Заев одморот ќе го помине дома во Струмица


Фото: Б. Грданоски

-Денеска си заминав од Скопје и до Илинден ќе бидам на одмор дома во Струмица,  изјави Заев за Либертас.

Тој не планира ова лето да оди во некој од туристичките центри во земјава на одмор ниту пак во странство.

Претходно и СДСМ преку соопштение извести дека имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза и предизборни кампањи,  СДСМ се залага во деновите до и околу Илинден граѓаните да може да здивнат од политичките активности на партиите. После Илинден, согласно законските рокови, влегуваат во процес на дефинирање на владината коалиција предводена од СДСМ.