Претседателот и вториот господин во Ралф Лорен: Симболика посилна од елеганција


САД– Кога претседателот Џо Бајден положи заклетва за 46-от претседател на Соединетите држави, тој носеше капут, вратоврска, палто и маска на американскиот дизајнер Ралф Лорен. На ист начин како виолетовите облеки што ги носеа потпретседателката Камала Харис, поранешната државна секретарка Хилари Родам Клинтон и поранешната прва дама Мишел Обама како повик за единство, и костумот […]

Нередот што го остави Трамп зад себе е на насловницата на „Тајм“


САД- Америка отвора ново поглавје со Џо Бајден. Весниците и магазини се фокусираат на смената во Белата куќа, напуштањето на функцијата на Доналд Трамп кој не беше баш омилен кај американските медиуми и пристигнувањето на Џо Бајден на неговото место. Најмногу внимание предизвика насловницата на влијателниот „Тајм“. Илустрацијата на Овалната соба, според „Тајм“ го отсликува […]

Охрид не е на црната листа, ќе биде под засилен мониторинг на УНЕСКО


Лејла Сабит Охрид може да биде ставен на листата на светско наследство во опасност, односно едно скалило подолу од сегашниот негов статус. Тоа не значи исклучување од листата на светско наследство на УНЕСКО, туку засилен мониторинг односно соработка и поддршка од УНЕСКО во насока на спроведување на Конвенцијата, поголема посветеност и ангажман, од страна на […]

Енигма: Од каков вирус почина легендарната актерка Мира Фурлан?


Хрватска- Актерската легенда Мира Фурлан завчера почина во Лос Анџелес на 66 години. Според некои медиуми, починала од западнонилска треска што ја пренесува заразен комарец.  Линк до целиот текст на Глориа.хр тука

Гир : Нема план Б, целта е пристапување на Северна Македонија во ЕУ


Нема план Б, целта е пристапување на Северна Македонија во Европската Унија. Оптимист сум. Сега следува усогласување на Преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција, што всушност ќе го отпочне самиот процес на преговори, изјави амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир во интервју за МИА. – Овие разговори продолжуваат во Брисел и […]

МВР ќе прими најмногу административци кои немаа работни места


Заокружен е трансферот на административните службеници вработени преку програмата К-5 во Министерството за политички систем, така што 1.349-те службеници, претежно економисти и правници, но и кадар со средно образование, се распределуваат во 237 институции, органи на државната и локалната самоуправа и други државни органи. Првиот вицепремиер и министер за политички систем во Владата Артан Груби […]

Османи со државниот врв на Црна Гора: Блиските и партнерски односи да поттикнат и плодна економска соработка


Во рамки на официјалната посета на Подгорица и состанокот со својот црногорски колега, Ѓорѓе Радуловиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средби со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, првуит човек на црногорскиот Парламент, Алекса Бечиќ, премиерот Здравко Кривокапиќ, и со заменик-претседателот на Владата, Дритан Абазовиќ. Како што информира МНР, на средбите беа нагласени […]

Од коронавирус почина актерот Љупчо Тодоровски – Упа


Актерот Љупчо Тодоровски-Упа почина денес на 65 години по компликации од ковид-19, потврдуваат негови колеги за САКАМДАКАЖАМ.МК. Тодоровски-Упа беше актер и кастинг директор, еден од основачите на аматерскиот театар „Чекори“. Во 1983 дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во класата на професорот Љубиша Георгиевски. За време на студиите играл во претстави во Драмскиот […]

Каков имот поседуваат македонските политичари-јавноста сега може да ѕирне 


Каков имот поседуваат и колкави плати земаат Заев, Спасовски, Шекеринска, Филипче… Заев има највисока плата – 87. 813, а Шаќири најниска – 65. 292 денари Колку се богати политичарите во Северна Македонија? Јавноста има шанса да ѕирне во листите за имотите коишто ги поседуваат првите луѓе во Владата, како и во платите коишто ги добививаат […]

Архитектот Ѓоко Радовановиќ добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“


Архитектот Ѓоко Радовановиќ е добитник на наградата за животно дело во областа на архитектурата и градителството „Андреја Дамјанов“ за 2020 година, врз основа на одлуката на Управниот Одбор на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) донесена на 14 јануари 2021 година. ААМ ја додели оваа награда откако сите членови на Комисијата поединечно изразиле поддршка за […]

Старова и Урошевиќ отпаднаа: Романот на Владимир Јанковски во трката за „Балканика“


