог Read More »

Уште четири дена многу високи температури, да се избегнува директна изложеност на сонце


Сончево и топло време со многу високи температури од портокалова фаза, што веќе неколку дена ја зафатија целата држава, ќе се задржи до 14 август. Утринските температури денеска ќе се движат од 13 до 21 степен, а дневните од 31 до 40 степени. Во Скопје температурата ќе достигне до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува …

Уште четири дена многу високи температури, да се избегнува директна изложеност на сонце Read More »

Муслиманите го слават Курбан Бајрам


Верниците од муслиманска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам. Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан. Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран. …

Муслиманите го слават Курбан Бајрам Read More »

Надал против Медведев во финалето во Монтреал


Канада – Првиот носител, Рафаел Надал од Шпанија и осмиот фаворит, Данил Медведев од Русија ќе играат во финалето на АТП турнирот во кандаски Монтреал. Ова е епилогот по полуфиналната фаза во која Медведев го совлада шестиот носител и сонародник Карен Хачанов со 2:0 за еден час и 24 минути. Другото полуфинале не се одигра. Надал …

Надал против Медведев во финалето во Монтреал Read More »

Археолозите по трасата на новиот експресен пат Штип – Кочани


Патуваме по трасата на експресниот пат Штип – Кочани. Екипата пристигнува над селото Крупиште во општина Карбинци, до новата клучка каде што жителите на околните села, но и на Пробиштип, ќе се приклучуваат кон новиот експресен пат. Големи камиони што носат градежен материјал зад себе оставаат прашина. Патниците кои поминуваат добиваат впечаток дека забрзано се …

Археолозите по трасата на новиот експресен пат Штип – Кочани Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН:  Ова е период за интроспекција, иако планетраните влијанија се динамични и активни: треба да најдете начин да ја обновите својата духовна сила, со она што ве исполнува најмногу. Патувајте, дружете се со пријателите и споделувајте креативни идеи, кои набрзо ќе можете да ги испробате и да видите дали функционираат. БИК: Во прегратка на нежна …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов Read More »

Турските актери од Истанбул ја носат „Буре Барут“ на „Долни Сарај“


Драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со театарската претстава „Буре Барут“ на Дејан Дуковски, во режија на Јилдирај Шахинлер што на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот ќе ја донесат актерите на Народниот театар Истанбул. „Буре Барут“ на Дејан Дуковски е претстава што е прикажана во многу европски земји и пошироко. …

Турските актери од Истанбул ја носат „Буре Барут“ на „Долни Сарај“ Read More »

Градникот како модно парче : Прашајте ја Сара Џесика Паркер


Италија- Облечена во свилени пижами, под кои носи сексапилен корсет, таа изјави: „Време е за пижама парти“. Не би изгледала толку шик да не се сребрените штикли и дискретниот накит. Славната актерка Сара Џесика Паркер (54), Кери од „Сексот и градот“ сега го промовира градникот како модно парче, а не како долна облека. Лани стана …

Градникот како модно парче : Прашајте ја Сара Џесика Паркер Read More »

Дуке Бојаџиев: Охрид е срцето на Македонија


Вкусен спој на различна музика што ја соедини публиката на фестивалот „Охридско лето“ направи синоќа Дуке Бојаџиев кој одржа концерт на Долни Сарај. Овој извонреден музичар кој настапува на најпрестижните концертни подиуми ширум светот меѓу кои и Карнеги Хол во Њујорк, е секогаш скромен и  со позитивна енергија што мошне лесно и’ ја пренесува на …

Дуке Бојаџиев: Охрид е срцето на Македонија Read More »

Турски актери во македонскиот филм „Најтешкото нешто“ во режија на Сердар Акар


На локации во Битола и нејзината околина и во главниот град деновиве се одвива снимањето на првиот македонски филм снимен на турски јазик со работен наслов „Најтешкото нешто“ во режија на турскиот режисер Сердар Акар, а во продукција на Сектор Филм од Скопје. Како што соопшти Сектор Филм, станува збор за прв македонски филм снимен …

Турски актери во македонскиот филм „Најтешкото нешто“ во режија на Сердар Акар Read More »

Грабар-Китарoвиќ најави кандидатура за втор мандат


Хрватска– Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китарoвиќ изјави дека ќе се кандидира за вториот мандат на чело на државата, изјавувајќи дека „сега не може да и сврти грб на Хрватска“, пренесе Фена. -Секако, влегувам во кандидатура за нов претседателски мандат, а наскоро и ќе ја објавам. Но, пред тоа, сакам да работам што поголем дел од мандатниот …

Грабар-Китарoвиќ најави кандидатура за втор мандат Read More »

Досега поделени над 33.000 картички за „зелена нафта“


Вчера почна распределбата на 1.672 персонализирани картички за „зелена нафта“ на земјоделците од Велес, Чашка и Градско, кои се во вкупна вредност од околу шест милиони денари. Преку оваа мерка, и институциите и земјоделците се приспособуваат кон земјоделската политика на ЕУ, а на сметките на 55.000 земјоделци во Македонија се враќаат околу 200 милиони денари …

Досега поделени над 33.000 картички за „зелена нафта“ Read More »

Надал го надмина Федерер по победи во „Мастерс“ турнирите


Канада – Рафаел Надал се квалификуваше за четвртфиналето на „Мастерс“ турнирот во Монтреал, откако го победи Гвидо Пеја со 6:3, 6:4 за 1 час и 41 минута. Така, Шпанецот го престигна својот голем ривал Роџер Федерер во победи на турнири во оваа категорија и сега има 379. Тој е и човекот со најмногу „Мастерс“ титули (34), …

Надал го надмина Федерер по победи во „Мастерс“ турнирите Read More »