Во Франција убиени тројца полицајци во обид да спасат жена од семејно насилство


Франција– Возрасен маж рано утринава застрелал тројца полицајци во едно француско село, додека четвртиот го ранил, соооштија денеска француските медиуми, повикувајќи се на јавното обвинителство од Клермон-Феран, пренесе ДПА. Жандармите биле смртно застрелани кога во раните утрински часови се обиделе да спасат жена која се засолнила на покривот од семејната куќа, додава агенцијата. Убиецот (48) […]

Британски научници: Децата веројатно поподложни на новата варијанта на коронавирусот отколку на досегашната


Англија-Членовите на советничката група на британската влада НЕРВТАГ ​​тврдат дека децата најверојатно се поподложни на заразување со мутираниот коронавирус, во споредба со неговите претходни варијанти, но дека нема докази дека новата варијанта на вирусот е посмртоносна, објави Дејли меил. Епидемиологот Нил Фергусон, професор на Кралскиот колеџ во Лондон и член на НЕРВТАГ, тврди дека постои […]

Винтиџ накитот на Шанел од ревии, од приватна колекција до аукција


Франција– Редок винтиџ накит „Шанел“ дизајниран од Карл Лагерфелд ќе биде продаден за прв пат на претстојната аукција во „Кристи“. Ѓерданите, обетките, нараквиците и многу повеќе – многу амблеми од екстравагантното прифаќање на Лагерфелд во модните кодови на Шанел – и припаѓале на Сузан Гатфрунд, близок доверлив човек на Лагерфелд, која имала подарени примероци од […]

Состојба на патиштата


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла видливоста е намалена на 50 до 100 метри на патните правци Куманово-Страцин и Групчин-Тетово, и на планинските премини Плетвар и Буково. Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска […]

Изгоре „фиат пунто“ во Кавадарци, нема повредени


Изгоре патнички автомобил „фиат пунто“ синоќа во Кавадарци, нема повредени, за МИА потврдија од кавадаречката Територијална противпожарна единица. -Веднаш по дојавата за запалено возило со кавадаречки регистарски ознаки, заминавме на лице место петмина пожарникари со две возила. Возачот кој веќе бил пред сопствениот дом, навреме излегол од возилото кое имало плински уред, рекоа од Противпожарната […]

Пад на вредноста на биткоинот по веста за новиот вид на коронавирус


САД– Вредноста на дигиталната крипто валута – биткоин се намали за шест проценти по веста за брзото ширење на новиот вид на коронавирус во Велика Британија, што влијаеше и на вкупната состојба на финансиските пазари. Една монета од оваа криптовалута во моментов вреди 22.290 долари, откако минатата недела ги достигна рекордните 24.339,75 долари, пренесуваа финансиките […]

Дино Мерлин со првиот онлајн дочек на Новата година за фановите низ светот


БиХ– Регионалната поп-ѕвезда Дино Мерлин со ново новогодишно изненадување. Сараевскиот кантавор кој зад себе има неколку свети турнеи и многу спектакуларни концерти полни со емоции, вели дека сега е ново време во кое потребно е во новогодишната ноќ публиката од целиот свет да се зближи. Познато е дека Дино Мерлин е голем музичар и неговите […]

Без струја дел од Сопиште


Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците во село Сопиште, информира Центарот за управување со кризи. Во соопштението се посочува дека од ЕВН информирале оти денеска од 8:30 до 12 часот без струја ќе останат корисниците од улица 16 во село Сопиште во истоимената Општина. Исто […]

Реферирање за борбената готовност на Армијата пред врховниот командант


Во Домот на Армијата во Скопје, пред претседателот и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски денеска, како редовна годишна обврска на началникот на Генералштабот на Армијата, ќе се реализира реферирање за состојбата со борбената готовност на Армијата во тековната 2020 година. Како што најави Генералштабот на Армијата, на брифингот за борбена готовност, кој е […]

Француски суд и забрани на полицијата да користи дронови на протести


Франција – Врховниот управен суд на Франција забрани употреба на беспилотни летала од страна на полицијата за покривање на протести во Париз, со што се поддржува позицијата на групите за заштита на приватноста, пренесува Би-Би-Си. Државниот совет соопшти дека началникот на полицијата во Париз треба веднаш да запре со употребата на дронови заради следење на јавните […]

