Беверли Џонсон, супермоделот кој испиша историја, се сврши на 67 години


САД- Беверли Џонсон, супермоделот кој испиша историја како прва црномуреста жена на насловната страница на „Вог“ во 1974 година, вели: „Бидејќи јас кршев граници во модната индустрија, тој го правеше истото на Вол Стрит“.

Сега на 67 години, Џонсон за „Пипл“  изјави „да се најде љубовта на мојот живот во овој момент од мојот живот е неверојатно“.

Открива дека нејзината свршувачка со 70-годишниот финансиер со кој живее во Ранчо Мираж, Калифорнија, не беше точно планирано.

Тоа се случи додека тие присуствувале на настан во Палм Спрингс, со членови на нивното пошироко семејство.

„Секогаш велев дека никогаш повеќе нема да се омажам”. (Таа претходно беше омажена за агентот за недвижнини Били Потер и подоцна музички продуцент Дани Симс, татко на нивната ќерка Ананза.)

Младоженецот, место дијамантски свршенички прстен и купил куќа.

Џонсон неодамна стана актуелна кога напиша статија за расизмот во модата, инспирирана од сопственото искуство, од нејзините рани денови во индустријата на модели, кога честопати била единствениот црномурест модел на снимање, и која била „укорувана“ кога барала црномурести шминкери и фризери за фотосесиите.