Директорот на ФДА се сомнева во најавите на Трамп за вакцина против Ковид-19


САД –  Директорот на Американската федерална управа за лекови (ФДА), Стивен Хан, се сомнева во најавите на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека вакцината против Ковид-19 ќе биде подготвена оваа година. – Не можам да предвидам кога вакцината ќе биде достапна, изјави Хан, пренесе Би-Би-Си. Хан, кој е член на кризната група во Белата куќа за […]

Франција не ја забранува целосно „Хуавеј“ од 5G мрежата, но воведува ограничувања


Франција–  Кинеската компанија за телекомуникациска опрема Хуавеј нема да биде целосно забранета во мрежата од петта генерација (5G) во Франција, но француските оператори што користат таква опрема ќе добијат дозволи за период до осум години, јавија француски медиуми повикувајќи се на Националната агенција за безбедност на информатички системи. „Она што можам да кажам е дека нема […]

Одложено отворањето на Таџ Махал поради голем број новозаразени со Ковид-19


Индија – Отворањето на Таџ Махал за туристи вчера беше одложено поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот во областа околу познатиот споменик. Во Индија, коронавирусот вчера беше потврден кај 24.850 новозаразени, што е најголемиот дневен пораст од почетокот на пандемијата во земјата. Во истиот период починаа повеќе од 600 луѓе. Агра, градот во […]

Меси постави личен рекорд по бројот на асистенции во Ла Лига


Шпанија – Капитенот на Барселона, Лионел Меси синоќа подготви два гола за своите соиграчи во триумфот над Виљареал со 4:1. Аргентинецот во 34. коло од шампионатот на Шпанија им асистираше на Луис Суарез и Антоан Гризман и стигна до 19 додавања по кои е постигнат гол. Ова е личен рекорд за Меси. Во сезоните 2010/11 и […]

Почнува „Скопско лето“ со ограничен број посетители и со мерки за заштита


Со концертот „Скопје во три бои“ вечер од 20.30 часот во Сули ан ќе биде отоврен 41-от фестивал „Скопско лето“, кој традиционално почнува на 21 јуни. Поради пандемијата, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје (ДКУС) ќе ја организира летната манифестација на главниот град согласно со протоколите за организација на јавни настани донесени од Владата. Бројот […]

Научници тврдат дека коронавирусот се пренесува преку воздух, од СЗО бараат промена на препораките


Швајцарија– Стотици научници тврдат дека постојат докази дека коронавирусот во помали честички во воздухот може да биде заразен и ја повикаа СЗО да ги промени своите препораки, објави Њујорк Тајмс. СЗО наведува дека коронавирусот првенствено се шири од човек на личност со капки од носот и устата на заразено лице при кивање, кашлање или зборување. […]

Актерот Ник Кордеро ја изгуби битката со коронавирусот


САД- Ѕвездата од Бродвеј номиниран за наградите „Тони“ Ник Кордеро познат и по улогите во Bullets Over Broadway, Rock of Ages, Waitress, и A Bronx Tale, како и во ТВ хит-серијата Blue Bloods, почина на 41 година од компликации од Ковид-19, по 90 дена откако е хоспитализиран. Неговата сопруга, фитнес тренер и танчарка Аманда Клоутс, низ солзи ги објави […]

СДСМ денес во Штип и Ѓорче Петров, а ВМРО-ДПМНЕ во Василево, Босилово и Ново Село


Правда за сите, администрација по европски стандарди, сигурност, просперитет, борба против корупцијата и криминалот, обнова на правосудството, подобар живот за младите, реформи во образованието, ова синоќа им го ветија политичките партии на граѓаните во рамки на предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на […]

Во континуитет висок број на починати од Ковид-19, досега 341 смртен случај


Седум починати од Ковид-19 се регистрирани вчера, со што вкупната бројка на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 341. Пет од нив се од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево. Институтот вчера регистрира 115 нови случаи заразени со овој вирус, а 40 лица оздравеле. Новите случаи на Ковид-19 се во Скопје-53, […]

Облачно, а од пладне нестабилно


Времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и појава на краткотраен дожд, а од пладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер понекаде и во форма на невреме и со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне […]

