Руте: Северна Македонија има постигнато повеќе од Албанија


Германија – Холандија е помалку загрижена за Северна Македонија, а повеќе за Албанија, во однос на одлуката за одредување датум за почеток на преговорите со ЕУ оваа есен, изјави холандскиот премиер Марк Руте. Тој синоќа во Берлин се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел, но според протоколот од состанокот, проширувањето на ЕУ не било на агендата. …

Руте: Северна Македонија има постигнато повеќе од Албанија Read More »

Парламентарното собрание на Советот на Европа го поздрави напредокот постигнат од Северна Македонија


Франција – Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) го поздрави напредокот постигнат од 2013 година од страна на властите на Северна Македонија, наведувајќи пет области што ќе продолжи да ги оценува во следниот извештај, јавува дописникот на МИА од Стразбур. Во резолуцијата усвоена доцна вчера вечер врз основа на извештајот на Лиз Кристоферсен (Норвешка, Социјалист) и Александар …

Парламентарното собрание на Советот на Европа го поздрави напредокот постигнат од Северна Македонија Read More »

Законот за покачување на платите во јавната администрација пред пратениците


Собранието на Република Северна Македонија денеска по скратена постапка треба да го разгледа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, со кој треба да се овозможи покачување од пет отсто на платите во јавната администрација. Вчера од Владата најавија дека септемвриската плата со ветеното покачување од …

Законот за покачување на платите во јавната администрација пред пратениците Read More »

Хрват се обиде да се самозапали пред зградата на Европската Комисија


Белгија – Белгиската полиција спречила маж кој се обидувал да се самозапали пред зградата на Европската Комисија синоќа во Брисел. Според полициски извори станува збор за Хрват кој “сакал да го привлече вниманието на Емануел Макрон“, францускиот претседател, на неговите семејни проблеми. Во зградата на Европската Комисија нема шефови на држави и влади и ниеден европски …

Хрват се обиде да се самозапали пред зградата на Европската Комисија Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Средба со личност на егзекутивна позиција, која што е по малку глува за вашите сугестии: добивате лекција или две, по што ќе знаете како да продолжите напред. Бидете незжни во романтичните врски и не срамете се да ги изразите своите емоции: кажете јасно и гласно што мислите и ќе ги отстраните дилемите. Успех. БИК: …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес Read More »

Анѓушев: Успешноста на економијата се мери по цел сет параметри


Оценката на економската успешност е комплес на бројки што треба да се гледаат интегрално. Успешноста не се мери само по еден параметар, туку по цел сет параметри и затоа очекувам 2019 година да биде најуспешна во последните 15 години и да има раст над 3,5 проценти и поголем, при „0“ задолжување од државата или многу …

Анѓушев: Успешноста на економијата се мери по цел сет параметри Read More »

Пендаровски и Ѓукановиќ: Посетата на Помпео е враќање на голема врата на САД во регионот


Посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на регионот во која се вклучени и Северна Македонија и Црна Гора претставува враќање на голема врата на САД во регионот, оценија на денешната прес-конференција во Скопје  претседателите на двете држави Стево Пендаровски и Мило Ѓукановиќ. Ѓукановиќ нагласува дека посетата е на линија на зголеменото присуство на САД …

Пендаровски и Ѓукановиќ: Посетата на Помпео е враќање на голема врата на САД во регионот Read More »

Коктел од портокал е спас од стресот: Го пие вашата кожа, а не вие


Како и освежувачкиот пијалок од портокал, така и освежувачкиот третман за вашето лице е спакуван во висококвалитетен шејкер кој содржи 200 пати повеќе концентриран витамин Ц од еден портокал. Го мешате како вистински коктел за да се спојат со хијалуронската киселина за да создадат серум кој ве подмладува 10 години. Се вика EucerinHyaluron-Filler Витамин Ц …

Коктел од портокал е спас од стресот: Го пие вашата кожа, а не вие Read More »

Таткото на Бијонсе има рак на дојка


САД- Таткото на поп-ѕвездата Бијонсе и на пејачката Соланж Ноулс, Метју Ноулс (67) изјави дека боледува од рак на дојка. Само еден процент од мажите заболуваат од рак на дојка и тоа во зрелите години, и е смртоносен ако не се открие во рана фаза, пренесуваат американските медиуми. По 30 години брак, Ноулс се разведе …

Таткото на Бијонсе има рак на дојка Read More »

Вилата „Водно“ откри: Кој го чува грбот на Пендаровски?


Високите државни почести денеска за претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ во вилата „Водно“ откри кој го чува грбот на македонскиот претседател и воедно врховен командант Стево Пендаровски. Тоа е првата жена-аѓутант во нашата историја на оваа должност, полковник Билјана Блажевска, промовирана на оваа функција на 18 август, на Денот на Армијата. Полковник Блажеска била …

Вилата „Водно“ откри: Кој го чува грбот на Пендаровски? Read More »

Сугарески: Засилена динамика на изградбата на автопатот Кичево-Охрид


Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува позасилена динамика на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, каде, како што вели, се прават напори дел од патот на делницата од Охрид до Врбјани да биде отворен наредната година. – Во делот на патната инфраструктура продолжи изградбата на автопатот Кичево-Охрид, очекуваме тоа да се случува со уште позасилена …

Сугарески: Засилена динамика на изградбата на автопатот Кичево-Охрид Read More »

Светозар Јаневски за „Бета“: Миграцијата на работна сила најголем проблем на регионот


Србија – Најголем проблем со кој се соочува регионот е миграцијата на работната сила, па затоа е важно да се најде начин да бидат задржани работниците, вели македонскиот бизнисмен и претседател на Управниот одбор на винаријата „Тиквеш“, Светозар Јаневски за српската агенција БЕТА. Според него, регионалната соработка најмногу ја кочи затвореноста на секоја земја во рамките …

Светозар Јаневски за „Бета“: Миграцијата на работна сила најголем проблем на регионот Read More »

Балетот ја почнува сезоната со „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“


Со премиера на две балетски едночинки – „Валпургиска ноќ“ и „Кармен“, в сабота (5 октомври) од 20 часот ќе биде отворена новата сезона 2019/2020 на Балетот при НОБ, во знакот на седум децении од неговото основање. Двете постановки се специјално подготвени за јубилејот и се во кореографија на Габор Кевехази од Унгарија. „Валпургиска ноќ“ е …

Балетот ја почнува сезоната со „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“ Read More »

Претседателски стил на Водно: Чистата елеганција на Пендаровски и Ѓукановиќ


Македонскиот претседател Стево Пендаровски (56) својот прв висок гостин од негов ранг , црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ (57) го пречека на високо ниво, најелитно и највисоко во Скопје- на Водно, со црвен килим. Целиот сообраќај утрово во главниот град беше закрчен заради важната посета, а небото го надлетуваше и хеликоптер. Со стилот, покажаа висока дипломатија. …

Претседателски стил на Водно: Чистата елеганција на Пендаровски и Ѓукановиќ Read More »

Хависто: Финска како претседавач со ЕУ очекува одлука за преговори


Сведоци сме колку важни чекори направи вашата Влада кон остварување на целта за пристапување кон Европската унија. Ги следиме сите настани особено во областа на владеење на правото, има отворени случаи и работиме на нив. Проширувањето е важен чекор напред во Европската унија и се надевам дека оваа есен ќе биде донесена одлука со цел …

Хависто: Финска како претседавач со ЕУ очекува одлука за преговори Read More »

 „Ај Кју“ со нова преработка: Народната „Јано Мори“ во модерна верзија


По неколкуте синглови со кои „Ај Кју’ смело запливаа во меѓународните музички води како “Dancin”, “Love me hate me” и “Too late” на ред дојде една интересна преработка на песната „Јано мори“. Дуото кое по настапот на Евровизија 2018 е многу активно низ Европа и Австралија поголемиот дел од оваа година го помина во Лондон …

 „Ај Кју“ со нова преработка: Народната „Јано Мори“ во модерна верзија Read More »

Владимир Јанчевски добитник на наградата „Ладислав Баришиќ“ за ликовна критика


Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија му ја додели наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2019 година од областа на ликовната критика на Владимир Јанчевски. Тој е награден за неговиот предлог истражувачки проект „Политички слики после смртта на уметноста: Фотомонтажните интервенции како релевантна политичка акција и нивната дисеминација во медиосферата“. По повеќе доставени предлози, одлуката ја донесе …

Владимир Јанчевски добитник на наградата „Ладислав Баришиќ“ за ликовна критика Read More »

Децата со попреченост ќе изучуваат специјална „Build-Up“ програма со „Лего“ коцки


Поттикнување на комуникација, концентрација, логичко размислување, развој на фината моторика, упорност, истрајност, независност, одговорност, стекнување со стратегија како децата сами да дојдат до целта, разбирање на процесите, способност за заедничка работа со врсниците, способност за вклучување во игра со правила, емоционална контрола и вештина за снаоѓање во различни ситуации, се само дел од целите кои …

Децата со попреченост ќе изучуваат специјална „Build-Up“ програма со „Лего“ коцки Read More »

Голем интерес за одржлива мода: Први настан на Fashion Revolution Macedonia во Скопје


Со разменување на облека и проекции на документарецот „True Cost“, кој ни ја доближува реалноста зад убавото лице на модниот свет и производството во модната индустрија, тимот на Fashion Revolution Macedonia, вчера го одржа својот прв настан во Јавна соба во Скопје. „Целта на денешниот настан е да започнеме со адаптирање на глобалното движење – …

Голем интерес за одржлива мода: Први настан на Fashion Revolution Macedonia во Скопје Read More »

Идната недела Градот ќе добие лиценца да ги грее скопјани


Скопскиот градоначалник Петре Шилегов очекува во текот на наредната недела да биде формализирано барањето за добивање лиценца за дистрибуција со топлинска енергија на новото претпријатие АД „Градски енергетски системи“, додавајќи дека ќе се намали цената на овој енергенс. – Одлуките на Советот на Град Скопје и на Акционерското собрание беа изминатиот четврток, се изработуваат, се …

Идната недела Градот ќе добие лиценца да ги грее скопјани Read More »