Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН:  Ова е период за интроспекција, иако планетраните влијанија се динамични и активни: треба да најдете начин да ја обновите својата духовна сила, со она што ве исполнува најмногу. Патувајте, дружете се со пријателите и споделувајте креативни идеи, кои набрзо ќе можете да ги испробате и да видите дали функционираат.

БИК: Во прегратка на нежна комуникација, љубовта се враќа повторно во вашиот живот: прекрасни и екстатични моменти, кога потешкотиите остануваат во минатото. Безгрижни и исполнети со оптимизам, уживате со саканите во необична средина или, пак, на пикник во природа. Поддршка од колегите и претпоставените.

БЛИЗНАЦИ: Ова е убав период, но ќе треба да внимавате на потенцијалните опоненти: останете смирени и трпеливи, размислувајќи логично за работите. Ако играте чесно, ќе дојдете до убави награди и ќе им останете верни на своите емоции и принципи. Останете по малку резервирани и очекувајте напредување од следната недела.

РАК: Сега е добро да се прашате како ги вреднувате работите, бидејќи каква перцепција имате, такви случки и ќе привлекувате. Ако размислувате мрачно, ќе се соочите со олуја и потешкотии; ако пак знаете да се фокусирате на позитивното, нема да правите нагли заклучоци и ќе ја разберете променливата природа на животот.

ЛАВ: Сега веќе сте подготвени за превземање на ризици, но знајте дека ќе биде подобро да причекате уште малку: не може сѐ да се реши со еден скок и тоа во непознат правец. Во вашето срце гори тајна светлина, која што ве води дури и во најтемните времиња, а сега таа мистерија се разоткрива: верувајте ѝ на интуицијата. Просветлување.

ДЕВИЦА: Ако досега чекавте на нешто, сега е добро да престанете: исчекувањето може да направи тензија, а препуштањето на вишите сили носи олеснување. На тој начин ќе ја подобрите својата психофизичка состојба и ќе ја вратите среќата во животот. Чудни искуства, кои што ќе ви дадат сила и инспирација: повторно верувате во себе си!

ВАГА: Влегувате во нова фаза кога ќе уживате голема среќа во романтичниот живот: шармантни и духовити, ги заведувате сите наоколу со својот рафиниран вкус. Ако веќе сте во интимна врска, ова ќе биде викенд посветен на вашите љубовни апетити. Што и да посакате, сега се чини дека сѐ е возможно, па дури и промоција.

СКОРПИЈА: Наидувате на неизвесен и променлив период, кога може да доживеете лични и емоционални испади: работите не се одвиваат лесно. Блокади и губитоци, како и незгода од страна на крадци, но и аргументи и недоразбирања. Направете промена и не заглавувајте во старите шеми на однесување: ќе увидите дека промената ви годи.

СТРЕЛЕЦ: Одеднаш се соочувате со мистерија или вашите сопствени емоции ви стануваат нејасни: не плашете се од себе, тоа интуицијата ви одговара како е најдобро да постапите сега. Контакт со личност при која што ќе треба да освестите многу работи заедно и нема да ги повторите старите грешки. Бидете точни и прецизни, особено ако работите.

ЈАРЕЦ: Ако си дозволите да се сомневате, нема да постигнете ништо: дилемите го одолговлекуваат моментот за делување и тој се развлекува како асфалт на патиштата. Можеби е подобро да работите сами, бидејќи постои реална можност некој на кој што му верувате да ве разочара. Фокусирајте го вниманието на семејството.

ВОДОЛИЈА: Ова е период кога сте фокусирани на работата и односите со јавноста: треба да знаете дека страста има две страни, исто како и острицата на мечот. Прекумерната страст може да доведе до опсесивно однесување, но затоа пак ќе добиете шанса да научите нешто ново за себе и да пораснете. Отстранете го отпорот и развивајте се.

РИБИ: Прекрасен период да ја одморите својата душа и тело: дури и да сте тажни, ќе успеете да се освежите. Можеби не ви е лесно, но и покрај ситните проблеми, ќе успеете да си го вратите духовниот мир. Ситните здравствени потешкотии се решаваат самите од себе, особено ако ги следите препораките кои што сте ги добиле. Сега сте среќни.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]