Мајорка ги затвора улиците со кафулиња поради пијаните туристи, стравувајќи од ширење на коронавирусот


Регионалната влада на Балеарските Острови нареди затворање на три популарни улици во Мајорка, за да ги спречи пијаните туристи, поради кои им се заканува ново избувнување на коронавирусот. Мерката е воведена откако неколку видеозаписи покажаа како британски и германски туристи се забавуваат без заштитни маски во преполни кафулиња и ноќни клубови, а некои дури скокаа …

Мајорка ги затвора улиците со кафулиња поради пијаните туристи, стравувајќи од ширење на коронавирусот Read More »

Принцезата Беатрис се омажи на тајна церемонија во Виндзор


Англија- Принцезата Беатрис (31) се венча на приватна церемонија вчера, во присуство на нејзината баба, кралицата Елизабета Втора, соопшти Бакингамската палата. Беатрис се омажи за италијанскиот финансиер Едоардо Мапели Моци (37) во Кралската капела на сите светци во Виндзор. Се почитуваа мерките за заштита од Ковид-19, се вели во соопштението од палатата. Беатрис, ќерката на …

Принцезата Беатрис се омажи на тајна церемонија во Виндзор Read More »

Во Боливија седум министри заразени со новиот коронавирус


Боливија  – Уште еден министер во Боливија, седми по ред, е заразен со новиот коронавирус, и тоа е повеќе од една третина од членовите на преодната влада на претседателката Жанин Ањес, која исто така е заразена. Седмиот заразен министер е министерот за економски развој, Хозе Абел Мартинез, кој е сместен во карантин, но ќе продолжи …

Во Боливија седум министри заразени со новиот коронавирус Read More »

Закерберг со критики за Трамп поради справувањето со коронавирусот (видео)


САД  –   Шефот на американската компанија Фејсбук, Марк Закерберг смета дека мала е ефикасноста на администрацијата на претседателот Доналд Трамп во борбата против коронавирусот, објави „Хил“. „Во моментов е очигледно дека ширењето на инфекцијата во САД е многу полошо отколку во многу други земји низ целиот свет, а нашата влада и администрација се справуваат со ова …

Закерберг со критики за Трамп поради справувањето со коронавирусот (видео) Read More »

Рекорден број заразени со Ковид-19 во САД трет ден по ред


САД–  Рекордно зголемување на нови случаи на коронавирус е регистрирано  трет ден по ред во САД, објави универзитетот Џонс Хопкинс. Според нив, за 24-часовен период има  77.638 потврдени заразени лица. Така, вкупниот број заразени во САД достигна речиси 3,64 милиони. Во САД од Ковид-19 во последните 24 часа починале 927 лица. Со тоа, вкупниот број …

Рекорден број заразени со Ковид-19 во САД трет ден по ред Read More »

Трамп ги симнал портретите на Клинтон и Буш од Големото фоаје во Белата куќа


САД  –  Официјалните портрети на поранешните американски претседатели Бил Клинтон и Џорџ Буш помладиот се отстранети минатата недела од големото фоаје на Белата куќа и заменети со портрети на двајца републикански претседатели, кои пред многу време ја водеа државата, јави Си-Ен-Ен. Според традицијата на Белата куќа, портретите на неодамнешните претседатели треба да бидат изложени на влезот …

Трамп ги симнал портретите на Клинтон и Буш од Големото фоаје во Белата куќа Read More »

Засега без договор на самитот на ЕУ за Фондот за обнова на економијата и буџетската рамка на Унијата до 2027


Белгија– Лидерите на Европската унија  не можат да постигнат договор за Фондот за обнова на економијата и буџетската рамка на Унијата до 2027 година, јави ДПА цитирајќи претставник на Советот на ЕУ. Самитот на 27-те во Брисел ќе продолжи денеска во 11 часот. Информацијата ја потврди на Твитер портпаролот на Европскиот совет. – Ние сме …

Засега без договор на самитот на ЕУ за Фондот за обнова на економијата и буџетската рамка на Унијата до 2027 Read More »

Преговорите за новата влада по Илинден, ЕУ очекува стабилна коалиција и силен Парламент


Преговорите за формирање на новата влада ќе почнат по Илинден. Тогаш, согласно законските рокови, како што соопшти СДСМ, ќе стартува процесот на дефинирање коалиција. Европската унија очекува стабилна владина коалиција и силен Парламент. Тоа го порача вчера, преку еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и шефот на дипломатијата на ЕУ, Јосеп Борел. – Имајќи го предвид …

Преговорите за новата влада по Илинден, ЕУ очекува стабилна коалиција и силен Парламент Read More »

За помалку од 100 часа во светот заразени со Ковид-19 еден милион луѓе


Англија – За првпат, бројот на заразени со новиот коронавирус во светот се зголеми за еден милион за помалку од 100 часа, јавија западни медиуми врз основа на официјални податоци. Вкупниот број потврдени заразени во светот надмина 14 милиони (14.194.140). Првиот случај беше пријавен во Кина на почетокот на јануари и беа потребни три месеци да …

За помалку од 100 часа во светот заразени со Ковид-19 еден милион луѓе Read More »

ДИК до 19:30 ќе прима приговори за сумирањето и утврдувањето на резултатите од изборите


