ЕБОР прогнозира пад на македонскиот БДП од 5 проценти годинава, раст од 3 проценти догодина


Пад од пет проценти на македонската економија годинава и раст од три проценти следната година, предвидува Европската банка за обнова и развој во денеска објавената есенска макроекономска прогноза. -Според нашите проекции, годинава ќе има пад на БДП од пет проценти и раст од три проценти следната година, што е слично со останатите земји од Западен […]

Баросо е новиот претседател на клучната коалиција против коронавирусот


САД- Поранешниот претседател на Европската комисија Жозе Мануел Баросо е назначен за претседател на Сојузот Гави, кој го надгледува системот за глобален пристап до вакцината против коронавирусот под покровителство на Обединетите нации. Управниот одбор на Гави, во кој членуваат УНИЦЕФ, Светската здравствена организација, Светската банка и Фондот Бил и Мелинда Гејтс, едногласно го потврдија изборот на […]

Над 73 милиони гледачи ја следеле правата тв-дебата Трамп-Бајден


САД – Повеќе од 73 милиони луѓе во САД го следеа првиот круг на предизборните телевизиски дебати меѓу актуелниот претседател Доналд Трамп и кандидатот на демократите Џозеф Бајден. Тоа го покаќуваат податоците на компанијата Ниелсен. Според компанијата, околу 17,8 милиони Американци ја следеле дебатата на Фокс Њуз, 12,6 милиони на Еј-Би-Си Њуз и 9,7 милиони на […]

(Видео) Заев и Царовска на првиот училиштен ден во „Коменски“


Премиерот Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска по повод почетокот на учебната 2020/2021 година ќе се обратат во основното училиште „Јан Амос Коменски“ во Карпош. Училишната година првпат е одложена за еден месец и денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, меѓу кои 19 илјади се првачиња. Еден […]

Сончево со умерена облачност и умерен западен ветер


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, во западните делови повремено значително облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 26 степени. Во Скопје и околината ќе биде сончево со умерена облачност и […]

Почнува учебната година за учениците и студентите


Одложено за учениците и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година која е со многу неизвесности поради непредвидливост со заразата од Ковид-19. Училишната година денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, меѓу кои 19 илјади се првачиња – еден дел ќе бидат во клупите, а поголеми дел ќе учат онлајн од дома. […]

Вонреден самит на ЕУ


Белгија– Лидерите на ЕУ27 денеска и утре ќе се состанат на вонреден самит во Брисел за да разговараат за надворешната и безбедносната политика, како и за зајакнување на економската политика на ЕУ. – Ќе се фокусираме на местото на Европа во светот и нашата способност да ја обликуваме сопствената судбина, рече претседателот на Европскиот совет, […]

Барања за отказ на сестри од Инфективна ја разбрануваа јавноста, расте бројот на новозаразени 


Објавите на социјалните мрежи дека три медицински сестри од Клиниката за инфективни болести, меѓу кои и главната сестра, поднеле барања за откази поради расправии со претпоставените, ја разбранува јавноста во услови кога и натаму секојдневно се бележат трицифрени бројки на наовоинфицирани со Ковид-19. Министерот за здравство Венко Филипче вчера оствари средба со трите сестри и […]

Жена во визба од зграда во Париз што ја наследила пронашла половин милион евра


Франција – На дното од визбата на една зграда во седмиот арондисман во Париз во стар куфер се криело вистинско богатство – повеќе од 500.000 евра, во различни,  а во понеделникот ги открила жената која сакала да го продаде станот, јави дописникот на МИА. Куферот, според пишувањето на „Паризиен“, можно е да бил поврзан со случај […]

Вимблдон ќе се одржи во 2021 година без навивачи


Англија – Отвореното првенство во тенис на Британија ќе се одржи следната година дури и без навивачи на трибините. Турнирот беше откажан во 2020 година за прв пат по Втората светска војна поради коронавирусот, во кој загинаа повеќе од 42.000 луѓе во Велика Британија. Организаторите на тенискиот клуб „Ол Ингланд Лоун Тенис Клаб“ (АЕЛТЦ) не сакаа […]

Фотографијата се слика со затворена уста – не мораш ништо да објаснуваш: Милчо Манчевски пред изложбата во МСУ


Лејла Сабит „Во книгата и на изложбата имаме фотографии сликани по цел свет – 88 слики од Индија, Њујорк, Виетнам, Русија, Македонија, Тајван, Куба, Турција, Црна Гора, Тексас… и сите тие се некаде таму – не само географски, туку и визуелно, сите тие се на друго место, не се дел од нас, ги гледаме од […]

Цел октомври фестивал „Букстар-20 vs Ковид-19“


Шестото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“/„Книжевни ѕвезди“ ќе се одржува цел месец октомври, со различни настани и активности. Слоганот на фестивалот е „BOOKSTAR-20 vs. COVID-19“. Како што соопшти организаторот – Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје, првиот настан во рамки на Фестивалот ќе биде изложба на фотографии на македонскиот режисер Милчо Манчевски, која ќе […]

До недела стабилно време со дневни температури до 30 степени


До недела ќе преовладува стабилно време, а веќе од понеделник синоптичарите најавуваат локална нестабилност. Во следните два дена утринските температури ќе бидат пониски, а дневните ќе бидат во пораст. Утре ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец, а потоа од јужен правец што ќе предизвика дополнителен пораст на температурите. Дневните […]

Росица Мршиќ на дизајнерски викенд во Софија: По 10 години сум како дома


Македонската дизајнерка Росица Мршиќ ќе ја претстави “Colorscape” колекцијата утре ( 1 октомври) во шоурумот на концептуалната платформа Иван Асен 22 во Софија. Платформата  е основана за да подржува развој, создавање и претставување на проекти во областа на современиот моден дизајн.    Основач, уметнички директор и куратор на оваа платформа е Нели Митева, која е фриленсер дизајнер, […]

„Дизни“ укинува 28.000 работни места


САД–  Компанијата „Волт Дизни“ намалува работни места за 28.000 вработени во своите забавни објекти во САД. Ова е најновиот сигнал дека патувањата ќе бидат со потешкотии во земјата долго време. Намалувањето влијае на тематските паркови на компанијата, крузери и трговијата на мало, соопштија од Дизни. Тие вклучуваат и менаџери, иако 67 проценти од отпуштените се […]

Османи за Агенција Европа: Првата меѓувладина конференција во декември


Белгија – Во интервју за Агенција Европа, дадено за време на неговата посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, изјави дека очекува првата меѓувладина конференција со ЕУ да се одржи во декември, јави дописничката на МИА од Брисел. -Првата меѓувладина конференција е од врвно значење, таа подразбира операционализација на политичкиот консензус постигнат во март […]

Од март до јуни во Србија имало трипати повеќе смртни случаи од Ковид-19 отколку што било официјално соопштено, тврди епидемиолог


Србија – Српскиот епидемиолог Предраг Кон синоќа изјави дека според негово истражување, врз основа на податоците на Градскиот институт за јавно здравје, од март до јуни имало трипати повеќе смртни случаи отколку што е официјално објавено, односно објавено во писмена форма. Кон за Њузмакс Адрија изјави дека во своето истражување, од март до јуни, открил 210 […]

Избор на најуспешни жени менаџери


Најуспешните жени менаџери за 2019 година ќе бидат промовирани вечер на манифестацијата што традиционално веќе 24 години ја организира агенцијата „Марили“. Најуспешните жени менаџери за 2019 се избрани според веќе воспоставени критериуми, доаѓаат од успешни компани од различни области и дејности од целата држава. Тие најчесто биле препорачани, но, сепак, се почитувала и нивната лична […]

Строг костум и маска: Стилот на Меланија Трамп за првата претседателска дебата


САД– Првата дама Меланија синоќа присуствуваше на првата претседателска дебата во редок изглед за неа – маска. Г-ѓа Трамп носеше скроен црн костум на настанот, што се одржа на Универзитетот „Кејс Вестерн Резерв“ во Кливленд, Охајо. Таа исто така носеше едноставна маска за лице – широко препорачана здравствена претпазливост за да се спречи ширењето на […]

По првата тв-дебата, Бајден собра рекордни 3,8 милиони долари донации за еден час


САД – Кампањата на кандидатот на демократите за претседател на САД, Џо Бајден собра рекордни 3,8 милиони долари за само еден час, јавија американски медиуми. Тоа се случи по првата тв-дебата меѓу Бајден и Доналд Трамп, што се одржа во Кливленд. Висок советник на Бајден, како резултат на хаотичната и непријателска дебата за која некои веќе […]