Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Средба со личност на егзекутивна позиција, која што е по малку глува за вашите сугестии: добивате лекција или две, по што ќе знаете како да продолжите напред. Бидете незжни во романтичните врски и не срамете се да ги изразите своите емоции: кажете јасно и гласно што мислите и ќе ги отстраните дилемите. Успех.

БИК: Добивате пораки кои што ви сигнализираат како да постапите: скриени сигнали, благослови и инспирација, со која што добивате нова визија. Вашето здравје е солидно и сега сте во вистинска хармонија со себе си. Бидете смели, но и внимателни и ќе ја откриете тајната на успехот: препуштете ѝ се на убавината да ве води!

БЛИЗНАЦИ: Однесувајте се умерено, особено во областа на домот: рестрикциите набрзо завршуваат, со што ќе успеете да го вратите балансот и да се насмеете повеќе. Облекувајте се добро и според своите средства, а покажете му внимание на семејството: со убави зборови научете ги дека моќта се постигнува со вредна работа.

РАК: Секој човек може да има будалести размислувања, но мудар е оној кој што ги премолчува: сѐ што има почеток, има и свој крај и она што сте го вложиле, ќе се искристализира и ќе донесе плод. Во фокус доаѓа вашата харизма, особено при средбите со некоја личност од романтичното минато. Време е за мода, стил и елеганција.

ЛАВ: Потребно ви е поголемо разбирање за одвивањето на мистериите во животот, со кое што би дошле до духовно будење: разберете дека таквото знаење бара дисциплина. Не фоксусирајте се на минатото и она што не успеало, туку на она што допрва можете да го постигнете и храбро минете го мостот: водете храбро со својот пример.

ДЕВИЦА: Облаците се растргнуваат и денес сте храбри за да се соочите со непознатото: времето за молк, но и мрморење завршува и под ова небо уште многу луѓе ќе минат, кои што ќе ви донесат нови искуства и ќе го разбудат вашето срце. Тоа знае да чука во различни ритми, затоа подгответе се за една убава авантура: ова е ваш час!

ВАГА: Ова е ден кога портите на животот се отвараат нашироко и сега сте заведени од убави влијанија, човечка топлина и чуден магнетизам. Еден циклус завршува и започнува друг, во кој што ќе откриете дека ве водат небесни сили, многу поголеми од сѐ друго. Средба со некоја специјална личност, како и успех во работата.

СКОРПИЈА: Дури и слободата мора да има свои граници: се соочувате со некаков вид на блокади или тајни, со кои што доаѓате до космичка свесност. Ова е моќна динамика, која што ако не е исконтролирана, би можела да ве повреди. Не дозволувајте умот да ви лута и внимавајте на репродуктивните органи. Нови сознанија.

СТРЕЛЕЦ: Времето за колебање завршува: од денес натаму имате моќ да ја видите пошироката слика на животот и да сфатите дека сѐ досега се занимавате само со детали. Разбудете се од овој сон и бидете во тек со времето: разберете дека и наклонетоста е некаков вид на слабост, затоа најдете нова цел за која што би се жртвувале.

ЈАРЕЦ: Денес сте трпеливи: добро го разбирате времето и не губите ниту миг додека работите. Молкот и говорот имаат исто значење, како мирот на земјата и во срцето. Правите вистински напори следејќи го својот биоритам и чекате да бидете наградени за својот труд: животот е мултикратно патување за кое што сте благодарни.

ВОДОЛИЈА: Срамота е да делите совети за кои што и самите не се придржувате: отстранете ги погрешните уверувања, стравови и анимални нагони. Во животот е најтешко да се спознае вистината и да се постигне совршенство и малкумина успеваат во тоа. Сепак, вреди за тоа да се борите. Како? Со тоа што ќе ги храните добрите навики.

РИБИ: По самото утро се познава денот и со тоа ви е јасно дека треба да сте умерени, трпеливи и да тежнеете кон заеднички решенија, наместо да се браните од некакви замислени неприлики. Бидете рецептивни и ќе дојдете до нова емоционална перспектива. Луѓето имаат различни карактери, кои што стануваат судбини.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]