Сончево и топло, температури до 31 степен


Во земјава денеска времето ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти меѓу 3 и 11, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло. Минималната температура ќе биде 10, а максималната 29 степени.

Од УХМР информираат дека во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината.