Токио ќе ги организира најскапите летни ОИ во историјата


Јапонија– Рекордни 13 милијарди евра (1.644 милијарди јени) ќе чини организацијата на летните Олимписки игри (ОИ) 2020 во Токио, што беа одложени за една година поради пандемијата на новиот коронавирус. Организаторите денеска во детали го образложија финансискиот план за организацијата на Олимпијадата, потенцирајќи дека новиот буџет е за 2.3 милијарди евра поголем од првично проектираниот. Според планираните трошоци, […]

Оставката на Бојан Лазаревски е поднесена пред да биде назначен за в.д. директор на Агенција за филм


По денешната реакција на Државната комисија за спречување на корупцијата, Владата соопшти дека на вчерашната седница ја констатирала оставката на Бојан Лазаревски од функцијата член на Управниот одбор на Агенцијата за филм. Оставката на Лазаревски, се наведува во соопштението од владината прес-служба, е поднесена неколку дена пред тој да биде назначен за в.д. директор на […]

Села хоспитализиран поради болка во градите


Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села поради болки во градите од синоќа е хоспитализиран на Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје. Портпаролот на партијата, Флакрон Беџети, информира дека здравствената состојба на Села е стабилна. Тој прво бил примен во охридската болница, но потоа бил префрлен на скопските клиники.

Наумче Мојсоски позитивен на Ковид-19


Наумче Мојсоски, првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, објави дека е позитивен на вирусот Ковид-19. Поранешниот ракометен репрезентативец, се на наоѓа во изолација, немал никакви симптоми и се чувствувал добро. „Драги пријатели, „Поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се тестирам и добив позитивен тест на […]

Поштенска марка за 25 години дипломатски односи со САД (фото)


Специјално издание на поштенска марка по повод 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и САД беше промовирано денеска во Министерството за надворешни работи. Министерот за надворешни работи Бујар Османи на промоцијата потенцираше дека дипломатските односи со САД отсекогаш биле пријателски и засновани врз заеднички вредности и стратешко партнерство. -Република Северна […]

Се вакцинираше Бајден, а што е со Трамп?


Идниот американски претседател Џо Бајден прими вакцина против коронавирусот пред телевизиските камери во неговата матична сојузна држава Делавер. Тој ги повика своите сонародници да го сторат истото Џо Бајден го засука левиот ракав и и рече на медицинската сестра која го држеше шприцот: „Подготвен сум“. По боцнувањето, политичарот апелираше до сите Американци да се вакцинираат […]

„Трансфигурации“ – изложба на Ана Трајковска


Изложбата „Трансфигурации“ на Ана Трајковска вечер, во19 часот, ќе биде отворена во Младинскиот културен центар (МКЦ), Галерија 2. -Монументалниот експериментален графички проект „Трансфигурации“ на младата графичарка Ана Трајковска, изграден е само врз основа на едно клише, на една мала матрица, од која ни се рефлектираат различни полизначни и полидимензионални референци, соопшти МКЦ. Aна Трајковска е […]

Странските фудбалери во Англија- колетерална штета на Брегзит


Англискиот фудбал и неговата доминација на меѓународната сцена може да станат колатерална штета на имиграциската политика што Велика Британија има намера да ја спроведува по брегзит, а која вклучува ограничување на бројот на странски играчи во фудбалските клубови. Според новите правила, клубовите во англиската Премиер лига од јануари 2021 година нема да можат да потпишат […]

Шарлот Казираги е најновата амбасадорка на Шанел


Франција– Шарлот Казираги, која е блиска со Шанел уште од тинејџерските години, ќе дебитира како нов амбасадор и портпарол на француската куќа на 1 јануари во пролетната модна кампања фотографирана од Инез ван Ламсвеерде и Винуд Матадин во нејзиниот роден град Монако. Ќерката на Каролин, принцезата од Хановер и Стефано Казираги, италијански индустријалец, Шарлот Казираги […]

Филипче во Софија ќе разговара да добиеме дел од првите вакцини што ќе пристигнат во Бугарија


Министерот за здравство Венко Филипче, на покана на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и министерот за здравство Костадин Ангелов, денеска ќе присуствува на седница на Владата на Република Бугарија.   На седницата во Софија се очекува да се разговара за тоа земјава да добие дел од првата пратка вакцини што ќе стигнат во Бугарија.   […]

Изложба „Мал формат“ 2020 на ДЛУМ


Во Културно информативниот центар – КИЦ денеска ќе биде поставена изложбата „Мал формат“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Изложбата е под покровителство на Град Скопје и Министерство за култура и ќе трае 10 дена. Од ДЛУМ посочуваат дека малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. – Магијата […]

Кина успешно ја лансираше новата ракета „„Long March 8“


Кина– Кина денеска за првпат во вселената успешно лансира своја нова ракета – „Long March 8“, чии делови, како што се бустерите, ќе можат повторно да се користат и во иднина, јави ДПА. Над 50 метри високата модуларна ракета се крена во вселената од вселенскиот центар Венчанг, на јужниот кинески остров Хаинан, носејќи неколку помали сателити, […]

Навални откри дека руски агент во август го затрул со „новичок“ преку долната облека


Германија – Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални тврди дека руски агент во август годинава го затрул со нервниот агенс „новичок“ преку неговата долна облека. Откривањето на агентот, кој и припаѓал на елитната екипа за отрови во руската Служба за безбедност (ФСБ), се случило во телефонски разговор, откако Си-Ен-Ен и истражувачката платформа „Белингат“ ја открија оваа тајна […]

Директорот на БиоНТек убеден дека вакцината ќе биде ефикасна и против новата варијанта на коронавирусот


Германија – Директорот на германската фирма БиоНТек, Угур Сахин, изрази убедување дека вакцината што фармацевтската компанија ја разви со американски Фајзер ќе биде ефикасна и против новата варијанта на коронавирусот што се појави во Велика Британија. Сахин рече дека БиоНТек ќе ја испита мутацијата на вирусот во наредните денови, но дека „трезвено ја набљудува ситуацијата“. Земјите […]

Нов концепт за основно образование, МОН уверува дека не се бришат содржините од наставните предмети


Новиот концепт за основно образование што го најави Министерството за образование и наука, а со кој се планира спојување на предметите историја со географија и граѓанско општество, и биологија со физика и хемија изминатите денови предизвика реакции во јавноста. За таа цел, вчера Министерството за образование и наука (МОН) преку презентација ги појасни дел од […]

Технолошките гиганти му се придружија на Фејсбук против израелската хакерска компанија НСО


САД– Технолошките гиганти „Мајкрософт“, „Алфабет“, „Циско“ и „Вмвер“ вчера се приклучија во правната битка на Фејсбук против хакерската компанија НСО, со поднесок до федералниот суд во кој предупредуваат дека израелската компанија користи моќни и опасни алатки. Во поднесокот се наведува дека растот на „силен, неконтролиран, комерцијален пазар за алатки за надзор на интернет драматично ќе […]

Нема бај-пас до ЕУ, реформите продолжуваат, ќе се бара решение со Бугарија


Не ни требаат бај-пас решенија за членството во ЕУ кое е наша единствена алтернатива. Иако Унијата испрати лош сигнал, земјава останува посветена на реформите. Подготвени сме за почеток на преговорите и нема сомневање дека секое нивно одложување би било грешка, уште еднаш потврди македонскиот државен врв. Премиерот Зоран Заев вчера ја претстави Инцијативата „Акција 21“ […]

Се работи на побрза набавка на вакцини


Поради појавата на нова мутација на коронавирусот во Велика Британија, од денеска се забранети сите летови од и кон оваа држава. Мерката за оваа забрана ќе трае до крајот на годинава. Кај нас надлежните уверуваат дека вирусот е под контрола, а во однос на вакцината, се е подготвено навреме за нејзина набавка. Превентивната мерка за […]

Умерено облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност


Времето во земјава ќе биде умерено облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. По одделни котлини маглата ќе се задржи во поголем дел од денот. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 7, а дневната од 6 до 13 степени. Во Скопје, […]

Скопје украсен со “Прозорците што се смеат“ (фото)


Скопје овој месец е украсен со „Прозорците што се смеат“  како дел од изложбата изработена од лица со интелектуална попреченост од Дневниот центар „Порака“ и Центарот за изведувачки уметности и едукација „Театар Пи“ од Скопје. На 18 декември, организаторите  онлајн го прикажаа истоимениот документарен филм. На плоштадот пред Дом Ибни Пајко, поставените инсталации предизвикуваат внимание […]