Горјан Тозија-Медо : Oд каде и да почнам, секогаш ќе завршам со моите пријателски чувства кон Хрватска


  Почитувани, Дозволете ми на самиот почеток да го изразам своето искрено жалење за непријатните медиумски изложувања поттикнати од преписка на социјалните мрежи, која во ниту еден случај не ги претставува официјалните ставови на Северна Македонија, ниту пак се одраз на моето политичко, идеолошко, културно, социолошко и конечно, морално убедување во светло на македонско-хрватските релации. […]

Пекинг ново жариште на Ковид-19


Кина– Во Пекинг под карантин се ставени 11 станбени квартови поради појава на ново жариште на Ковид-19 на пазар, соопштија денеска кинеските власти. Седум лица се инфицирани со новиот коронавирус од пазарот, поради што се затворени девет училишта и градинки. Според најновите податоци, во светот со Ковид-19 се заразени 7.741.062 лица, од кои 428.352 починаа, […]

Бразил на второ место по бројот на смртни случаи од Ковид-19


Бразил – Бразил ја престигна Велика Британија по бројот на смртни случаи од последици од новиот коронавирус и сега е на втор место, зад САД. Вкупниот број на починати луѓе се искачи на 41.828, од кои во 909 лица во изминатите 24 часа. Министерството за здравство на Бразил соопшти дека вкупниот број на инфицирани лица изнесува […]

САД засега не го обновуваат издавањето визи, но почнаа да издаваат пасоши


САД– САД засега не го обновуваат издавањето визи во своите конзуларни претставништва, изјави Карл Риш, помошник државeн секретар на САД задолжен за конзуларни работи. Тој на вчерашниот брифинг за новинарите истакна дека повеќе информации за возобновување на издавањето визи за САД ќе има за неколку недели. – Стејт департментот продолжува да ја следи локалната состојба со […]

ФЗО ќе може да го утврдува начинот за издавање лекови без рецепт


Владата ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравственото осигурување за време на вонредна состојба, со што на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (ФЗО) му се дава можност да го утврди начинот и активностите за остварување на правото на лекови на осигуреното лице без приложување на рецепт. Владата […]

Исплатени 1,6 милиони евра од „Ковид 2“ кон 83 компании


На 117 компании со 3001 вработен досега им се одобрени средства од втората бескаматна кредитна линија „Ковид 2“ преку Развојната банка на Република Северна Македонија, а на 83 од нив веќе им се исплатени средствата. Одобрениот износ, како што информираат за МИА од Развојната банка, на овие 117 компании е два милиони евра, а исплатени […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест


За македонски државјани, граничните премини за излез од Северна Македонија се отворени со потпишување на соодветна изјава која ја издава МВР на самиот премин. Со таа изјава, секој граѓанин се обврзува дека нема да бара помош од државата, во случај на проблем во странство. При влез во државата, пак, секој граѓанин мора да приложи направен […]

Денеска завршува вонредната состојба


Лидерите на двете најголеми партии во земјава, Зоран Заев и Христијан Мицкоски на вчерашната средба не постигнаа договор за датум за одржување на предвремени парламентарни избори, а вечер завршува вонредната состојба, што беше воведена од страна на претседателот Стево Пендаровски заради состојбата со епидемијата во земјава. Имено, како што посочија од кабинетот на Пандаровски, каде […]

КОВИД-19 ја намали продажбата на недвижности, цените непроменети


Агенциите за недвижности во главниот град по двомесечна пауза поради кризата со КОВИД-19 повторно работат, пазарот бележи раздвижување, но само кај продажбите на становите, каде нема промени во цените. Закупите на станови се значитено намалени затоа што голем дел од нив се испразнети. Продажба и издавање на куќи речиси и да нема. Од Агенцијата за […]

Македонија во исчекување на преговарачката рамка


Северна Македонија заедно со Албанија е во исчекување на презентацијата на нацрт преговарачката рамка која деновиве треба да ја претстави Европската Комисија. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска на виртуелната панел дискусија „Пристапување во ЕУ на Западен Балкан: Кредибилност, предвидливост и политичко водство“, во рамки на Економскиот форум Делфи, што се одржа од Атина, најави […]

Сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има извесно зголемување на облачноста. Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 9 до 16, а максималната ќе се искачи од 22 до 30 степени. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер, претежно од северозападен правец, повремено ќе се засилува. […]

Подигнато обвинение против актерката Силвија Стојановска за шверц на кокаин


Против актерката Силвија Стојановска и нејзиниот сопруг Воислав Будисављевиќ Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение за шверц на кокаин од Колумбија во Шпанија. Брачниот пар беше уапсен пред шест месеци во рамки на меѓународната операција „Колибри“ заедно со уште три лица во Шпанија. Обвинителството побара да ѝ се продолжи куќниот притвор. „Во […]

Скопје има фонтана за освежување, не за парички (галерија)


Деца од вчера ја отворија сезоната на капење во фонтаната во центарот на Скопје која прерасна во своевидна атракција меѓу Скопјани и странските туристи. Фонтаната со години наназад во лето, напролет или наесен служи или за освежување или за украс, во неа не се фрлаат парички како во познатата фонтана Треви во центарот на Рим, […]

Кели Кларксон се разведува по 7 години брак


САД- Кели Кларксон (38) се разведува од својот сопруг Брендон Блексток (43) по 7 години брак. Според извештајот на „Бласт“, поп-ѕвездата поднела барање за развод во судот во Лос Анџелес на 4 јуни. Досега ниту Кели ниту Брендон не зборувале во јавноста за можен развод. Двојката стапи во брак во 2013 година, и има две […]

Холивуд во услови на корона: Без љубовни сцени, борби и актерите да молчат


САД- Со строги мерки на претпазливост и листа на правила што мора да се почитуваат од сите присутни на сетот, во Лос Анџелес од денеска продолжува филмската и ТВ продукција што беше паузирана поради пандемијата на COVID-19 Variety објави дека протоколот за рестартирање на снимањето налага сите присутни на сетот да носат заштитни маски за лице, а […]

На Копакабана – симболични гробови за жртвите на коронавирусот во Бразил


Бразил – Симболични гробови за жртвите на коронавирусот во Бразил, осамнаа на можеби најпознатата бразилска плажа – Копакабана, во Рио де Жанеиро. Пред легендарниот хотел „Копакабана палас“ во песокот беа ископани 10 реда дупки. Пред секоја се наоѓаше црн крст со бразилското знаме. „Ова е протест против низата грешки што ги направи Федералната влада во справувањето со […]

Од крштевки на свадби, се шират кластерите на коронавирусот


Скопје останува главно жариште на коронавирусот во Северна Македонија по регистрираните нови 131 случај. Состојбата во Штип и Тетово се смирува, но останува проблемот со групните собири низ земјата   Јунскиот тренд на троцифрен раст на бројот на заразени од коронавирусот продолжи и вчера со нови 175 случаи. Причините за ширењето на заразата остануваат непроменети: непочитување […]

Во изминатото деноноќие 1.022 лица не носеле маски, за 231 решенија за изолација, а за 161 во самоизолација


На 231 лице им се издадени решенија за изолација, а 161 лице потпишале изјави за самоизолација, во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија. Од страна на полициски службеници, како што информираа денеска од МВР, извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека две лица не […]

Исмаил Кадаре: Ја доби наградата „Прозарт“ во Скопје, се заблагодари од Париз


Наградата „Прозарт“, која Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ му ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, оваа година му припадна на големиот албански писател Исмаил Кадаре за неговиот импозантен повеќедецениски романсиерски и есеистички опус, кој редовно предизвикува највисоки одгласи кај европската и светската критика. Поради неможноста фестивалот да […]

Гајле


ЛЕЈЛА САБИТ Некој заспива со гaјле, некој се буди со гајле, некој не бере гајле, некој има мало, а некој големо гајле. Нема човек или држава без гајле. И на Запад и на Исток. Гајле си имаат и богатите и сиромашните, секој си го гледа своето гајле, баш ми е гајле за твоето гајле. Кога […]