Фактбокс: Бајден вети дека ќе ја промени имиграциската политика на Трамп


Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден вети брз и драматичен пресврт на политиката за имиграција воведена од неговиот претходник Доналд Трамп. Додека Бајден вети дека ќе укине многу од политиките на Трамп, почнувајќи од првиот ден кога тој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, реформите ќе траат многу подолго. Имиграциска реформа Бајден во јуни рече […]

Дел од патот кон Пониква во прекин, поради полициска вежба


Сообраќајот на регионалниот пат  Кочани кон Спортско рекреативниот центар Пониква на потегот од место викано „аеродром“ до паркингот кај објектот на МВР ќе биде во прекин денеска во периодот од 08:00 до 16:00 часот поради одржување на вежбовни активности од припадниците на МВР на Република Северна Македонија, информираат од СВР Штип. СВР Штип апелира до […]

Над 96 милиони лица во светот заразени од коронавирус, од нив само во САД над 24 милиони


САД – Веб страницата „Worldometers“ пренесе дека од почетокот на пандемијата со коронавирусот во светот досега се потврдени вкупно 96.009.891 случаи, а 25.330.409 од нив во моментов се водат како активни. Фатален крај од заразата досега имале вкупно 2.049.348 луѓе, а 68.630134 заздравеле. Најголем број на потврдени случаи има во САД со повеќе од 24,6 милиони, […]

Сончево и ветровито, утринските температури под нула


Сончево и студено време ќе преовладува денеска во земјава. Во северните делови ќе има мала со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието ќе засилува. Утринските температури ќе бидат ниски и под нулата. Ќе се двиати од минус 14 до минус 4, а дневните од минус 4 до 8 степени. […]

Православните верници го слават Богојавление-Водици, нема положување на светиот крст годинава


Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. Годинава за првпат, поради пандемијата со Ковид-19, ќе биде […]

Осум илјади „Фајзер“ вакцини ќе пристигнат од Србија, први за вакцинирање здравствените работници од ковид-центрите


Осум илјади „Фајзер“ вакцини ќе пристигнат од Србија. Испораката можно е да се случи уште денеска, соопшти вчера министерот за здравство Венко Филипче. Тој вчера информираше дека се во тек разговори со неговиот српски колега Златибор Лончар за техничките детали и точното време на испорака на вакцините. Разговорот за деталите на испораката меѓу двајцата министри […]

Последните денови на Трамп во Белата куќа


САД – Претседателот на САД, Доналд Трамп, и првата дама, Меланија ги поминуваат последните денови во пакување на куферите и други лични предмети, и најдоцна до среда 12:01 часот источноамериканско време, треба да ја напуштат Белата куќа.  Трамп утре заминува и од Вашингтон, но, иако ги троши последните денови како шеф на државата, јавноста го нема […]

Што ќе облече Камала Харис за инаугурацијата: Стилски водич со американски потпис


САД- На 20 јануари, Камала Харис ќе положи заклетва како прва потпретседателка на Соединетите Американски Држави, што е првпат жена од Јужна Азија да биде на оваа функција. Светот ќе гледа, забележувајќи ги сите детали, од говорот на избраниот потпретседател, до она што таа го носи. Зборовите, облеката и сето тоа телеграфски испраќа порака за […]

Инаугурациски бал: На кој дизајнер Џил Бајден ќе му го смени животот?


Гардеробата на инаугурацијата може да даде тон за претстојниот претседателски мандат   САД– Од канаринец жолтиот фустан на Лејди Берд Џонсон во 1965 година, до  тоалетата од белиот шифон на Мишел Обама во 2009 година, облеката што секоја прва американска дама ќе ја носи на инаугурацијата на нивниот сопруг е предодредена да биде глобална точка […]

Победа


ЛЕЈЛА САБИТ Мала, голема, слатка, горчлива, чесна, сомнителна, заслужена, подарена, на среќа, судбина, наместена, очекувана, неочекувана, ви измамува насмевка, ве тера на солзи, ве прави горди, срцето силно ви чука, животот одеднаш е убав. Сите сакаат победа, никој не сака пораз, сите се дружат со победници, а сите бегаат од поразени и лузери. Сите велат […]

