Росица Мршиќ на дизајнерски викенд во Софија: По 10 години сум како дома


Македонската дизајнерка Росица Мршиќ ќе ја претстави “Colorscape” колекцијата утре ( 1 октомври) во шоурумот на концептуалната платформа Иван Асен 22 во Софија. Платформата  е основана за да подржува развој, создавање и претставување на проекти во областа на современиот моден дизајн. 
 

Основач, уметнички директор и куратор на оваа платформа е Нели Митева, која е фриленсер дизајнер, професор на Akademie Mode & Design Munich, консултант за дизајнерски концепти, модно новинарство и дизајн на костими. Таа го насочува својот интерес од 2010 година во правец на концептуалната мода и улогата на ваквата модаво контекст на модерните уметности. Нејзината работа и нејзиниот придонес за развој на дизајнерската сцена на Југоисточна Европа се  интернационално познати и наградувани: Design-Innovation-Award of the North Rhine-Westphalia Economics Ministry, GrandPrixInternational Fashion Design Berlin2003, BIG SEE Inspirational-Visionary Award.

Оваа сезона, бугарската модна публика и интернационалните модни следбеници  ќе имаат можност од близу да ја видат модната колекција на Росица Мршиќ за време на нејзиниот дизајнерски викенд во шоурумот. Дизајнерката веќе 10 години е присутна на тамошната сцена и е дел од оваа дизајнерска платформа, каде редовно ги презентира своите сезонски колекции. Покрај учеството во Софија, Росица учествувала и на модните саеми во Виена и Минхен во организација на Иван Асен 22.