Засега без договор на самитот на ЕУ за Фондот за обнова на економијата и буџетската рамка на Унијата до 2027

Белгија– Лидерите на Европската унија  не можат да постигнат договор за Фондот за обнова на економијата и буџетската рамка на Унијата до 2027 година, јави ДПА цитирајќи претставник на Советот на ЕУ.

Самитот на 27-те во Брисел ќе продолжи денеска во 11 часот. Информацијата ја потврди на Твитер портпаролот на Европскиот совет.

– Ние сме во тежок момент на преговори, со блокада за прашањето за управување со планот за опоравување. Чекаме да видиме дали има можно решение, рече неименуван дипломат непосредно пред крајот на првиот ден од состанокот.

Премиерот на Холандија, Марк Руте, побарал земја членка да има право да го блокира распределувањето на средствата од фондот за реконструкција на земји што не ги спроведуваат потребните реформи.

Австрија го отфрла планот за обновување во сегашната форма, рече претходно канцеларот Себастијан Курц.

Првиот ден од самитот на ЕУ заврши без резултати по речиси 14 часови маратонски преговори, јави ДПА.

Лидерите на државите членки се собраа во Брисел да усвојат план вреден 750 милијарди евра за обнова на европските економии од рецесијата предизвикана од пандемијата на новиот коронавирус, како и долгорочниот буџет на Унијата за периодот 2021-2027 година во висина од 1.074 илјади милијарди евра.