Скопје не се откажува од комуникацијата со Софија, Борисов се надева на решение следната година


Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека продолжува комуникацијата меѓу Скопје и Софија во насока на изнаоѓање решение, додека бугарскиот премиер Бојко Борисов изрази надеж дека следната година ќе се најде заедничко решение за продолжување на процесот на интеграција на земјава во Европската Унија. – Комуникацијата помеѓу нас и Република Бугарија продолжува. Сметаме дека […]

Намален бројот на новозаболени и починати од Ковид-19, следните две три недели клучни


Намален е бројот на новодијагностицирани и починати, како и на процентот на позитивни од тестирани за Ковид-19 во периодот од 14 до 20 месецов споредено со претходната недела, покажуваат податоците од вчера објавениот неделен извештај на Институтот за јавно здравје. Тоа, посочуваат оттаму, е тренд во изминатите три недели. Во тој период се пријавени 159 […]

Бајден: Најцрните денови во борбата против коронавирусот се пред нас 


САД – Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден во божиќната порака до сонародниците синоќа истакна дека борбата против пандемијата продолжува и ја обвини актуелната администрација што дозволила да се случат големи кибер напади врз САД. Запирање на пандемијата на коронавирусот и обновата на американската економија е една најважните работи со кои новата администрација на Бајден ќе се […]

Сончево со умерена облачност


Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност. По котлините значително облачно или со појава на магла, особено претпладне. Во јужните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец. Утринската температура ќе се движи од минус нула до 4, а дневната од 7 до 15 степени. Во Скопје, претпладне со […]

Известувач на ОН бара од Трамп да го помилува Џулијан Асанж


САД– Известувачот на ОН за тортура, Нилс Мелцер денеска испрати отворено писмо до американскиот претседател Доналд Трамп и го замоли да го помилува основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, бидејќи тој не е „непријател на американскиот народ“. – Ве молам ослободете го Асанж, бидејќи тој не е и никогаш не бил непријател на американскиот народ. Неговата […]

Вашингтон пост отвара нови редакции и дописништва во Европа и во Азија 


САД- Весникот Вашингтон пост се подготвува за глобална експанзија во 2021 година. Весникот идната година има намера да отвори неколку редакции, вклучително во Лондон и во Сеул, за да обезбеди 24 часовни извештаи од настани насекаде низ светот.   Покрај тоа, медиумскиот гигант ќе отвари свои дописнички бироа во Сиднеј и Богота, со што вкупниот […]

Почина францускиот актер Клод Брасер


Франција – Францускиот актер Клод Брасер почина на 84-годишна возраст. Синот на Пјер Брасер и романсиерката Одет Жоаје, имаше добиено два Цезари за комедијата „Слонот мами премногу“ во 1977 година и за„ Војната на полициите “ во 1980 година, јави дописникот на МИА. Клод Брасер можеше да ги игра со истата леснотија наличниот слуга Сганареле […]

Нови 758 случаи на заразени со коронавирусот, починати 26, оздравени 944 лица


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 758 нови случаи на заразени со коронавирусот од направени 2562 тестирања, а починале 26 лица, од кои најмладиот 42-годишник од Скопје. Институтот за јавно здравје регистрира 944 оздравени пациенти. Од новорегистрираните 758 од Скопје се 324, Куманово-43, Штип-22, Прилеп-46, Тетово-21, Струга-27, Велес-26, Битола-23, Охрид-28, […]

ФИФА поднесе нова тужба против Блатер


Швајцарија– Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) поднесе до кантоналното Обвинителство во Цирих кривична пријава против својот поранешен претседател Сеп Блатер поради „криминални активности“ поврзани со музејот на ФИФА. ФИФА денеска соопшти оти се сомнева во „криминално и лошо управување од страна на поранешниот менаџмент на ФИФА и компанијата избрана да работи на музејот“ лоциран во реновирана и изнајмена […]

Турција откри големо наоѓалиште на злато


Турција– Турција откри големо наоѓалиште на злато со околу 3,5 милиони унци (99 тони) на благородниот метал, проценет на околу шест милијарди долари, објави денеска државната новинска агенција Анадолија. Откритието во близина на западниот град Согут го објави Фахретин Појраз, кој е на чело на Земјоделските кредитни задруги на Турција и фирмата за производство на […]