Премиерот на Малта во официјална посета на Македонија
Делегација на Република Малта предводена од премиерот Џозеф Мускат денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Делегацијата, со највисоки државни и воени почести, ќе биде пречекана на платото пред македонската Влада од страна на премиерот Зоран Заев. Се очекува двајцата премиери да одржат заедничка прес-конференција во 11:40 часот во медија центарот на Владата.