На конкурсот за избор на национален претставник за меѓународната награда „Балканика 2020“, годинава до организаторот, издавачката куќа „Магор“, пристигнаа осум книги: Луан Старова  – „Генералот и пеперутката“, Дијана Петрова – „Не правете им сенка на гробовите“, Жарко Кујунџиски  – „Сфинга на гневот“, Владимир Јанковски  – „Скриени желби, немирни патувања“, Србо Ивановски  – „Изодениот пат“, Филип […]

Откажан годинешниот Карневал во Рио


Бразил – Градоначалникот на Рио де Жанеиро објави дека оваа година неговиот град нема да го организира светски познатиот Карневал, поради пандемијата на Ковид-19. „Никогаш не сум ја криел својата страст кон карневалот и го знам стопанското значење на овој културен настан за нашиот град. Сепак, се чини, неразумно е да се замисли во ова време, […]

Јапонските власти ги демантираа информациите за откажување на Олимписките игри во Токио


Јапонија– Заменик генералниот секретар на владата на Јапонија Манабу Сакаи ги демантираше информациите за откажување на Летните олимписки игри во Токио поради пандемијата на коронавирус. Информациите за откажувањето се појавија претходно во британското издание на „Тајмс“. – Сакаме целосно да ги демантираме овие информации. Секако, мора да ја земеме предвид ситуацијата во странство и во одреден […]

Аларм од Ед Ширан до Елтон Џон: Брегзит им ги комплицира турнеите на британските ѕвезди


Англија – Повеќе од 100 британски музичари, од Ед Ширан, Стинг и Роџер Вотерс од Пинк Флојд и до ѕвезди на класичната музика како диригентот Симон Ратл, изјавија дека турнеите на британските уметници низ Европа се во опасност поради Брегзит. Во писмото до весникот „Тајмс“ објавено завчера, музичарите велат дека владата „срамно“ го прекршила ветувањето […]

Во САД падна џекпот од 731,1 милион долари


САД– Џекпот на лотаријата „Пауербол“ од 731,1 милион долари падна, по продаден билет во Лонаконинг, Мериленд, САД. Продавницата во округот Алегени, ќе добие бонус од 100.000 долари за продажба на лозот за петтата најголема добивка на лотарија во историјата на Америка. Среќниот добитник на џекпотот претпочита да остане неименуван – Мериленд е една од државите што […]

Премиерата на новиот филм за „Џејмс Бонд“ одложена за 8 октомври


САД – Прикажувањето на новиот „Џејмс Бонд“ филм – „Нема време за умирање“ (No Time to Die), e повторно одложенo – овојпат за 8 октомври, oвaa 2021 година. Последната инкарнација на Даниел Крејг како „агентот 007“ првично требаше да се појави во кината во октомври 2019 година, но беше одложена неколкупати – прво поради промена на режисерот, а […]

Готово е: Скршени се следбениците на QAnon по инаугурацијата на Џо Бајден


Инаугурацијата на Џо Бајден не го означува само историскиот почеток на новото претседателство, туку за безброј Американци е и поразителен крај на долгогодишната лага. За верниците на QAnon (крајно десничарска теорија на заговор), која го смета Доналд Трамп за личност слична на бог, тајно што се бори против „длабоката држава“, со педофили кои ја контролираат […]

Земјотрес од 4,5 степени во близина на грчкиот остров Крит


Грција – Во морскиот дел меѓу грчките острово Крит и Касос, утрово беше регистриран земјотрес со јачина од 4.5 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на грчката Национална опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Епицентарот бил 48 километри северозападно од Касос, а засега, нема информации за повредени или материјална штета

Снежна покривка од 31 сантиметар на Попова Шапка


Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнесува 31 сантиметар во Попова Шапка, 10 во Битола, два во Маврови Анови и еден сантиметар во Лазарополе. Од Управата за Хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови облачно со повремени врнежи од дожд, само на највисоките планини […]

Адвокати во Њујорк побараа одземање на адвокатската лиценца на Руди Џулијани


САД –  Група истакнати адвокати побараа од властите во Њујорк да му ја одземат лиценцата на Руди Џулијани за вршење на адвокатска работа, поради изнесените лаги за време на судските процеси поднесени од поранешниот американски претседател Доналд Трамп по претседателските избори во ноември. „Адвокатите за одбрана на американската демократија“, исто така, повикаа на истрага за Џулијани, […]