Леди Гага ќе ја пее националната химна на инаугурацијата на Бајден


САД– Поп-ѕвездата Леди Гага ќе ја ја испее химната на САД на церемонијата на заклетва Џо Бајден и Камала Харис. 34-годишната Гага ќе ја изведе The Star-Spangled Banner  на инаугурацијата на 20 јануари, додека Бајден ќе го наследи Доналд Трамп како претседател и Харис ќе ја презеде функцијата заменик претседател. „Варајети“ известува дека во составот на церемонијата треба да се вклучи и Џенифер Лопез. Меѓу другите познати поддржувачи од поп-музиката на Бајден се и Џон Леџенд, Бијонсе и Аријана Гранде.

Пред Денот на инаугурацијата на 20 јануари, избраните претседател и потпретседател објавија плејлиста со 46 песни во чест на нивната претстојна администрација. Колекцијата опфаќа широк спектар на песни, вклучително и модерни химни како „”Find Your Way Back” на Бијонсе “Levitating” на Дуа Липа, како и класични мелодии како “What a Fool Believes”  на Дуби Брадерс и „Fool in the Rain” на Лед Цепелин.

Плејлистата е достапна сега на SoundCloud, Spotify и Apple Music. Според вчерашниот твит од Комитетот за инаугурацијата на Бајден, списокот со песни го направи диџејот Д-Ница и музичката компанија на Иса Рае, Раедио.