Израел е во вонредна состојба поради Ковид-19


Израел – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди денеска дека земјата се наоѓа во вонредна состојба поради драстичното зголемување на бројот на нови случаи на зараза со коронавирус. – Се наоѓаме среде нов напад на коронавирусот. Епидемијата е многу силна, во целиот свет и кај нас, истакна Нетанјаху на владина седница. Тој предупреди дека доколку не се […]

САД рекордер-повеќе од 45.000 нови случаи на коронавирус


Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 11.469.455 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив умреле 535.059, а оздравеле 6.489.415 лица. – Во САД во последните 24 часа се потврдени повеќе од 45.000 нови случаи на коронавирус. Досега во земјата се заразени 2.839.436, а од Ковид-19 починале 129.676 луѓе. САД се први во светот […]

Уапсени соработници на бугарскиот тајкун Васил Божков, следеле судии


Бугарија– Специјалниот кривичен суд во Софија им одреди најтешка мерка „притвор под стража“ на Славчо Марков и Веселин Балтов, кои се блиски соработници на бугарскиот тајкун Васил Божков. Двајцата се уапсени вчера во полициска акција, а против нив се покренати обвиненија за вмешаност во криминална група за убиства, изнуда и други тешки кривични дела, организирани […]

Првата дама Ѓоргиевска: Како да се користат медицинските маски (видео)


Новиот коронавирус, за жал, останува меѓу нас. Вестите за загубени животи и новозаболени сограѓани се дел од нашата реалност. За доброто на сите, неопходно е сите заедно да ги почитуваме препораките: ? Миење раце; ?Одржување растојание од 2 м; ?Носење маска. Чувајте се!, напиша Елизабета Ѓоргиевска на својот Фејсбук профил, сопругата на претседателот Стево Пендаровски. Проф. […]

Бел ангел за Денот на независноста: Меланија знае да избере што е најскапо


САД-  Независно од политиката на претседателот Доналд Трамп, неспорно е дека првата дама на Америка, Меланија Трамп негува дамски, достоинствен и префинет имиџ. Иако поради политичките гледишта на нејзиниот сопруг, беше опструирана од добар дел од светски познатите дизајнери, сепак таа изнајде формула како да се избори за својот статус на икона на стилот во […]

Макрон утре ќе го објави составот на новата влада


Франција– Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе го претстави составот на новата влада, изјавија извори блиски на шефот на државата. Пред два дена францускиот премиер Едуар Филип поднесе оставка, а Макрон на негово место го именуваше Жан Кастекс. Макрон и Кастекс подоцна денеска ќе одржат состанок во Елисејската палата, на кој ќе разговараат за составот […]

Без папараци и забави, Париз се подготвува за виртуелна Модна недела


Франција (Ројтерс) – Париз вообичаено е бучен за време на Неделата на висока мода во јули, кога неговите хотели полни со зависници од модата се претвораат во локации за модни писти. Но, во услови на криза предизвикана од коронавирусот, топ-дизајнерите, наместо тоа, ќе експериментираат оваа недела со онлајн ревии за да го задржат вниманието на […]

Антикорупциска влезе во Агенцијата за филм


Членови на Државната комисија за спречување на корупцијата неделава биле во посета на Агенцијата за филм и ја проверувале законитоста на работењето на директорот Горјан Тозија. Во ДКСК пристигнале неколку пријави за сомневања во законското работење на Тозија како директор на Агенцијата за филм, по кои веќе се води сериозна истрага. И Министерството за култура […]

СЗО прекина со истражување – хидроксихлоракинот не ја намалува смртноста од Ковид-19


Швајцарија – Светската здравствена организација соопшти дека ги прекинува испитувањата за лекот за маларија –  хидроксихлорокин и комбинацијата на лекови за вирусот ХИВ – лопинавир / ритонавир, кај пациентите хоспитализирани заради коронавирус, бидејќи тие не ја намалиле  смртноста. „Резултатите од привремените тестови покажуваат дека хидроксихлорокин и лопинавир / ритонавир придонесуваат за мало или никакво намалување на […]

Бразил во пикот на епидемијата веќе 50 дена е без министер за здравство


Бразил – Бразил веќе 50 дена е без официјален министер за здравство, додека во земјата се регистрирани повеќе од 1,5 милиони случаи на коронавирус. Оваа функција привремено ја извршува генералот Едуардо Пачуело, кој нема никакво претходно медицинско искуство, бидејќи последниот министер за здравство, Нелсон Теих, поднесе оставка на 15 мај. Теих, кој на функцијата мина […]