Продолжува трендот на намалување на бројот на новодијагностицирани и починати и процентот на позитивни од тестирани


Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 21 до 27 месецов тестирани се вкупно 13.123 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,9 посто во однос на минатата недела. Како што соопшти Министерството за здравство, регистрирани сe 3.372 нови […]

МВР објави оглас за вработување на 600 полицајци


Министерството за внатрешни работи денеска објави јавен оглас за прием на 600 извршители за работното место полицаец, согласно своите организациски потреби, како и согласно со одредбите од законите за внатрешни рабои и за полиција, и подзаконските акти. За работната позиција полицаец се бараат 100 извршители во Сектор за внатрешни работи Скопје, по 50 во секторите […]

Ако сакате да патувате догодина можеби ќе ви треба имунизациски пасош


Сега кога вакцините против Ковид-19 почнуваат да се шират, многу луѓе можеби сонуваат за еден ден кога ќе можат да патуваат, да купуваат и да одат повторно на кино. Но, за да ги извршите овие активности, на крајот можеби ќе ви треба нешто како додаток на вакцината: мобилна апликација која делува како „пасош за имунизација“. […]

Кина ќе изгради повеќе од 600.000 базни станици за 5Г


Кина-Кина ќе изгради повеќе од 600.000 базни станици во 2021 година, соопшти кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија. – Кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија ќе ја подобри изградбата, покриеноста и спроведувањето на мрежата 5Г низ Кина во текот на 2021 година, изјави Ксијао Јакинг на прес-конференција. Тој доаде дека Министерството ќе работи […]

Светот во 2020: Коронавирус – пандемијата што го фрли светот на колена


По речиси една година од првиот случај на новиот коронавирус, преку 78 милиони заразени и еден милион и 720 илјади починати, светот се обидува да се подисправи и да застане на нозе. „Новото нормално“ – маски, дистанца, карантини, локдауни…е новото секојдневие, новиот стил на живеење, кој го наметна вирусот Ковид-19. Од Кина до Антарктикот, од […]

2020


ЛЕЈЛА САБИТ Пополека изминува како дама од добро семејство, која добро се омажила, здрави деца родила, дочекала пензија и не очекувала дека ќе се плаши или разболе од Ковид. Не делат денови од нова година, ама како лузна ги чувствуваме сите мигови, месеци, убави и лоши моменти, длабоки и избледени чувства, депресија и еуфорија, радост […]

Што го натера Трамп (сепак) да стави потпис на помошта во пандемија


Американскиот претседател со потпис го стави во сила натпартиски договорениот конјунктурен пакет од 900 милијарди долари за помош во услови на пандемија на коронавирус   Со месеци Демократите и Републиканците спореа околу натамошен конјунктурен пакет во актуелната корона-криза, за потоа претседателот Доналд Трамп да им ги помати сметките и да одбие ставање свој потпис на […]

Хакерските напади годинава ја чинеле Русија скоро 50 милијарди долари


Русија – Кибернападите оваа година ги чинеа руските компании и граѓани до 3.600 милијарди рубљи (49 милијарди долари), соопшти најголемата кредитна банка на Русија, Сбербанк. Во обид да се избори со сивата економија, Русија ги охрабри граѓаните да преминат на банкарски картички и да ја ограничат употребата на готовина, но бројот на прекршоци поврзани со банкарски картички се зголеми за четири пати, […]

ЦЕД Флорозон: Ковид-отпадот ризик по здравјето на граѓаните и животната средина


Потребно е систематско решавање на проблемот со одлагање на потенцијално-контаминираниот ковид-отпад од употребените заштитни маски и ракавици. Причината е поради начините на кои коронавирусот може да се пренесува. Научниците и лекарите во оваа смисла се согласни: фрлениот ковид-отпад претставува ризик за јавното здравје и за животната средина. Станува збор за отпад кој голем број меѓународни […]

Заев: Недозволиво е употреба на дрога кај советник во кабинет на највисоко ниво  


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е информиран за разрешувањето на советникот Шпат Касапи од кабинетот на вицепремиерот Артан Груби, оценувајќи дека не може лице на такво високо ниво да биде поврзано со недозволени активности. Тој смета дека брзо е реагирано со оглед дека вицепремиерот вчера разбрал од медиумите. – На работен состанок, првиот заменик […]

Во Србија без организиран дочек на Новата година, рестораните ќе работат до 18 часот


Србија – Кризниот штаб одлучи на 31 декември и 1 јануари рестораните и кафулињата во Србија да бидат отворени до 18 часот, а прехранбените објекти до 20 часот, јави допсиникто на МИА од Белград. Нема да има организиран дочек на новогодишна ноќ, ниту репризи на истатата. По седницата на Кризниот штаб, никој од службените лица не […]

Аделина Тахири со новогодишна честитка до фановите: На снег е најубаво!