До 19 часот и 30 минути вечерва може да се поднесуваат приговори за сумирањето и утврдувањето на резултатите од предвремените парламентарни избори. До Државната изборна комисија (ДИК) вчера пристигнаа 82 приговора и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето. Според портпаролот на ДИК, Адмир Шабани, најголем број од приговорите, 74, се од Алијанса …

ДИК до 19:30 ќе прима приговори за сумирањето и утврдувањето на резултатите од изборите Read More »

Активни на коронавирус во Скопје има 1.837 лица, трицифрен е бројот во осум општини


Нови 164 случаи со потврден вирус Ковид-19 од 1.612 тестирања беа евидентирани во вчерашниот билтен на Министерството за здравство по изминати 24 часа. Починаа пет пациенти, од кои најмладиот на 35-годишна возраст од Скопје, кој се лекувал во ГОБ „8 Септември“. Од крајот на февруари, кога почна епидемијата во земјава, вирусот е потврден кај вкупно …

Активни на коронавирус во Скопје има 1.837 лица, трицифрен е бројот во осум општини Read More »

Променливо облачно и нестабилно


Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурата,на воздухот особено на северот, осетно ќе се намали. Утринската температура …

Променливо облачно и нестабилно Read More »

Во светот 14 милиони заразени од Ковид, 500 илјади починале


Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 14.058.847 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 595.001, а оздравеле 8.360.756 луѓе. – Шестмина починати, 103 новозаболени и 95 излекувани од Ковид-19 се регистрирани во Косово во текот на минатиот ден. Според последните официјални податоци на косовските здравствени власти, во земјата досега се потврдени 5.472 …

Во светот 14 милиони заразени од Ковид, 500 илјади починале Read More »

ММФ за САД: Зголемување на бројот на заразени со Ковид-19 најголем ризик за економијата


САД– Главен ризик за економско закрепнување на САД е повторното појавување на случаи на заразени со Ковид-19 што би принудило повторно деловно затворање, предупреди денеска Меѓународниот монетарен фонд. Владата на САД ќе треба да стори повеќе во наредните месеци за да обезбеди поддршка на домаќинствата и да ја зголеми побарувачката, како и да се посвети …

ММФ за САД: Зголемување на бројот на заразени со Ковид-19 најголем ризик за економијата Read More »

Дерковски: Поради истрагата на МВР, сајтот на ДИК нема да се ажурира


„Поради истрагата на МВР,  сајтoт на Државната изборна комисија нема да се   ажурира, туку изборните податоци ќе ги објавиме на табела“, изјави претседателот на ДИК Оливер Дерковски за АЛСАТ. Од МВР официјално соопштија  дека во овој момент се води истрага, но не можат да потврдат дали воопшто имало хакерски напад, кој стои зад него, дали …

Дерковски: Поради истрагата на МВР, сајтот на ДИК нема да се ажурира Read More »

Заев одморот ќе го помине дома во Струмица


-Денеска си заминав од Скопје и до Илинден ќе бидам на одмор дома во Струмица,  изјави Заев за Либертас. Тој не планира ова лето да оди во некој од туристичките центри во земјава на одмор ниту пак во странство. Претходно и СДСМ преку соопштение извести дека имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза …

Заев одморот ќе го помине дома во Струмица Read More »

„Лицемерен нарцист“: Книгата на внуката на Трамп стана бестселер


Книгата на Мери Трамп, во која го разоткрива американскиот претседател Доналд Трамп, е продадена веќе во еден милион примероци. Содржината не е многу поволна за Трамп „Не можам да дозволам да ја уништи мојата земја”, изјави Мери Трамп за својот славен чичко Доналд и своите сомнежи ги стави на хартија. Книгата носи многузначен наслов: „Too …

„Лицемерен нарцист“: Книгата на внуката на Трамп стана бестселер Read More »

Забрзано ширење на Ковид-19 во француска Бретања


Франција– Стапката на репродукција на новиот коронавирус нагло се зголеми за помалку од една недела во Бретања, Франција, регион популарен кај туристите, покажуваат владините бројки. Тоа се толкува како нов показател за јакнење на коронавирусот во Франција. Владата вчера ги забрза плановите да воведе здолжително носење маски на затворени јавни места, како резултат на зголемување …

Забрзано ширење на Ковид-19 во француска Бретања Read More »

Изведба во живо на грчка античка драма од античкиот театар „Епидаврос“  


Грција – Изведбата на старогрчката драма „Персијци“ од Есхил во античкиот театар „Епидаврос“, за првпат ќе се пренесува во живо преку интернет, наменета и за светската публика,јави дописничката на МИА од Атина. Воедно, освен што првпат една античка драма ќе се пренесува во живо, ова ќе биде и прв директен пренос од античкиот театар што …

Изведба во живо на грчка античка драма од античкиот театар „Епидаврос“   Read More »

Словенија од понеделник ќе издава решенија за задолжителен карантин


Словенија – Од понеделник, Словенија ќе издава решенија за задолжителен карантин на оние што доаѓаат од „црвените“ зони на сите гранични премини со Хрватска, потврди денеска министерот за внатрешни работи Алеш Хојс. Станува збор за словенечки државјани или странци кои живеат во Словенија кои живееле во земји на „црвената листа“, со висок ризик поради епидемијата, …

Словенија од понеделник ќе издава решенија за задолжителен карантин Read More »