Обука за медиуми и медиумски работници за теми поврзани со Дигиталната агенда за Западен Балкан


Фондација за интернет и општество Метаморфозис денеска ќе организира еднодневна обука (вебинар) за медиуми, медиумски работници и независни новинари (фриленсери) за запознавање со теми поврзани со Дигиталната агенда за Западен Балкан.

– Дигиталната агенда е иницијатива развиена од Европската Унија, која исто така е проширена и усвоена за шест држави од Западен Балкан. Таа има за цел да обезбеди граѓаните во регионот целосно да ги искористат придобивките од дигиталната трансформација. Посветеноста кон Дигиталната агенда ќе обезбеди граѓаните да имаат вештини за да одговараат на барањата на новата економија и ќе помогне да се модернизираат јавните администрации, да се зајакне компјутерската безбедност, да се зголеми поврзаноста, како и да се подобри деловната клима, велат од Метаморфозис.

Обуката е дел од проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА” кој е ко-финансиран од Европската Унија и се спроведува во шест држави (Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и Естонија). 

Главната цел на обуката, што ќе се одржи преку ЗУМ платформата, е запознавање на медиумите, медиумските работници и независните новинари (фриленсери) со ИЦЕДА и теми поврзани со Дигиталната агенда за Западен Балкан, како и олеснување на вмрежувањето и соработката при постигнување на целите кои произлегуваат од истата, преку проектот ИЦЕДА.