Во Србија за вакцинација се пријавиле 324.728 лица, 40 отсто ја сакаат „Спутник V“


Србија– Во Србија досега за вакцинација се имаат пријавено 324.728 граѓани, од кои 40 отсто се изјасниле дека сакаат да ја примат руската вакцина „Спутник V“, додека вакцината на компанијата „Фајзер“ сакаат да ја примат 28 отсто, јави дописникот на МИА од Белград. – Повеќето граѓани кои аплицираа за вакцинација ја сакаат руската вакцина „Спутник […]

Потпретседателката Камала Харис денеска поднесува оставка во Сенатот 


САД– Избраниот потпретседател на САД, Камала Харис, денеска поднесува оставка од своето пратеничко место во Сенатот, два дена пред нејзината и на избраниот претседател, Џо Бајден,  инаугурација за изршување на двете врвни политички функции.  Советници на демократската сенаторка од Калифорнија потврдија дека оставката таа ја поднесува денеска, и изјавија дека гувернерот Гавин Њусам е запознат со […]

За Водици ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред


Утре, вторник (19.01.2021 год), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 55Б, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. Дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 […]

Нови 63 случаи на коронавирусот од 529 тестирања, 13 починати и 176 оздравени


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 529 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на коронавирусот. Починати се 13 лица, а 176 оздравени. Од новозаразените, од Скопје се 42, Куманово-3, Тетово-2, Прилеп-2, Гостивар-1, Штип-1, Битола-1, Велес-2, Охрид-1, Струмица-2, Кавадарци-1, Неготино-1, Виница-1, Пробиштип-2, Крушево-1. Починати се 13 лица, пет пациенти од […]

За Водици со зголемени активности на полицијата, најави Спасовски


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати апел до верските заедници и граѓаните да ги почитуваат мерките за претстојниот празник Водици. Како што рече денеска на прес-конференцијата во МВР, утре, за време на празникот полицијата ќе биде со зголемени активности. Организирани се со посебни планови за да се спречат собирања, а разговарано е и […]

По исповедта на Милена Радуловиќ: Можеби таа досега молчела заради тебе


Живееме во општество на молчење. Ги учиме децата да не им се спротивставуваат на авторитетите, премолчуваме изживувања на шефови и политичари, соседи кои си ги тепаат сопругите… И потоа ја прашуваме неа зошто молчела Милена Радуловиќ прозборе и не е сама. Уште четири колешки од актерската школа пријавија во полиција дека ги силувал или сексуално […]

Џон Леџенд и Брус Спрингстин ќе пеат на инаугурацијата на Бајден. Трамп се задоволи со кантри пејачи


САД- Пред четири години, Доналд Трамп се бореше да донесе големи музички ѕвезди за неговата инагурација како претседател. Селин Дион, Елтон Џон,„Кис“ и други уметници, наводно, го одбиле, но тој сепак се задоволи со хорот Мормон Табернакул, кантри пејачот Тоби Кит и рок-групата 3 Дорс Даун за свеченоста. Овој пат, за заклетвата на Џо Бајден, […]

Доналд Трамп започнува нов живот на Флорида. На Њујорк му олесна


САД– Кога Доналд Трамп ќе ја напушта Белата куќа на 20 јануари, извештаите покажуваат дека тој нема да се врати во родниот град Њујорк, туку ќе престојува во неговиот дом Мар-а-Лаго во јужна Флорида. Навистина, Трамп формално го смени своето живеалиште во есента 2019 година. Навидум трајното заминување на Трамп во државата која ја сакаат […]

Блажевата 2021 започнува со зимска онлајн школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик


Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), како една од релевантните институции што се дел од националната платформа за одбележување на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, ја почне новата или Блажевата 2021 со новини токму во чест на тоа одбележување. Иницијативата за националната […]

До среда ведро и студено, во четврток снег


Ведро и особено студено во утринските часови ќе биде времето до среда, проследено со слаб до умерен северен ветер, информираат од УХМР. Од среда ќе почне да дува јужен ветер, а од запад ќе се зголеми облачноста и температурите ќе бидат во пораст. Во чеврток преку денот во западите делови на планините ќе има услови […]