Трамп има доверба во докторка којa верува во секс со демони


Претседателот на САД, Доналд Трамп, уште еднаш го промовираше антималаричниот хидроксихлорокин како лек против коронавирусот со објавување на видео на докторка, која се поврзува со контроверзни медицински теории и ставови против хомосексуалците.

Видеото на д-р Стела Имануел од Хјустон се појави на „Фејсбук“, но оваа социјална мрежа го избриша, верувајќи дека хидроксихлорохинот сè уште е непроверен и дека не треба да се промовира како лек против Ковид 19. Токму тоа оваа лекарка го тврдеше во видеото што го видоа 17 милиони луѓе пред да биде отстрането.

Според „Дејли Бист“, д-р Имануел е склона на неконвенционални настапи, па затоа и изнесуваше тези за секс со демони, вонземска ДНК и ставови против ЛГБТ популацијата. Пред седум години, таа рече дека ендометриозата, фиброзата и цистите настануваат од демони кои имаат секс со жените додека спијат. Таа исто така верува дека вештерките се обидуваат да го уништат светот со помош на абортус, истополовите бракови и детските игри. Според нејзината теорија, ДНК на вонземјаните се користи за лекување на луѓе, а тие воделе и дел од американската Влада. Таа ова го изјави за време на миса во црква, бидејќи не е само лекар, туку и свештеничка.

Таа тврди дека излекувала 350 лица од вирусот корона и дека нема потреба да се носат маски затоа што постои лек – хидроксихлорокин. Ова видео на Твитер го објави и најстариот син на претседателот Доналд Трамп Јуниор, по што Твитер го укина неговиот профил.

Сепак, и шефот на Белата куќа го сподели и ова видео, пофалувајќи ја афро-американската лекарка кој живее во Тексас, а по потекло од Камерун, која завршила медицина во Нигерија. Таа вели дека токму во таа земја лекувала пациенти со маларија со хидроксихлорокин.

За лекот се велеше дека помага против Ковид-19, но лекарите претежно повикуваа на претпазливост, тврдејќи дека станува збор за антималарик чиј ефект врз пациентите со корона не е целосно истражен. Американската агенција за храна и лекови прво дозволи употреба на овој лек за лекување на пациенти во критична состојба, но подоцна го повлече одобрувањето. Трамп со месеци го промовираше овој лек, тврдејќи дека го пие превентивно, што придонесе за хаосот поврзан со Ковид-19, проценува Си-Ен-Ен. Додека Америка се соочува со речиси 150.000 смртни случаи како резултат на короната, нејзиниот лидер се пожали на фактот дека еден од најголемите експерти за епидемија и член на стручниот штаб, Ентони Фаучи, има повисок рејтинг од него. Трамп се прашува зошто го нема истиот рејтинг како доктор Фаучи затоа што тврди дека ги применил скоро сите негови совети.

Фаучи на почетокот тврдеше дека вирусот не е толку опасен, но брзо се премисли и повика на затворање на училишта, компании и барови. Како експерт кој со децении ги советува претседателите на САД за епидемија, тој ужива углед во јавноста. Иако и претходно изнесуваше ставови спротивни на Трамп, односите меѓу двајцата се влошија во последните два месеци. Додека претседателот сака економијата да функционира нормално и учениците и студентите да се вратат во училиштата и колеџите, Фаучи е против тоа.

Д-р Имануел му порача на Трамп дека би сакала да разговара со него за здравствената состојба, додека сенаторите, Фаучи и челниците на Си-Ен-Ен ги повика да и испратат урина за анализа, тврдејќи дека сите земаат хидроксихлороин.

Според Универзитетот Џонс Хопкинс, Америка бележи четвртина од заразените со корона во светот, околу 4,8 милиони луѓе. Многу компании ги испратија вработените повторно да работат од дома, но правилата за дистанцирање не се почитуваат насекаде, па се одржуваа концерти и слични настани. Охрабрувачка вест е дека во американскиот југ, кој беше најтешко погоден во вториот бран на коронавирусот, бројот на пациенти се стабилизира откако со недели го уриваше дневниот рекорд.

Компанијата „Модерна“ ја почна третата фаза од клиничкото испитување на вакцината, додека „Фајзер“ објави дека влегува во последната фаза и оти ќе ја тестира вакцината на околу 30.000 волонтери. Повеќето возрасни Американци добиле 1.200 американски долари државна финансиска помош, но во Конгресот се води дебата за тоа дали повторно треба да се подели истата сума. Демократите го поддржуваат предлогот, а републиканците се подготвени да гласаат за тоа, доколку неделната помош за невработени се намали од 600 на 200 долари. Околу милион Американци ги загубија своите работни места од почетокот на епидемијата. (Политика)