Атрактивната пејачка Аделина Тахири сака за Нова година да биде во Скопје, да врне снег, да добива скапи подароци, да носи црвено против уроци и во бунда да не и е студено. Во таков амбиент објави фотографија од „скопскиот плоштад“ во новогодишно издание како честитка до фановите на Инстаграм.   Аделина, внука на експратеничката и […]

Можни инвеститори за Попова Шапка од Катар, Швајцарија, Италија, Германија и Австрија


За ски-центарот Попова Шапка во игра се потенцијални инвеститори од Катар, Швајцарија, Италија, Германија и Австрија, истакна дека во Тетово, премиерот Зоран Заев, при отворањето на новите простории на Државниот пазарен инспекторат. Во овие преговори вклучена е и намерата и идеја, Попова Шапка заедно со ски-центарот Брезовица од Косово да бидат заедничка понуда до инвеститорите […]

„Макпетрол: Никој ништо не ни подарува, направена е проценка на „ГА-МА“


Компанијата „Макпетрол“ денеска излезе со соопштение во врска со информациите искажани во рамки на 20. собраниска седница на која се расправа за решавање на спорот меѓу Владата и „Макпетрол“, односно за продажбата на АД „ГА-МА“ во која државата и Макпетрол имаат по 50 проценти удел. Во соопштението се наведува дека компанијата нема намера да коментира […]

Во Германија, по грешка, на негователи им била дадена петкратна доза од вакцината


Германија– Во германскиот град Штралсунд се случи грешка на почетокот на имунизацијата против коронавирус, при што осуммина негуватели беа вакцинирани со петкратна доза од вакцината. Половина од погодените, според германскиот дневен весник „Билд“, меѓу кои седум жени и еден маж, имале симптоми на грип по вакцинирањето. Според властите во округот Форпомерн-Риген, четири вакцинирани лица поднеле […]

Во Шведска нов закон за борба против пандемијата


Шведска– Шведската Влада денеска претстави закон со кој се даваат нови привремени овластувања за борбата против пандемијата на коронавирус, а планот е неговата примена да почне во јануари. Владата, која досега во голема мера се потпираше на препораки, објасни дека новиот закон ќе и овозможи да донесе ограничувачки мерки и да воведе санкции во случај […]

Човештвото пред закана од нови вируси, тврди лекарот кој ја откри еболата


Конго– Човештвото се соочува со голем број нови и потенцијално фатални вируси кои потекнуваат од африкански тропски шуми, тврди професорот Жан-Жак Муембе Тамфум, кој во 1976 година беше во тимот на лекари кои го открија вирусот ебола. Муембе вели дека ќе се појават нови патогени микроорганизми и дека тоа е закана за човештвото. Како млад […]

Песков: Путин ќе ја прими вакцината кога лично ќе одлучи да го стори тоа


Русија– Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја прими вакцината кога лично ќе одлучи да го стори тоа, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. На новинарско прашање дали претседателот на Русија ќе се вакцинира јавно, Песков одговори дека претседателот ќе одлучи за тоа лично, пренесува агенцијата ТАСС. Песков истакна дека рускиот претседател нема да се вакцинира […]

Том Хенкс: Киното ќе преживее, но ќе има големи промени


САД – Холивудската ѕвезда Том Хенкс смета дека и покрај корона-пандемијата, киносветот ќе преживее и ќе ги надмине сите сегашни препреки. – Дали киносалите ќе постојат и натаму? Апсолутно, да!, изјави Хенкс за „Колајдер“. – На некој начин, откако тие ќе бидат отворени и во функција, ќе имаат слободен избор за тоа какви филмови сакаат да […]

Хари и Меган Маркл, наводно, сакаат продолжување на преодниот рок за напушањето на кралските должности


Англија – Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, како што пренесува британски „Сан“, имаат намера од врвот на кралското семејство да побараат продолжување на преодниот рок за напушањето на кралските должности. Преодниот рок истекува на 31 март 2021 година. Неименуван извор за таблоидот навестил повеќе „пријателски видеоповици“ од двојката кон повозрасни членови на кралското семејство. […]