Словенија од понеделник ќе издава решенија за задолжителен карантин


Фото: Б. Грданоски

Словенија – Од понеделник, Словенија ќе издава решенија за задолжителен карантин на оние што доаѓаат од „црвените“ зони на сите гранични премини со Хрватска, потврди денеска министерот за внатрешни работи Алеш Хојс.

Станува збор за словенечки државјани или странци кои живеат во Словенија кои живееле во земји на „црвената листа“, со висок ризик поради епидемијата, како што се Србија, БиХ, Северна Македонија, Косово и Црна Гора, а транзитираат низ Хрватска.

До денеска, одредбите за задолжителна карантин им беа издавани на само на четири премини.

– Одредбите за карантин ќе ги предаде граничната полиција, откако ќе бидат автоматски, во електронска форма, издадени од Министерството за здравство, а постапката ќе трае од 5 до 7 минути, рече Хојс.

Изминатите три дена Словенија има регистрирано 19 нови случаи на заразени дневно, а владиниот портпарол Јелко Кацин денеса рече дека сите нови случаи биле од веќе познати жаришта, дека инфекцијата е потврдена со тестирање додека биле во изолација.