„Лицемерен нарцист“: Книгата на внуката на Трамп стана бестселер


Книгата на Мери Трамп, во која го разоткрива американскиот претседател Доналд Трамп, е продадена веќе во еден милион примероци. Содржината не е многу поволна за Трамп

„Не можам да дозволам да ја уништи мојата земја”, изјави Мери Трамп за својот славен чичко Доналд и своите сомнежи ги стави на хартија. Книгата носи многузначен наслов: „Too Much and Never Enough: How My Family Created the World’s Most Dangerous Man”, во превод: „Премногу и никогаш доволно: како мојата фамилија го создаде најопасниот човек во светот”.

Уште при самото појавување на пазарот, по книгата посегнале речиси еден милион читатели. Во бројката на 950.000 продадени примероци се слеани и претплатите, како и дигиталните и аудиоверзии, соопшти издавачот Симон&Шустер.

Mary Trump schreibt ein Buch über Donald Trump (picture-alliance/ZUMAPRESS/P. Serling/Simon & Schuster)Психологот Мери Трамп без влакна на јазикот

Мерки Трамп го опишува својот чичко како лицемерен и бездушен нарцист. Доналд Трамп ги исполнува сите критериуми за поимот нарцист, пишува неговата внука. Уште во колеџ, му платил некому за да му ги напише тестовите за да може да се запише на Бизнис школата на Универзитетот Вортон во Пнесилванија.

Трамп користи лаги зашто неговото его е толку кршливо што мора постојано да се засилува, зашто длабоко во себе, тој знае дека не е ништо од она што го тврди, пишува Мери Трамп. Од нејзин аспект, нејзиниот чичко е на ниво на развој на тригодишно дете кое знае дека никогаш не било сакано. На 240 страници дипломираниот психолог Мери Трамп опширно ја разоткрива комплицираната фамилијарна историја на Трампови.

Неуспешен обид за забрана на книгата

Мери Трамп е ќерка на Фред Трамп, пстариот брат на претседателот, починат во 1981 година на возраст од 42 години како последица на алхохолизам. Другиот брат на претседателот, Роберт, се обиде да го запре појавувањето на книгата со правни средства, но не успеа да издејствува забрана во последна минута. Неговата жалба се темелеше на фактот што книгата крши договорна клаузула во врска со тестаментот на дедото на Мери Трамп, односно таткото на претседателот. И Доналд Трамп смета дека објавувањето на мемоарите на неговата внука е противправно. Но, судот оцени дека доверлив е само финансискиот аспект на тестаментот. (Дојче веле)