EУ останува затворена за граѓаните на Македонија до крајот на август


Македонците до крајот на август нема да може да патуваат во земјите од Европската унија. Дипломатски извори од Брисел потврдиле дека амбасадорите на земјите членки одлучиле на новата ажурирана листа де нема измени за земјите чии граѓани ќе можат да патуваат во ЕУ за време на пандемијата со коронавирусот. На оваа листа нема ниту една земји од западниот Балкан, пренесува српски „Танјуг“.

Тоа за граѓаните на Македонија значи дека уште еден месец ќе останат во исчекување дали ќе се подобри ситуацијата со коронавирусот во земјава за да бидат кренати граничните рампи да можат да патуваат во државите од Европската унија.

Оценката на амбасадорите е дека епидемилошката состојба во земјите од регионов е лоша, поради што е потврдена претходната одлука. Иако во претходниот период одлуките за тоа кои земји остануваат ќе се најдата на листата за патување во ЕУ беше најавено дека ќе се ажурира на секои две недели, денешната одлука што треба да биде донесена ќе важи еден месец, до септември. Можна е интервенција на листата од страна на ЕУ само доколку во некоја од земјите има дрстичен пад на заразените со коронавирусот пренесуваат дипломатите од Брисел.