Јапонските власти ги демантираа информациите за откажување на Олимписките игри во Токио


Јапонија– Заменик генералниот секретар на владата на Јапонија Манабу Сакаи ги демантираше информациите за откажување на Летните олимписки игри во Токио поради пандемијата на коронавирус.

Информациите за откажувањето се појавија претходно во британското издание на „Тајмс“.

– Сакаме целосно да ги демантираме овие информации. Секако, мора да ја земеме предвид ситуацијата во странство и во одреден момент ќе се донесе одлука дали да се одржат Олимписките игри или не, но дотогаш владата ќе стори сé што е потребно за да се подготви за игрите, рече Сакаи.

Предвидено е Олимписките игри во Токио 2020 да се одржат од 23 јули до 8 август оваа година.